Историја
Четврток, 03 Август 2017 03:01   
Милојевиќ: Податоци за потеклото на поедини семејства во Меглен и солунско, Егејска Македонија

milojevic-180

Српскиот географ Боривоје Ж. Милојевиќ (22 XII 1885 - 22 X 1967) кој во своите истражувања за време на Првата светска војна ги разгледува особини на населението, меѓусебните односи, како и времето на доаѓање на поедини групи во јужна Македонија, во својот труд ни дава значајни податоци за преселбите на македонските семејства во текот на 18, 19 и почетокот на 20 век.

Повеќе...
 
Среда, 02 Август 2017 03:04   
Смилевски конгрес

smilevski-kongresСмилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт се уште не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридскиот располагал само со 1.400 пушки. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание, несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:

Повеќе...
 
Среда, 02 Август 2017 03:02   
Соопштение на Централниот комитет во јануари 1903 година до надлежните во Македонија и Софија

pecat-na-tmro-240Тајниот Централен Македонско-Одрински комитет е задолжен од сите раководители на револуционерните реони во земјата и од сите видни дејци на Тајната Македонско-Одринска организација да ве извести за следното:

Повеќе...
 
Среда, 02 Август 2017 03:01   
ЦК до владите на Големите сили за причините за кревање на Илинденското востанието

povik-za-vostanieto-240Со објавувањето на востанието Централниот комитет, преку своите задгранични претставници, до владите на Големите сили ја испрати и публикува во странскиот и бугарскиот печат следната:

Повеќе...
 
Среда, 26 Јули 2017 03:31   
ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

snof-nob-180Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и се борат за извојувањето на највисокиот и најблагородниот идеал, за слободата. Затоа што слободата не се подарува, туку се ИЗВОЈУВА.

Повеќе...
 
Среда, 26 Јули 2017 03:12   
Бугарските комунисти и македонското прашање

venci-180Многу одамна се побиени тезите на бугарските историчари, дека македонскиот народ е творба на Коминтерната во 1934 година. Сепак, од страна на историчарите на источниот сосед и денес можат да се слушнат иститите ставови со кои се негира постоењето на македонскиот народ. Оттука е добро да се навратиме на ставовите за македонското прашање на еден од челните луѓе на БКП во тоа време Васил Коларов. Тие се добра опомена како за политичарите од источниот сосед, така и за домашните трговци со македонските национални интереси.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јули 2017 06:54   
Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

nob-pom-180Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оперативни зони и изготви планови за активноста на партпзанските одреди. Воено-политичката активност во првата половина на 1943 година се карактеризира со формирање нови и бројно зголемување на постојните партизански одреди и во тој период дејствуваат Кичевско-мавровскиот, н Вториот кичевско-мавровски (Албанскиот) партизански одред; потоа, одредите „Дамјан Груев", „Гоце Делчев", „Добри Даскалов", „Сава Михаилов", Брегалничкиот, Кумановскиот, Скопскиот и Шарпланинскиот, а во Азот партизанската група, остаток од одредот „Димитар Влахов".

Повеќе...
 
Среда, 19 Јули 2017 06:51   
Број на борби, атентати и убиени борци за време на Илинденскиот период

bitolski-revolucioneri-240По бројот на борбите, Битолската околија — најголемата во вилаетот — го држи првото место. Од 20 јули до 10 октомври, во таа околија имаше најмногу борби — 70 и паднаа најмногу востаници — 378.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јули 2017 06:48   
„Трет востанички округ - Беласица“

200px-Krastyo Asenov Sliven IMAROНа 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.

Повеќе...
 
Среда, 19 Јули 2017 03:01   
Милојевиќ: Миграцијата на славјанското население во јужна Македонија

milojevic-180

„Во „Предговорот“ се истакнати сите неповолни прилики, поради кои не било возможно да се утврди потеклото на целото население во селата. Во поедини села е забележано потекло на поедини семејства. На основа на тие податоци изведени се во овој дел некои заклучоци за правецот, времето и причините за миграција. Меѓутоа, овие податоци се недоволни да се утврди настанокот на населбите и да следи нивниот развој. Во другиот дел на овој труд, во еден посебен дел, разгледани се сите оние фактори, поради кои цели населби се изменети“ - пишува Б. Ж. Милојевиќ во својот труд за потеклото на населението, бројот на домаќинствата, и старите презимиња во Јужна Македонија (Егејскиот дел од Македонија).

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.