Среда, 25 Септември 2013   
Самоиловата држава (976 - 1018) по карактер била словенска, односно македонска

samoilovo-carstvo

Самоиловата држава (976 - 1018) по карактер била словенска односно македонска (бидејќи јадрото на државата, односно царството било тука, во Македонија).

Во 968 г. избива војна меѓу Русија и Бугарија, а рускиот кнез Свјатослав ја пустоши Бугарија, но и се повлекува поради нападот на Печенезите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите синови Борис и Роман во Цариград. Во 969 г. умира Петар, што води до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која ја освојува престолнината Преслав. Бугарија доживува пораз и поради ослабеноста од востанието во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарија е завземена од Византија.

Во тоа време, 968 г., комитопулот Никола ја искористил ослабеноста на бугарското царство се осамостоил во западна Македонија, т.е. создал своја држава.

Ѓорѓи Радуле, Македонец од Бугарија во книгата „Историја на Македонија“ (Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава.

Значи, комитопулот Никола, Самоил и тројцата негови браќа креваат востание против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на Македонија. Поради ова востание, Бугарија пропаѓа под налетот на Византија.

Иако во бугарската историографија Самоиловото Царство се нарекува Западно бугарско царство, неспорно е, според повеќе историчари дека "се работи за држава на Македонските Словени". Чувството дека Самуиловата држава "е нешто ново и по јадрото и дури по етничкиот состав на централните области" се манифестирало кај различни странски историографи. Секогаш внимателниот Јиричек, пишувајќи за Самуиловата држава наведува дека непријателите на Василиј II редовно се нарекувале "Бугари" во грчките, арапските, ерменските извори, а исто така и кај Поп Дукљанин. Литаврин, пишувајќи за Бугарија и Византија, се оградува од постојните етнички проблеми. Кога станува збор за "Бугарите" и за "Бугарија", во тоа време, Литаврин ја потцртува условноста на таквата терминологија.

Самоил е крунисан со благослов на папата Григориј V, со што стекнал и меѓународно признавање. Тој ја наследил бугарската круна, како единствено слободна во тој момент од четирите официјални (2 Римски, 1 Германска и 1 Бугарска). Ако Самоил бил етнички Бугарин, својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу "своите етнички браќа". Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопул, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).

Најчесто византиските писатели под Бугари го подразбирале населението кое живеело во рамките на бугарската држава. Во X век се уште под тоа име не се појавуваат жителите на Бугарската тема, бидејќи таа е основана дури во почетокот на XI век. Во поранешниот период називот бил ограничен на т.н. протобугари, но набрзо се пренел на државата и целото нејзино население, на постарите словенски племиња и на се уште етнички различните Бугари. Во таа смисла треба да се сфати Скилица: кога зборува за Бугарите, тој мисли на населението на бугарската држава од периодот на Петар, па според тоа, смета Острогорски дека е "илузорно да се спуштаме во етничките разликувања врз основа на неговите податоци". Кога византискиот цар Јован I Цимиски поставил конкретни територијални барања тој не се служел со релативно неодредени поими, како што е "Бугарија", туку јасно барал Свјатослав да ја напушти Мизија, која припаѓа на Ромеите и која некогаш била дел од Македонија. Од друга страна помеѓу јужнословенските племиња немало големи разлики ниту пак Византијците нив ги чувствувале целосно. Резимирано, можеме да кажеме дека византиските автори и некои западни извори до крајот на X век под Бугари во етничка смисла разбираат народ сроден на Хуните, Аварите, Хазарите, Котрагите и Куманите.

Зборувајќи за карактерот на Самуиловото царство, и Георгие Острогорски укажува дека реално, ова царство било идеолошки поврзано со старото бугарско царство, па затоа и самите негови творци и Византијците го нарекувале бугарско, бидејќи традициите на царството и на патријаршијата, освен во Византија, постоеле само уште во Бугарија. Самуил ги прифатил тие традиции и го превзел наследството на Симеоновото и Петровото царство, кое паднало под ударите на Византија во 969 година.

Но, во суштина неговото царство значително се разликувало од царството на Симеон и Петар. И по состав и по карактер тоа било ново царство. Неговото тежиште се поместило кон југозапад и Македонија го сочинувала неговото јадро. Затоа, денес е апсурдно повикувањето на бугарскиот карактер на македонскиот народ (кој нема Протобугари во својата етногенеза), зашто се работи за два различни народа, со различна етничка смеса во која повидлив заеднички етнички супстрат биле Словените, како и кај повеќе народи во Европа.

За време на владеењето на Самуил (976-1014) македонската држава го доживеала својот најголем процут. Самуил бил многу талентиран и вешт владетел, војсководач и дипломат. Постигнал големи успеси во војната против Византија и успеал да ги прошири териториите на својата држава надвор од границите на Македонија. Под своја власт ја обединил цела Македонија (освен Солун), а потоа ги потчинил и околните, како и некои од подалечните балкански земји.

Превземено од:

Macedonia : a True Endless Story

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.