Среда, 22 Мај 2013   
Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

Flag-Pins-Macedonia-CanadaДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТЕ  ВО ГРЦИЈА, БУГАРИЈА И  АЛБАНИЈА ДО ООН.

1. Во согласност со Универзалната  декларација  за човекови права на ООН и со одредбите на Хелсиншката спогодба Грција и Бугарија се должни да престанат да го негираат националниот идентитет на Македонците, и воопшто да го почитуваат македонскиот идентитет во своите држави и да не го спречуваат неговото слободно изразување и афирмирање надвор од нивните држави (во Канада, Австралија, САД и др.). Двете држави се об-врзани да им признаат на Македонците статус на национални мал-цинства и врз основа на тоа да им го почитуваат правото на еднаквост пред законот со фактичко уживање на човековите права и основни слободи, да ги штитат и да ги унапредуваат нивните легитимни интереси во оваа област.

2. Грција, Бугарија и Албанија да им овозможат на Македонците на својата територија слобода на хуманитарни, културни духовни и други контакти со Македонците од СР Македо-нија и со оние во мултикултурните демократски општества на Канада и Австралија, како и со Македонците во САД и во други земји  во светот.

3. Грција и Бугарија се должни да им дадат на Македонците право на образование на мајчиниот јазик, право за отворање училишта и културни институции и слобода за свои организации и здруженија, право за издавање публикации на македонски јазик и учество во програмите на радиото и телеви-зијата, како и право за слободна употреба на мајчиниот јазик во судовите и во црковните обреди.

4. Грција да ги укине законските одредби со кои македонските политички  емигранти од Граѓанската војна и нивните потомци, бидејќи не се “Грци по род” се исклучени од враќање во родните места, посетување на татковските огништа и уредување на гробовите на своите предци и блиски, како и зачувување на сопствените имоти.

5. Заедно со запазувањето на другите белези на националниот идентитет на Македонците во Грција, е неопходно да се вратат променетите лични и географски имиња во Македо-нија во изворната форма.

6. Грција, Бугарија и Албанија да го усогласат односот спрема Македонците со духот на Универзалната декларација за човечки права и основни слободи, Хелсиншката спогодба и другите меѓународни документи од оваа област.

Македонски национален комитет

Горнан Јовановски, претседател...

Извор:

- Стојан Киселиновски, Егејскиот дел на Македонија (1913-1989), Култура, Скопје 1990,  стр. 146-147; Иван Катарџиев,

- Македонската политичка емиграција..., док.89, стр.339-340;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.