Историја

Грчката вооружена пропаганда во Македонија – борбите во Ениџевардарското Блато

Georgios Tsondos

Georgios Tsondos

„Со спомени за боречките подвизи и за страдањата на (македонскиот народ-н.з) се полни не само планините и населените места на Македонија, но и нејзините бројни езера – Охридско, Преспанско, Костурско, Врабченско, Островско, Ениџевардарско, Дојранско, Лагадинско, Арџанско, Аматовско. Револуционерниот гениј на (Македонецот – н.з) не ги остави неискористени и овие затворени водни пространства, со кои природата го зголемила богатството и разновидната убавината на инаку неговата злосреќна татковина. Брановите на некои од изброените езера ќе го разнасат својот шепотот за легендите на изминатите револуционерни години и ќе напомнат на поколемијата за прекрасните дела на предците. Брановите само на некои …, зашто дел од езерата во некогашниот Солунски револуционерен округ веќе не суштествуваат. Не постои и најпрославеното меѓу нив, Ениџевардарското. Исушено и претворено во работна земја, денес тоа е само географски спомен. И, сепак, иако не одбележано во мапата на Македонија, тоа ќе продолжи да живее во историјата на македонските ослободителни борби и со ништо не може да се избрише од човечката меморија“ – пишува  Х. Силјанов за почетоците на борбата на македонските чети со андартите во Ениџевардарското Блато.

Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов, во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“говори за борбата на македонскиоте револуционери со андартите во Ениџевардаското мочуриште, која била база на македонскиот револуционер Апостол Петков. Опишувајќи го Езерото и борбите кои се одвиваат во Ениџевардарско, тој вели:

„До 1897 година Ениџевардарското езеро – “Пазарското блато”, или едноставно Езерото “Ѓолот”, како месното население го нарекуваше, – беше посетувано само од рибари, ловци, собирачи на трска и на други корисни растенија. Имаше десетина колиби изградени во трската, направени од типот на првобитните наколни живеалишта и служеа за потребите на рибарите. Павле Граматиков Кониковски (од с. Кониково, Ениџевардарско), … страшило за турските деребеевци и Арнаутите, прв се досети да си изгради обична рибарска колиба, која му служеше како тајно засолниште. Апостол Петков Терзиев, организационен војвода после 1897 година, направи уште пред востанието, од Езерото постојано засолниште на четите, Тој го зголеми бројот на колибите и ја усоврши нивна изработка.“

Инаку, Апостол Петков е роден во 1870 година во с. Бојмица, Ениџевардарско, во храброто семејство Терзиевци. (Постарио брат на Апостол, Митре, ајдуковал по Пајак – планина, помалиот брат, Тано, и неговиот братучед, Андон Терзиев. загинаа како четници). Тој бил чувар на железничката линија Солун – Скопје, ајдутин во најблагородна смисла после 1892 година, револуционер, покрстен во Солун од свештеникот Стамат Танчев преку 1897 година и потоа организационен војвода во текот на цели 15 години. Тоа е животот на овој необразовен Македонец, кој со своите вродени дарови на стратег и со своето родољубиво срце, стана еден од најпрославените, најпопулярни и најзаслужни македонски борци. Во Илинденското востание тој излезе неповреден од цел ред најкрвави борби – при Грубевци, Бераковци, Либјахово, Тушилово, Горгопик, Бојмица и Крива и потоа својата база ја постави во Ениџевардарското Блато. Опишувајќи ја базата во ова мочуриште и борбите кои ги води “Ениџевардарското сонце“, Силјанов ќе напише:

„Особено значење Блатото доби за време на тешките години по востанието. Апостол не замина во Бугарија, туку остана во својата околија која ја реорганизира и постави во секој еден од четирите нејзини реони по едно четничко одделение, на чело со десетар. Токму сега, кога некои помислија дека револуционерното движење е згаснато, тој се оддаде на трескавична работа; ги чистеше предавниците и измамниците кои тука се беа размножиле, и ги отстрануваше од време на време по некој од најлошите Арнаути, кехаи и овчари, кои беа необично бројни преку зимата 1903-1904 година од Солунската рамнина. Апостол ја користеше екзекуцијата како поука на сите душмани (обрезани и необрезани); ги бесеше осудените крај населбите или покрај царскиот пат и оставаше на местото белешка со објаснување зошто тој е казнет. Експлоататорите-чифликчии, кајмакамот и мудурите во околијата често добиваа од Апостол писма, во кои ениџевардарскиот војвода им зборуваше со тон на властелин и на повикан закрилник на угнетените и бедните. И тој навистина беше таков. Населението се приврза кон својот војвода-татко, му посвети не една песна и го нарече со изразеното име – Ениџевардарско сонце – сонце, кое со своите зраци ја сече темнината на неговата ропска мака и му го загрева неговото срце со убава надеж. … Апостол искусно ги мамеше Турците, насочувајќи ги потерите во спротивната насока… Брз во нападите, кои сам ги презема, тој беше мудар и внимателен при наметнатите судари со војската и успеаваше да излезе неповреден и од нај 6езнадеждните положби. Затоа и неговата слава на вешт и неуловлив комита се разнесе далеку и го заинтересира – како по подоцна ќе видиме – самиот Абдул Хамид. Кога пак полето стануваше недостапно, а Пајак несигурен, Апостол исчезнуваше како некаков цар од бајките, во своето Блато.

Во мочуришта наоѓаа засолниште и одмор истоштени од гонење војводи и чети од соседните околии. Таму се испраќаа на долготрајно лекување повредени и болни четници. Таму се носеа заробени тешки престапници за судење. Таму се припремаа и разни акции. Поради тоа бројот на колибите се зголемуваше и стигна до дванаесет расфрлани на еден голем простор на источниот, северниот и особено во западниот дел на езерото – земјата на селата: Зорба, Кирколово, Постол, Голо село, Пласничево, Карајотица и др. Дванаесет погодни за живеење колиби, надвор од бројните други наменети за магацини на муниција и храна. Најпространата и најцврсто изградената колиба беше “Корчуфка”, на Кариотско земјиште, наречена од страна на Турците “Џамла колибаси” – колиба со стаклени прозорци. Оваа колиба, седиштето на „Ениџевардарското сонце“, беше 60 квадратни метри, со отворена тераса од сто квадратни метри. Терасата служеше за различни потреби. На терасата, четниците вежбаа, се одмараа, се забавуваа или фрлаа јадица за риби. Таму се месеше леб и се готвеше храна. Таму беше и стопанството на четата: кочини со свињи, кафези со кокошки, итн. Терасата, исто така, имаше и утврден дел: позиции со земјани ровови, непробивни за манлихеровиот куршум.

Спротив тоа утврдено живеалиште се издигаше друга колиба од стотина квадратни метра – склад за муниција, брашно, сирење и други резерви храна, а зад складиштето, на еден километар растојание – колиба-стражарницата за стражар и патролите. На истиот начин, но во помали размери, беа изградени и другите групи од колиби. Изградба на една таква група не беше лесно, иако мочуриштето го даваше речиси целиот градежен материјал: дрвја за колови, гранки за подот и за пополнување на ѕидовите, трска за покривот. Многу потешко беше откривањето и одржувањето на комуникациските патеки меѓу колибите и брегот.

Трската, доминантно растение во мочуриштето, ја покриваше, надвор од слободните водни простори, речиси целата преостаната површина на езерото, достигнувајќи височина до четири метри. Движењето низ оваа густа растителна маса можеше да се направи само по тесните патеки, кои човечката рака мораше да ги открие со сечење на трската што е можно пониско под самата вода, со цел да не заглавуваат чамците. Сепак, “Патеките” бараа постојано одржување, бидејќи бујна вегетација секогаш се обидуваше да ги избрише.

Доколку се оддалечи од патеката, човекот ризикуваше да се изгуби во трската, а потоа со часови да ја бара колибата, која се појавуваше дури откако непосредно не се приближи до неа. Чамците кои се провираат по патеките се направени од едно дрво, рамно дно… Еден таков чамец може да смести две, до три лица, така за да се транспортира чета од 20 –тина души потребно беше да се стави во движење цела флота од десетина чамци.

Животот во мочуриштето имаше свои добри и лоши страни. Добрата страна, тоа беше сигурноста – целосна до почетокот на 1905 година. Турците знаеја тајната на Езерото и дејствуваа. Тие им забранија на рибарите – (Македонци – н.з) да градат колиби и да се занимават со риболов, ги засилија и патролни служба по западното и северното крајбрежие, сметајќи дека така ќе ги изолираат населените комити во мочуриштето. Да влезат, сепак, во непријателското скривалишта тие не можеа. Турските чамци, пловејќи по откриените водни пространства, можеа да се видат од набљудувачниците и можеа да бидат напаѓани, без да можат да навлезат во мочуриштето. “Патеките” беа тајни, а излезите кон брегот – искусно маскирани.

Жителите на мочуриштето, исто така, уживаа некои бенефиции. Тие имаа обилен материал за огрев, можеа да се занимаваат со лов и да ја прошират исхраната со риба и дивеч. Фауната, подводно и надводно, беше толку изобилна и разнородна: јагули и други риби, водни змии, .. желки, диви патки, гуски и други водни птици, жаби во големи количини…

Безбедноста и другите бенефиции, сепак, беа платени од непоколеблива борба против нездравите услови за живеење: воздухот заситен со испарувања и со смрдеа на гнили треви и тиња и вечната влага. Со доаѓањето на ноќта, безброј крвожедни комарци ги започнуваа своите напади и ги принудуваа жителите на колибите да се бранат со груби комарници. Не сите организми беа способни да се приспособат и да се спротивстават на вечната треска.

Очигледно, мочуриштето не беше многу погодно место за санаториум на ранети, болни и за одмор на четниците. И, сепак, тоа беше бараното засолниште затоа што даваше безбедност.

Во следната 1905 година ситуацијата беше радикално изменета. Езерото веќе не е во ексклузивна сопственост на (македонските – н.з) чети. Мирот во него е нарушен и безбедноста не е целосна. Андардите се населиле во некои делови од мочуриштето и го олеснуваат турското пробивање во неговата недопрена природа на мочуришната трска. (Македонците – н.з.) тврдоглаво ги бранеа своите позиции, водеа “морски битки” со странците дојдени од југот и со султанските трупи и ја обијуваат тињата на мочуриштето со крв. И оваа борба на живот и смрт продолжуваше во овој свој прв период цели три години.

Уште кон крајот на 1904 година андартите кои веќе беа уфрлени во Ениџевардарската околија, се обидуваа да навлезат во Езерото. Условите за нив беа добри. Надвор од неколку гркоманско гнезда во Ениџевардарско, андартите разполагаа и со други, многу солидни бази. Тоа се беа соседните околии, Негушка и Бреска, со претежно грчко население, и целата област на југ и југоисток од Езерото – до најдолниот тек на Вардар, од двете страни на реката Кара-Азмак која извираше од Езерото и до Бистрица – наречена од Турците Урумлук. Месното грчко население исто така се занимаваше со рибарство и имаше свои колиби. Значи Блатото им ги нудеше на андартите истите услови за сместување и прикривање, без да зборуваме за благонаклоноста на турската власт и на месните турски жители.

Населувањето на андартите во мочуриштето се манифестираше со напади против (македонските – н.з) рибари. Во почетокот на 1905 година тројца четници, кои штотуку се засолнаа во колибата “Песка” (земјиште на с. Зорба, источниот брег на Езерото) после еден судир со аскерот во с. Бозец, беа ненадејно нападнати од андарти. Едно четничко одделение од соседна колиба им притекна на помош, ги прогони напаѓачите и го затекна во “Песка” комитата Георги хаџи Траев тешко ранет и заврзани десетина рибари, подготвени за колење. Понатаму, во колибата “Големиот песок” четниците најдоа двајца убиени рибари. Во оваа борба, андартите имаа неколку загинати и ранети луѓе. Веднаш после овој настан војската навлезе во мочуриштето и четниците беа принудени да се префрлат во Карајотишките колиби, на следниот брег.“

(продолжува)

Подготвил Т. Каранфилов

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top