Среда, 20 Ноември 2024   
НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Македонците раселени насекаде по светот се едни од афирматорите на македонскиот јазик, култура, обичаи, религија, народ, на македонскиот народ и на Македонија. Една од таквите Македонки е, секако Неда Василевска – Лозановска по потекло од преспанското печалбарско село Штрбово, во Долна Преспа.

Судбината на семејството Лозановци била да ја напушти Македонија и да се пресели во Канада, во еден сончев и рацветан ден, на Ѓурѓовден, 6-ти мај, 1971 година. Во таа пролетна убавина тие се подготвиле да ја напуштат Македонија и да се преселат во Торонто, каде поетесата Неда со својот сопруг Алексо и семејството живее повеќе од педесет години. Меѓутоа, иако ова доблесно семејство живее во демократска Канада, тоа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите корени во Македонија.

Треба да се нагласи дека членовите на семејството Лозановски се големи приврзаници и почитувачи на Македонија и на нивната втора татковина – Канада, затоа, често се вели  дека тие се еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Тоа се потврдува со зборовите на Неда  дека каде и да се оди, каде и да се биде во светот, во било која точка и судбинскиот дел од животот, треба човек да се бори за својата иднина, да го чува мајчиниот јазик, обичаите, традициите и религијата, со цел да остави трајни белези за идните генерации тие  да  ги продолжат древните македонски вредности.

Животот на Неда Лозановска е, истовремено и историја на Штрбово, на Преспа, на Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Иселеничката приказна  за Македонката домаќинка, мајка, баба, пријателка и поетеса Неда, пак, а со тоа и на нејзиното семејство Лозановски е и единствена и слична и идентична и различна со судбинските и патешествијата на бројни Македонци кои талкаат по светот.

Инаку, Неда Лозановска е родена и одраснала во Македонија, во Штрбово, се омажила во селото Арвати, Преспа, а поголемиот дел  од животот го поминува во Торонто. Како што таа ќе рече дека се родила на Богородичните пости, пред славењето на Света Голема Богородица, на  25  август  1938  година,  а  името  го  наследила  по  името на баба  ѝ  Неда,  мајка  на  татко  ѝ.

Во Штрбово го поминала детството и го завршила основното образование. Во 1965 година со семејството се доселува во Битола, а во 1971 година, заедно со сопругот Алексо и децата Здравко и Соња заминуваат за Торонто, Канада.

Во изминатите педесетина години во Канада, таа е активна во македонската заедница. Меѓу другото, таа е член на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” при МПЦ “Св. Климент Охридски” од Торонто, во кое била и потпретседател.

Објавила десетина поетски творби во Канада и во Македонија. Нејзино прво поетско остварување е стихозбирката “Молк” објавена во 1993 година. Потоа ги објавила стихозбирките: “Напуштени дворови”, 1994, “Премолк” и “Моите мисли и зборови”, 1998, “Подмамка”, 2002, “Подалеку од занесот”, 2004, “Туѓи патишта”, 2006, “Загриз во сонот”, 2008, “Бесоница”, 2009, “Ѕвездена везилка”, 2010, стихозбирките „Небесна ѕвезда“ и “Разделба” во 2011 година и „Автобиографијата“, објавена во 2014 година.

Стихозбирката „Молк“ на Неда Лозановска  е прво нејзино поетско дело, подготвено и објавено во 1993 година. Во ова дело може да се види дека, бескрајни се тагата и копнежот далеку од родното огниште. Проклетсвото е судбината на откорнатикот. Како што потски ќе рече и Неда „Таму ни животот е живот, ни сонот е сон“. Затоа со право се вели дека болката како релевантен потсрек на поетската инспирација, како еден вид напишано правило, се преповторува и во случјаот со Неда Лозановска. Таа како Македонка далеку од сопствената грутка земја и коренот, домаќинка и мајка, честопати сама со себе, го започнува своето преслушување на минатото низ  стиховите.      

Книгата “Молк” донесува само помал дел од фондот стихиви, кои ги создавала авторката, но сосема доволни на број да го презентираат нејзиниот поетски свет и да ја потврдат како автор.

Во стихозбирките ,,Напуштените дворови”, 1994 година, “Премолк” и “Моите мисли и зборови”, 1998 година се стихозбирки за Македонија, каде е огништето на Неда. Со тоа, поезијата на Неда Лозановска е претстава за темното и светлото. Затоа и Неда ќе напише:

Ние, откорнатите, во душата имаме тешка болка, во нас ја носиме стара-та слика. Кога се враќаме во нашето родно место, гледаме споменици, гледаме камења кои ги покриле трнливи капини, синорите се сменале, а на нашите плеќи то-варот останал. Иако купивме куќи, купивме и таму имаме, стан, куќа, нива, друга куќа во селото Штрбово, сè е под своја стреа. Ние одиме и се враќаме со тела сту-дени, над облаци лебдиме, иако чуваме автомобил во Македонија, останавм тугинци“  

За целосна слика за Неда и нејзиното сопруг Алексо и нивното семејство Лозановски, за нивната семејна прикаска, судбина, успеси, за нивното постигнување нс литератур-

но и с’е  она што значи Неда и Алексо е дадено во делото „Автобиографија“ на Неда. Во делото, на  еден  многу  интересен,  наративен  начин, се вметнати   многу    убави описи, романсиерски обиди, мудри изреки, поучни совети, а со тоа се презентирани историскиот, животниот, семејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на поетесата Неда Лозановска.

Неда Лозановска е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор. Во исто време со својата поезија е позната, не само во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски“, туку и во Македонија.

Како резултат на тоа, меѓу другото, таа е член на Друштвото на писателите на Македонија, учесник на Струшките поетски вечери, добитник на “Иселеничката грамота” што и‘ ја додели Матицата на иселениците од Македонија, како и е добитник на други награди и признанија. Затоа е големо задоволството кога ќе се најде успешна Македонка во светот, која голем дел од својот живот го посветил на пишаниот збор за Македонија. Затоа со право се вели дека поетесата Неда Лозановска е на распетие меѓу Преспа и Торонто.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.