Среда, 23 Август 2017   
КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ ВО ПИСМОТО ДО ГЕОРГИ С. РАКОВСКИ СЕ ДЕКЛАРИРА КАКО МАКЕДОНЕЦ

georgi-rakovskiГеорги Стојков Раковски (IV. 1821 - 9. X. 1867 г.) (вистинското име му е Съби Стојков Поповиќ) - е бугарски преродбеник, револуционер –демократ, публицист, новинар и историчар.  Во време кога односите помеѓу Отоманската империја и балканските земји биле затегнати и се засилува борбата против гркоманијата, Раковски под влијание на илирското движење и панславизмот верувал дека е можна изградба на еден балкански сојуз во кој ќе има место и на бугарскиот народ. Како опасен елемент за Турската империја и грчкото свештенство, Раковски бил постојано апсен и прогонуван. За да ги избегне опасностите, постојано менувајќи ги местата на живеење, се засолнува во Србија, Војводина, Влашка, Русија и др., каде соработува со познати преродбеници, дејци за национално ослобоцување на балканските народи.

Во 1841 година во Атина, Раковски основа тајно „Македонско друштво’, кое има за цел организирање на востание за ослободување од Турската власт. Раковски е познатиот како автор на „Горски патник", кој со својот патриотски однос и револуционерна романтика извршил силно влијание врз македонските преродбеници, а во Русија водел грижа за младите Македонци кои таму студирале.

Константин Миладинов, кој за време на своите студии во Москва од своите другари, бугарски колеги бил наречен „Македонијата“, активно соработува со Г.С. Раковски. Тое е период во кој Константин се обидува да најде издавач за Зборникот на Македонските народни песни, кои подоцна во 1861 година ќе ги одпечати како Бугарски народни песни, со помош на Ј. Ј. Штросмаер. Во своето писмо за Раковски од 8 јануари 1859 година, Константин Миладинов на три места го истакнува македонството на песните што ги носел со себе и на македонските студенти. Константин во писмото декларирајќи се како Македонец ќе напише: „Ние Македончињата, недавно овде дојдени...“,  „ ...и ја имам многу Макед. песни, кои сакам да ги издадам..“ и „Сите Македончина на име Ви се кланает и Ве благодарјат за љубовта...“

Во „Документите за борбата на Македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том први од 1981 година, објавено е „Писмо на Константин Миладинов до Георги С. Раковски (8 јануари 1859 г.)“ во кое  тој ќе напише:

 

Господине Г. С. Раковски!

Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано получихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љубов кон отечеството ни.

Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестрашно стремление кон општата полза, за Вашите трудови, кои приносихте на жертвеникот от отечеството со драго срце. И В. Чолаков ми писа за вас: и ја оддавна имах намерение да Ви предложам знакомство; и ми се чинит не ќе беше безполезно, ако сите родољубиви Болгари, зближени меѓу себе со знакомство от братска љубов, составеха плот непрескочен против грекоманијата. Вистина многу сопки и маки пред нас стоет, за да прескочиме, но, со име божие, победата ќе бидит на страната от правите и вистината наодзади ќе восторжествуат.

От се (сато) срце Ви благодарја за Вашата благосклоност кун переводот ми. Вашите слова много ме подкрепиха на намеренијата ми и ме побудиха да се печаљам (старајам) со поголема ревност да чинам секакви переводи, за да знакомет другите Болгари со нашето наречие. Узнаваештем Вашето желание, за да се знакомите со мак(едонското) наречие. Ви пуштам другиј перевод от објавлението от „Парусат". Во „Болгарск. Книжици" ќе бидет напечатени собст(в)енни мои песни, можит да е и мало патешествие во Нилова пустина. Тие можит да ги прочитате. Ја от Вашите сочиненија сум читал саде „Горскијт патник". Бидите така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочинение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја страна ќе се печаљам на општо можам да удовлетвора желанието Ви.

Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто побрго не знакомите љубезнателите от нашата словесност? Песните се драгоцениј клад от народните чувства и вираженија, затоа секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен (= признателен). И ја имам многу макед(онски) песни, кои сакам да ги издадам малко подоцкна, зашто сега не ми позвољават обстојатељствата.

Останвам Ваш искрениј пријател:
1859 со ново счастие
Јануари(ја) 8
Москва

К. Миладинов

Сите Македончина на име Ви се кланает и Ве благодарјат за љубовта Ви и попечението, кое имахте за них. Сите шест заедно седиме на едно место и над ним имам свевозможно попечение, за да успејат в науката поскоро.

Саштијт

Брати Миладинови. Преписка (Издирил, коментирал и редактирал Н. Траиков). Софии 1964, стр. 132-133;

pismo-do-georgi-rakovski

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.