Среда, 30 Август 2017   
Милојевиќ: Промените во населбите на јужна Македонија поради Балканските војни во 1912 и 1913 г.

Во своите истражувања за време на Првата светска војна, српскиот географ Б. Ж. Милојевиќ меѓудругото ги разгледува и промените кои настанале во населбите на територијата на Егејска Македонија, предизвикани од Балканските војни во 1912 и 1913 година.

Во својот труд српскиот географ, за промените во македонските населби во Егејска Македонија кои настанале за време на Првата (1912) и Втората Балканска војна (1913) го бележи следното:

„За време на Првата балканска војна во 1912 година, верските, општествените и нородносните спротивности помеѓу христијаните од една страна и муслиманите од друга страна избувнаа со цела своја жестина. Христијаните и муслиманите во тие настани едни на други си ги палеле куќите, а често меѓусебно се убивале.

Во Маврово (на брегот на Костурското Езеро) имало пред војната 120 христијански (славјански – македонски –н.з) куќи и 120 муслимански (турски) куќи. Веднаш по почетокот на војната муслиманите уништиле и запалиле околу 70 христијански куќи, а христијаните кога пристигнала грчката војска ги запалиле сите турски куќи. Тогаш Турците од Маврово побегнале во Костур и Рупиште. Тие таму и денес живеат со своите семејства, а доаѓаат во селото за да го обработуваат имотот. – Во Личиште (до Маврово) христијаните (Славјани - македонци – н.з.) уништело во текот на оваа војна 81 турска куќа. Од тие куќи денес стојат само голи ѕидови. – Сите христијани  (Славјани - македонци – н.з.) од Дупјак на почетокот на војната во 1912 година избегале во Сачишта. Турците тогаш ги запалиле речиси сите Дупјачки куќи. – Во Жерви имало 80 куќи на исламизирани (Славјани - македонци – н.з). За време на војната во 1912 година сите жервенски муслимани со своите семејства побегнале во Костур, Лерин и Негован. Жервен тогаш бил разрушен. После војната некои од исламизираните (македонци – н.з) се вратиле во селото, и денес во Жервен има околу 40 куќи.

Во Арменор (во јужниот дел на битолската котлина) имало до 1912 година 30 турски куќи. После војната останале пет. Во Пешошница (Песочница ?) до споменатата година исто така имало 30 куќи, а после тоа шест. Во Секулево имало 15 куќи на Турци, кои побегнале во Лерин. Во Ортоби до 1912 година имало 60 куќу на Турци. Таа година Ортоба била уништена, а Турците се засолниле во Лерин. Ортобските Турци одат во селото за да ја обработуваат земјата, но семејствата постојано живеат во градот.  Во Овчарани до 1912 година имало 200 куќи на Турци. Истата година било уништено повеќе од 180 куќи, а денес ги има околу 20.  

Горно Врбени (во островската околина) е запалено од околните Турци и од турската војска. После овој настан останале околу 70 неугледни згради. И денес се гледаат многу урнатини. – Спротивно, сите турски куќи во Спанци ги запалиле околните христијани и грчката војска, која пристигнала од Солун.

Меѓутоа особено во многубројните села источно од долен Вардар и во сливот на Галик, за време на Балканските војни  се извршени големи промени.

Прво, за време на војната во 1912 година, Турците слушајќи како напредуваат грчката, српската и бугарската војска и стравувајќи дека било која ова војска кога ќе дојде во нивното село ќе праву зулуми – избегаа со своите семејства во Солун, а потоа во Цариград и Азија. Така многу турски села останаа празни, додека во некои останаа по некое семејство. И исламизираните Цигани (Роми – н.з) се однесуваа како Турците. Многу турски села и  турски куќи – така празни – ги запалиле соседните христијани, охрабрени со доаѓањето на грчката војска. Населението тврди дека грчката војска учествувала во ова палење.

Потоа во 1913 година, за време на војната помеѓу Грција и Бугарија, преку селата источно од долен Вардар се одвиваа воените операции. Во долината на Галик на пример, во почетокот на војната 1913 година, бојното поле било јужно од Јајџилара и Саламанлија. Славјанското (македонско-н.з) население источно од Вардар, бегајќи пред огнената линија, се повлекувало на север, во заднината на бугарската војска. Грчката војска која наоѓала празни славјански (македонски – н.з) села ги палела. Грците сметале дека избеганото славјанско (македонско – н.з.) насление кога ќе слушне дека селата веќе им се уништени, нема да се враќаат на своите огништа. Избеганите Славјани (Македонци – н.з.) од кукушките села во најголем дел се населиле во струмичката и дојранската околина, и таму чекаат да се вратат во своите села.

За време на Балканските војни од 1912 и 1913 година, на селата источно од Вардар се случиле тројни промени: 1) едни села кои пред војната егзистирале, денес не постојат; 2) други села се многу помали отколку пред војната и 3) трети села после војната многу се зголемиле.

Села кои не постојат после војните 1912 и 1913 година

ред број

Име на селото

Состојба пред војната

од 1912 и 1913 г.

Состојба по војните

од 1912 и 1913 г.

1

Смол

35 куќи - Славјани христиани

Запалено, пусто

2

Бајалци

45 к.      - Славјани христиани

Запалено, пусто

3

Спанчево

15 к.      - Славјани христиани

Пусто

4

Арџан

12 к.      – Босански муслимани

Пусто

5

Мијалево

12 к.      - Славјани христиани

Запалено, пусто

6

Ново Село

20 к.      - Славјани христиани

Запалено, пусто

7

Иатереш

?   к.      - Турци

Пусто

8.

Рисово

55 к.      - Славјани христиани

Пусто

9

Кесмели

11 к.      - Турци

Пусто

10

Ирикаи

25 к.      - Славјани христиани

18 к.      - Турци

Пусто

11

Јанешево

35 к.      - Славјани христиани

Запалено, пусто

12

Хајдарли

30 к.      - Славјани христиани

Запалено, порушено, пусто

13

Грбашел

50 к.      - Славјани христиани

Пусто

14

Маловци

30 к.      - Славјани христиани

Пусто

15

Гаваланци

30 к.      - Славјани христиани

Пусто

16

Крецово

100 к.    - Славјани христиани

Разрушено и пусто

17

Казаново

25 к.      - Славјани христиани

Пусто

18

Ишикли

10 к.      - Турци

Разрушено и пусто

19

Даутаи

30 к.      - Славјани христиани

Разрушено и пусто

20

Женско

60 к.      - Славјани христиани

30 к.      - Турци

Разрушено и пусто

21

Ватилак

95 к.      - Славјани христиани

Пусто.

22

Саламанли

25 к.      - Славјани христиани

Пусто.До 1918 година нивите во Саламанли ги земале под закуп селаните од Балџа

23

Јајџилар

40 к.      - Славјани христиани

Пусто

24

Секерли

22 к.      - Славјани христиани

Пусто. Денес се обработуваат како приватен имот

25

Граматна

60 к.      - Славјани христиани

Запалена, пуста

26

Алексово

200 к.    - Славјани христиани

Запалена, пуста

27

Лембед

13 к.      - Славјани христиани

Пуст. Во Лембед зимуваат Власите од Ливада

28

Бијик Маала

30 к.      - Турци

Разорена и пуста.

Села кои после војните во 1912 и 1913 година многу се намалиле.

Во оваа група на села, од кои за време на војните не избегало населението, има села во кои останало нешто од поранешното население. Од другите села меѓутоа во текот на војните избегале сите дотогажни жители. Во нив, потоа се сместени доселеници, најмногу Грци од Тракија и нешто малку Славјани од струмичката околија. Тракиските Грци за време на војната насилно биле избркани од своите огништа од страна на Турците и Бугарите. Тие таму ги оставиле куќите и имотите, а тука живеат во голема сиромаштија. Поради тоа едвај чекаат во Тракија да се создадат подносливи услови, за да можат таму да се вратат.  

ред број

Име на селото

Состојба пред војната

од 1912 и 1913 г.

Состојба по војните

од 1912 и 1913 г.

1

Карасули

80 куќи - Славјани христиани; 35 к. Турци; 12 к. Цигани (Роми – н.з) муслимани

Преостанати 45 к. Славјански христиани

2

Драгомирци

140 к.    - Славјани христиани

40 к. на Славјански доселени од Струмица

3

Беглериево

35 к.     - Славјански христијани

14 к. Славјански доселени од З’бово (кај Струмица)

4

Вардино

5 к.  – Славјански христијани Цигани (Роми) муслимани

Славјаните заминале по други села, а Циганите заминале во Азија. 2 к. Грци мухаџири

5

Долни Колиби

13 к. – Цигани (Роми)  христијани

8 куќи Грци мухаџири доселени од Суфли (Тракија)

6

Аматово

30 к. – Славјански христијани

3 к. Грци мухаџири

7

Вардаровци

40 к. – Славјански христијани

15 к. тракиски Грци

8.

Сари Пазар

30 к. – Славјански христијани

5 к. Грци мухаџири

9

Коритен

50 к. – Славјански христијани

20 к. Грци мухаџири и 4 к. Цигани (Роми) муслимани

10

Ал-оџалар

55 к. – Славјански христијани

22 к. Грци михаџири

11

Кара - бунар

32 к. - Турци

3 к. Турци и 18 к. Грци мухаџири

12

Кавакли

10 к. - Турци

1 славјанска куќа доселена од Струмица

13

Кара матли

65 к. - Турци

20 к. Турци

14

Елезли

27 к. - Турци

16 к. Турци

15

Моравци

300 к. - Славјански христијани

50 к. Славјани христијани и 3 славјански куќи доселени од Струмица

16

Дуванџа

11 к. – Славјански христијани и 11 к. - Турски

16 куќи Славјански христијани доселени од струмичките села: Мокрени, Колешино и Макриево

17

Сеслово

20 к. - Славјански христијани и

40 к. – Исламизирани Цигани (Роми)

20 к. Исламизирани Цигани (Роми)

18

Стрезово

25 к. - Славјански христијани

17 куќи на Славјански христијани и 1 славјанска куќа доселена од Струмица

19

Чемлекчи

30 к. - Славјански христијани

20 к. на тракиски Грци

20

Рајаново

65 к. - Славјански христијани и

20 к. - Турци

20 к. на тракиски Грци и 7 к. доселени Славјани од Макриево (кај Струмица)

21

Киркит

350 к. Турци

50 к. тракиски и 6 к. кавкаски Грци

22

Кушава

80 к. - Турци

42 к. Славјани доселени од Макриево

23

Вурлан

250 к. - Турци

40 к. Турски и 20 к. тракиски Грци

24

Арбур

300 к. - Турци

100 к. Турски и 20 к. Тракиски Грци

25

 Сиврили

28 к. - Турци

5 к. Турски

26

Хаџиоглу - Обаси

35 к. - Турци

10 к. Турски

27

Периово

30 к. - Турци

20 к. Турци

28

Севиндикли

100 к. - Турци

70 к. Турски и 12 к. тракиски Грци

29

Јусуф - анли

27 к. - Турци

10 к. Турски

30

Јени - Маала

30 к. - Турци

15 к. Турски

31

Алчак - клисе

30 к. - Турци

15 к. тракиски Грци

32

Рахманли

45 к. – Турци

30 к. тракиски Грци

33

Прнар маала

75 к. – Турци

45 к. доселени Грци

Села кои после војните во 1912 и 1913 година се многу поголеми

Најпосле има села кои после војните се населени со многу повеќе тракиски Грци, отколку порано што имало славјанско и турско население. Во такви села денес има многу повеќе семејства отколку што ги имало порано. Овие села се пренаселени и пренатрупани.

ред број

Име на селото

Состојба пред војната

од 1912 и 1913 г.

Состојба по војните

од 1912 и 1913 г.

1

Вреш Тур(.)и

20 к.    - Славјани христиани

30 к. Грци мухаџири

2

Дур-асанли

40 к.    - Турци

60 к. Грци мухаџири

3

Врланџа

200 к.  – Турци

300 к. Грци мухаџири

4

Кара-оглово

40 к.   – Турци

5 к. Турци и 65 Грци мухаџири

5

Бугариево

100 к. - Славјани христиани

4 к. Славјански и 500 куќи на Грци мухаџири

6

Ѓолбаси

20 к. – Славјански христијани

55 к. Грци мухаџири

7

Постолари

20 к. – Славјански христијани и

8 к. – Вигани (Роми) христиани

55 к. Грци мухаџири

8.

Караџакадар

25 к. – Славјански христијани

80 к. тракиски Грци

9

Серсемли

35 к. – Турци

67 к. тракиски Грци

10

Мутулово

35 к. – Славјански христијани

20 к. Славјански и 30 к. тракиски Грци

11

Шереметли

20 к. - Турци

40 к. тракиски Грци

12

Келели

25 к. - Турци

60 к. тракиски Грци

13

Амбар - кеј

25 к. - Славјански христијани и

8 к. -  Турци

450 к. погрчени Арнаути кои се доселени од Мандрица (кај Едрене)

14

Садикли

20 к. - Турци

30 к. доселени Грци

15

Јаени кеј

20 к. - Турци

30 к. доселени Грци

 

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.