Среда, 06 Ноември 2024   
ЛИЛИ ПЉАКАС – ДОНАТОРКА, ХУМАНИСТКА И БЛАГОРОДНА МАКЕДОНКА ВО КАНАДА (27)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Често се вели дека жената е десната рака на мажот. Тоа се потврдува во брачниот живот на Лили и Стив Пљакас, во нивното заедничко живеење во период од цели пет и пол децении во кои споделиле и радост и тага и успеси и падови и убави мигови, патувања, дружења, отвориле нови патишта на живеењето и опстојувањето, од кој носат прекрасни спомени за еден хармоничен и среќен македонски брак.

Лили Пљакас беше благородна Македонка која со сето свое битие, со душа и срце беше посветена на своето семејство, на Стив, на ќерките Маргарет и Џини, на зетовците Џорџ и Алек, но најмногу на внучињата Анџела, Кристофер, Стивен и Стефан, кои и’ беа светлата точка, радоста и убавината во нејзиниот живот. Во исто време таа беше Канаѓанка од македонско потекло која беше активно вклучена во македонската и канадската заедница во Торонто и во Њу Маркет.

Лили Пљакас беше позната и призната Македонка која потекнува од македонско патриотско семејство. Таа беше една од најактивните во македонската заедница во Торонто, особено во црквата „Свети Климент Охридски”. Била на повеќе фунции во црковната женска секција. Затоа, со право се вели дека во периодот кога била и претседател на Женската секција во црквата „Свети Климент”, биле преземени бројни активности кои го збогатиле црковно-националниот живот во македонската заедница. Особено внимание посветуваше на зачувувањето на македонскиот идентитет, обичаите, песната и орото и многу други вредности донесени од родната Македонија.

Несомнено дека кога се пишува за историскиот развој на жената во македонската заедница во Торонто, тогаш името и делото на Лили Пљакас беше тесно поврзано со активностите и работата на национален и духовен план. Таа беше христијанка, и припаѓаше на Македонската православна црква и со нејзината работливост, честитост, трудољубивост, хуманост и донаторски однос, остави длабоки траги кај младите генерации и претставува патоказ за ширење на македонскиот дух и љубов меѓу Македонците од сите делови на Македонија.

Лили Пљакас е Канаѓанка од македонско потекло. Таа е родена на 10 октомври 1947 година во познатото македонско село Желево, Леринско. Во документите е запишана како Лефа од нејзините родители Мијајле и Петра, кои го извршиле чинот на крштавање на Лефа во селската православна црква. Нивната ќеркичка дошла на свет во немирните години на втората половина на четириесеттите години од минатиот век, кога во Егејска Македонија се чувствувале последиците од Ѓраѓанската војна во Грција, кога почнал крајот на почетокот на истребувањето на Македонците од своите дедовски корени. Тоа е време кога, на само двегодишна возраст Лефа со своите најблиски, засекогаш го напуштила своето Желево и понела несреќни моменти од егејскиот дел на Македонија.

По успешното завршување на основното образование, Лили се запишала во Гимназија каде поминала две успешни години. Меѓутоа, семејните финансиски услови наложиле да го прекине образованието и на 16-годишна возраст да почне да работи, односно да почне со печалење на пари во семејниот буџет за едно поинакво утре.

Првото вработување и’ било во ТТС (Торонто транспорт компанија) и работела во канцеларија како службеничка. Таму учела дактилографија и стенографија, со што подоцна и се отвориле вратите за подобра позиција, кога и станала  секретарка во фирмата. Тоа и помогнало на Лили успешно да се вклопи во приватниот бизнис и да постигне значајни резултати.

Во воениот период, Лили наместо ра расте во безгрижни детски дни, таа го напушта дедовскиот праг во Желево. Заедно со баба и’ Трендафилка и мајка и’ Петра, за да се спасат од воените немири заминуваат во селото Породин, Битолско во 1949 година. Таму остануваат една и пол година и, пак, се враќаат во Желево. За жал, само по кусо време, во август 1949 година била принудена повторно да го напушти родното Желево и со себе да понесе само торбичка со искинати детски алишта и едно суво цвеќе од бабиниот двор како драг спомен во кревката детска душа. Во реката протерани бегалци од егејскиот дел на Македонија, патот ги однел преку Преспа во Албанија, а оттаму во Полска. Во новата татковина Полска биле сместени во домот за бегалци од Грција во градот Згожелец. Во ова место на фамилијата на Лефа почнало новото адаптирање и снаоѓање во животот во новата средина. Таму била поставена основата за иднината на новиот живот. Во Згожелец Лефа го научила полскиот и грчкиот јазик. Се чини мудроста, добрината, снаодливоста во животот и природната дарба на нејзината баба Трендафилка, помогнале во голема мера тие да имаат подобар и посреќен живот.

Бегалскиот живот продолжил и од Полска. Имено, нејзиниот татко Мијајле веќе од 1952 година заминал засекогаш од своето родно место Желево и емигрирал во Канада кај неговиот татко Танас, кој веќе бил на печалба во Торонто околу петнаесеттина години. Оттаму воспоставил контакт со своите најмили во Полска и ја започнал процедурата за повлекување на семејството во Канада. Така и се случило. На 10 февруари 1955 година Трендафилка, Петра и Лефа, со помош на Црвениот крст се иселиле од Полска и со авион преку Англија како птици преселници дошле во Торонто.

Во тој период се запознала со Стив Пљакас, кога, всушност, и пламнале првите љубовни искри на двајцата лични млади луѓе, што е и најава за нови предизвици, за еден нов брачен живот. Така, 1985 година ќе биде забележана со златни букви во животот на Лили и Стив Пљакас. Таа е година кога тие беа венчани во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто.

Лили Пљакас беше пример на Канаѓанка од македонско потекло која не само што напорно работеше во нивниот бизнис, туку таа беше активна во организирањето на различни посети, видувања, другарувања, како и на вечеринки, пикници, и друг вид македонски собири. Во исто време таа беше жената која финансиски ја помагаше македонската заедница, особено македонските православни цркви, таа беше голем хуманист и донатор за поединци и асоцијации.

Била иницијатор, организатор и финансиски поддржувач на бројни патувања на Македонците од Торонто, особено на Женската секција. Мегу другото, по повод 75-годишнината од поделбата на Македонија била организатор и финансиер на голем број автобуси кои тргнале од Торонто на пат до ОН во Њујорк во одбрана на македонското име и на Македонија.

Лили Пљакас почина ненадејно на 18 јули 2016 година. Таа беше голема љубов и сопруга на Стив. Многу сакана мајка на постарата ќерка Маргарет и зетот Џорџ и на помладата керќа Џени и зетот Алек. Таа беше големата и благородна баба која се жртвуваше за внучињата Анџела, Кристофер Стивен и Стефани и на целото пошироко семејство. Нејзиниот вечен дом се наоѓа на Македонските гробишта во Маркам кој го посетивме заедно со нејзиниот сопруг Стив Пљакас.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.