Среда, 05 Јуни 2013   
Римските војни со Ханибал од Картагина, Пир од Епир и Македонците

800px-HannibalFrescoCapitolinec1510

Долго по смртта на Александар III Македонски, македонската држава била целина со наследници Филип III Аридеј и Александар IV. Потоа Македонија била под управа на Птоломеите во Египет, Селевките во Персија и Индија и Антигонидите во европскиот дел на Македонија. Сите генерали, царски другари на Александар заземале високи положби како наследници на царството. Антипатар бил регент во Македонија и престолот го презел Касандар како зет на Филипа со ќерка му  Тесалоника.

Александар го назначил Кратер за управител на целата македонска империја, а во Хидасп го назначил Пејтон од Алкомена за цар на цела Индија, како што ни изнесуваат Торг и Јустин. Цели сто години царството функционирало на целата територија, се граделе нови градови, Александрии, Пергами, Антиохии, Лизимахии, Птоломеии итн., според имињата на новите династии. Покрај сето културно и економско богатство што го остварувале Македонците на сите територии, некои народи се обиделе да се ослободат од власта на Македонците.

Први што се обиделе да ја симнат македонската хегемонија биле Бактријците во 322 г. пред Христа, но Пејтон брзо и засекогаш ги разбил.

Атињаните направиле сојуз со другите град-држави и ја повеле Ламиската војна во 321 г. пред Христа, кога на помош на Антипатар му пристигнал Кратер со фалангата од 10 000 војници со што и на Атина и на Спатра им се влошила положбата исто како порано, кога Александар III Македонски ја разурнал Теба во 336/335 г. пред Христа.

Државичката Атина се обидела да се бори со Македонците и во Хермонидската војна во 261 г. пред Христа, но била победена како и порано.

Некои племињна што уште Филип II ги смирил се обиделе да се обединуваат меѓу себе со цел да ја ослабнат Македонија. Етолците, Дарданците, Илирите и другите племиња се ставале на располагање на Римјаните. И Антигон III и Филип V ја обединиле македонската држава и ја зајакнале за да може да дава отпор цели 50 години. Персеј се’ до 168 г. пред Христа успешно се борел за опстанокот на Македонија со една силна коалиција со племството на сите македонски држави.

На сите им било јасно дека тој што ќе завладее со Македонија ќе владее и со светот. Сите интереси биле свртени кон исток. Се менувала власта со млади кралеви на сите држави. По смртта на Димитар II, малолетниот Филип V под старателство на Антиох III израснал во достоен македонски крал, воин и владетел кој владеел скоро 40 години.

Во Египет престолот го наследува мало петгодишно дете кое Римјаните сакале да го штитат.

Опасноста доаѓала од Рим. Тие морале да се борат со Ханибал од Шпанија и со Филип и Персеј од Македонија. Тоа го опишува Јустин во „Филиповата историја“.

Ханибал бил син на Камилхар од Картагина. Картагинците стигнале во Шпанија и си ја прошириле државата богата со сребро и други руди. Во 221 г. пред Христа, Ханибал од војската во Шпанија бил избран за водач. Тоа го потврдило и собранието во Картагина. Ханибал војувал со Рим од Шпанија за време на неколкуте Пунски војни. Ги победил Римјаните кај Тразименското езеро. Имал поддршка од Антиох од Сирија, од Прусијан од Битинија, од Критјаните и што е најважно од Македонија.

Филип V склучил договор со Ханибал во 215 г. пред Христа и му објавил војна на Рим која траела се’ до 205 г. пред Христа. И Пунските и Македонските војни со Римјаните биле за превласт, кој да биде идниот господар на светот.

Филип V, следејќи ја славата на Александар III Македонски ја проширил Македонија, имал намера со бродови да стигне до Италија како што Ханибал се движел од Шпанија кон Италија. Филип не успеал во таа намера, бидејќи во меѓувреме Македонија била нападната од Дарданците, па тој се вратил за да ја одбрани и да им се одмази на напаѓачите.

Антиох велики од Сирија го напаѓал Египет. Кога Ханибал бил победен во Италија пребегнал во Ефес кај Антиох. Рим ги опоменал Филип и Антиох да не посегаат по Египет. Тогаш Пир создал голем немир со војната во Италија каде со неколу победи ги загрозил Римските интереси во Македонија. Затоа Рим во сојуз со Атина и’ објавил војна на Македонија. Филип се спротивставил, укажувајќи дека Атињаните, победена град-државичка не смее да поставува услови за мир со Македонците.

Филип ја храбрел својат војска како Македонци наследници на Александар кој ја победил и Персија и Бактрија и Индија… Целиот свет.

Римјаните со конзулот Фламиние ги бодреле своите дека не се борат со Александар, туку со смалената моќ на Македонија која бранејќи се загубила територии. Римјаните му објавиле војна и на Антиох и го победиле. Ханибал кој престојувал кај Антиох, се’ уште им влевал страв на Риммјаните. Антиох го наоружал Ханибал за војна против Рим со поддршка од Шпанија и Картагина. Ханибал сметал дека Рим треба да се победи дома во Италија. Римјаните размениле пратеништва во Ефес за да преговараат за мир. Се врткале околу Ханибала со намера да го компромитираат кај Антиох и успеале во тоа. Сенатот од Рим го опоменал Антиох да се држи до Азија или во спротивно ќе биде нападнат.

Антиох се обидел сам да намести војна без Ханибал и само го консултирал. Ливие пишува за говорот што Ханибал го одржал пред царскиот совет. Тој не се сложувал војна да се води во Македонија, туку на римска територија и да се победува со нивно оружје како што било направено во Пунските војни. Ако се води војна на туѓа територија римското население би било поштедено од штети, ограбување и разурнување.

По неуспешната војна Антиох се каел што не го прифатил советот на Ханибал и го назначил за водач на флотата што се судрила со Римјаните на чија страна се борел Евмен од Пергам. Од тој судир Антиох бил опоменат да се држи само на своите територии во Сирија. Со тоа Антиох не се сложувал, бидејќи за сојузник го имал Ханибал, а Римјаните како војсководач го назначиле Сципион.

Преговорите за мир и подготовките за војна Римјаните го нарушиле и навлегле во Азија кај Илион, а тоа го сметале како враќање на Тројанците во прататковината поради тоа што Енеј со Етрурците по Тројанската војна се населил од Падова до Рим. Доаѓањето на Римјаните во Троја не е враќање на истиот народ, туку тоа е почеток на ограбувањето на македонските царства, нивно користење и уништување.

Меѓутоа Филип V и Персеј во Македонија се подготвувале за војна со Римјаните и со голем број сојузи со другите народи, сродни и верни на Македонците, Епирци, Илири, Тракијци па дури и Етолци и други.

Ханибал бил кај Прусијан кога Антиох и Рим склучиле договор за мир. Тогаш Прусијан го испратил Ханибал на Крит со големо богатство за да живее во мир. Кога Прусијан подоцна се судрил со римскиот сојузник Евмен, Ханибал му излегол на помош во поморската битка и му обезбедил, победа фрлајќи купови полни со змии на пергамските бродови. Тогаш во Рим по втор пат го побарале Ханибал и тој се отрул.

Силната личност на Ханибал, била секогаш на помош на Македонците и нивните сојузници, потсетувајќи со стилот на живење на Македонците посебно на Александар III Македонски. Ханибал во војната со Римјаните грмел и ја тресел цела Италија. Во Картагина ја имал врховната власт. Команувал со војска составена од многу народи и никогаш немало заговор против него од војниците на кои македонската тактика на војување им била омилена.

Борбата што ја водел „Ханибал пред портите на Рим“, Цицерон ја употребувал како поговорка за некоја блиска опасност. Пунските војни што ги водел Ханибал против Рим се голем успех и загуба, и станале и македонски војни.

И покрај големите притисоци Филип V се готвел за нови војни со Рим. Тие му диктирале на Филип да нема право на војска побројна од 5 000 војници. Тој секоја година тајно обучувал по 4 000 нови војници кои ги враќал како резерва и ги заменувал со нови регрути. На таков начин на Персеј му комплетирал фаланга со големи резерви од околу 40 000 војници со кои ги победувал Римјаните, како што тоа го правел и Ханибал.

Рускиот историчар Мишулин во „Историја на дрениот свет“ издадена во Москва во 1946 г. за Пир и за Ханибал напишал: Македонија кон крајот на IV в.пред Христа почнала да создава нови македонски држави на исток. Тие владееле околу 300 години на трите континенти каде што се простирала македонската империја. Интересот кон запад не бил напуштен особено кон Етрурските населби со сродна култура населени таму од Падова до Сиракуза по Тројанската војна. Погледот на Александар III Македонски со потемнето око бил свртен кон европските племиња до Атлантикот.

Кога Пир дошол на македонскот престол по барање на Тарентинците, се упатил на запад, се судрил со Римската војска, извојувајќи “Пирова победа” - поговорка останата да искажува скапа победа. Пир како наследник на македонската династија преку Келопатра и Олимпија војувал за Македонија со иста македонска фаланга и тактика и ги пбедувал Римјаните како и Ханибал и Филип со синот Персеј. Римјаните по примерот на Македонците правеле сојузи со разни племиња за да создадат држава и војска. По првите порази од Пир, Ханибал и Филип тие стекнале искуство да се борат и напаѓаат како Македонците.

Во северна Африка на местото на Тир во III век пред Христа се појавила Картагина со моќна фаланга и контрола на средоземјето до Атлантикот. Тие со силната армија ја запоседнале Шпанија и го насочиле интересот кон Италија. На тие простори многу порано господари биле Феникијците кои одржувале врски со Сиракуза и Тарент од времето на сиракузките владетели Дионис и Дион. Сите нивини постигнувања во науката, филозофијата, уметноста и друго се сродни со македонските традиции во Сиракуза и Картагина. Тоа доаѓа до израз во Пунските војни, Римјаните како Етрурци и Картагинците како Феникијци се судирале со македонското искуство од Тројанските војни. Во секој случај Картагинците не им дозволиле на Римјаните да ја ограбуваат Сицилија и Картагина.

Камилхар ја завладеал Шпанија и почнал да ги напаѓа римските населби од зад грб. Тој во Шпанија го повел и малолетниот син Ханибал кој бил роден во 247 г. пред Христа и имал само девет години. Пред да замние од Картагина во Шпанија, Камилхар го натерал синот да се заколне пред жртвеникот дека секогаш ќе биде непријател на Римјаните. Ханибал целиот свој живот останал верен на таа заклетва.

По смртта на татко му, Ханибал на 26 годишна возраст армијата го избрала за нивни водач во борбите против Рим. Тоа го потврдило и собранието во Картагина. Како сите македонски владетели и Ханибал со војската прв напаѓал и последен се враќал од бојното поле слично како Александар III Македонски. Римјаните почнале да ја копираат тактиката на војување од македонската фаланга и по многуте порази од Ханибал, Антиох, Пир, Филип V и Персеј тие ја победиле Шпанија и Македонија, ја запалиле Картагина и навлегле во Азија. Во тие борби загинале Ханибал, Сципион и Персеј. Почнале римските војски немилосрдно да го ограбуваат целиот тогаш познат свет. Тоа било време на наизменични победи и порази низ кои се создавале насилните римски легии. Тие правеле четириаголни логори и ги прилагодувале за себе македонските тврдини, градови, патишта, театри, митови и богови. Ја применувале македонската култура и ограбувале се’ по ред. Римската држава се карактеризирала само како воена сила, а обидите да се спречи тоа биле невозможни.

Професорот Мишулин многу прегледно ја опишува Пунската војна на Ханибал:

Римјаните и’ објавиле војна на Картагина во Африка и Шпанија. Ханибал ги побркал плановите и во 218 г. пред Христа ги поминал Пиринеите и тргнал на Рим со 50 000 војници пешадија, 9 000 коњаници и неколку десетици слонови. Се упатил во јужните делови на Галија по долното течение на Рона, преку реката се движел нагоре, свртел на исток и дошол до Алпите. Преминот преку Алпите бил стрмен и тежок за слоновите, коњите и борците кои се движеле покрај провалии. Војската се спуштила во рамнината на северна Италја каде што ја одморил, ја доплонил со Гали и се упатил по долината на реката По каде што ја победил римската војска. Во пролетта истата година Ханибал се упатл во Етрурија, го заобиколил конзулот Фламиние кај Тразиманското езеро, му поставил заседа и го поразил. Дел од римската восјка бил поразен, дел заробен, а загинал и конзулот Фламиние. Од таа страшна битка и денес се пронаоѓаат коските и оружјето на загинатите римски војници во мочуриштата и шумите.

Две години подоцна Римјаните се решиле на конечна битка кога Ханибал бил во Апулија. Тој применил нова тактика. Ја поставил војската во полукруг со најслаби војници во средината. Римјаните се нафрлиле во центарот и фалангата од краевите им дошла зад грбот при што убила околу 70 илјади луѓе заедно со командантите. По таа битка Ханибал се приближил 8 км до портите на Рим. Внел паника и страв. За жал во меѓувреме пред конечната пресметка не добил помош од брат му Хаздрубал од Шпанија ниту регрути од Картагина, па со време Римјаните зајакнале. Во 202 г. пред Христа, Сципион ја нападнал Картагина и го поразил Ханибал. Во следните неколку години Рим се обидувал да го пронајде Ханибал од Картагина, а тој веќе бил заминат кај Антиох во Сирија и долго време бил негов советник за воени прашања.

Од описите на војувањата на Ханибал се гледа колку тој се придржувал до тактиката на војување на македонската фаланга кај Филип II, Александар  III Македонски и Персеј. На тоа се должи и првичниот успех во Пунските војни во тек на 20 години ги победувал Римјаните како негови заколнати непријатели.

Римјаните брзо учеле и од Ханибал и од Македоците. Откако ги прифатиле нивните методи на војување почнале да победуваат и да се движат кон исток. Римските војни се паметат како најсурови во историјата на човештвото. Само Хитлер се фасцинирал од Римското “фасцио” како фашистичка сила и ги надминал Римјаните, уништувајќи геноцидно многу држави и народи.

Најстрашни напади што римската војска ги направила во 168 г. пред Христа се масовните масакри на населението во Македонија и Картагина. Рим дивеел и се изживувал над македонските држави на исток и по островите уште стотина години, уништувајќи ги комплетно династиите на Персеј, на Птоломеите, на Антиох и други. На местото на македонските царски династии се воспоставувала власт на војсководачи, конзули, граѓани од Рим како нови водачи со принцип раздели па владеј. На Катон желбата да се изгори Картагина му се исполнила. Картагина разурната до темел горела 17 дена. Биле заробени 55 000 луѓе, а преостанатите кои се засолниле по храмовите изгореле до последен.

Многу народи во историјата ги применувале римските методи на ограбување, разурнување, палење… Македонската историја е преполна со такви примери скоро цели две илјади години. Македонија не може да се уништи заради бесценетите уметнички и духовни дела што се’ уште му ги покажува на светот.

Судбината на Персеј, на Самоил, на Крале Марко, царот Дељан, Карпош и многу други видни Македонци само потврдуваат колку се тешки борбите што ни ги наметнуваат за да не уништат. Ликовите на царевите на парите, на фреските, на киповите… Самите се бранат и ја вознесуваат Македонија во вечноста.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.