Среда, 21 Јануари 2015   
Различните идеологии и внатрешни делби во македонското револуционерно движење и нивните последици (втор дел)

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Сепак и покрај жестоките борби и дискусии кои што ги воделе со ТМРО, Врховниот Комитет продолжил да се меша и понатаму во македонското движење вртејќи ја насоката на движењето кон Бугарија. Во овој контекст тие токму и пред  Илинденското востание ќе ги предизвикаат двете воени провокации Горноџумајското и Тушимското востание кои ниту за цел имале да придонесат кон ослободувањето на Македонија, ниту пак им било важно дали и колку населението е спремно за таков чин.Едноставно преку ноќ носеле решенија и истите ги спроведувале не сметајќи на подоцнежните далекусежни последици.

Иленденското востание ќе биде испровоцирано за да случи иако можеби населението не беше доволно спремно,слабо вооружено и финански немоќно а најлошо беше во окрузите во кои дејствуваа врховистите кои на секој начин се трудеа да го разнебитат и уништат слободарскиот дух на народот. Од една страна беа страстите на народот кој подлажуван од врховистичката пропаганда дека”македонците треба само да го дигнат востанието а подоцна Бугарија ќе започне војна против Османлиската империја”, а од друга страна беа решенијата од Солунскиот конгрес кои беа само резултат на волјата на народот.

Временскиот период кратко пред востанието и еден период по востанието до 1907 година е одбележан со една нова идеологија, со една нова поделба сарафизмот. Сарафизмот е една внатрешна појава која ги обединува припадниците од ТМОРО и ВМК под едно знаме на величање на ликот и делото на Борис Сарафов еден бескропулозен трговец со македонската борба,”вешт политички демагог” како што го нарекува Сониксен во својата книга “Исповед на еден македонски четник”, Имено името на Сарафов може да се најде зад едни од најголемите измами,најголемите дворски игри во организацијата,на еден или друг начин закрилник на луѓето кои наштетувале на Организацијата , но сепак оделе во прилог на неговата политка за освојување на целокупната власт врз револуционерното движење во Македонија. Како вешт политички демагог главно Организацијата го користела при странски мисии, при кои што побарувале финански средства од бројни држави од Европскиот континент. Тој во своите чести интервјуа за странските весници,нескромно ќе си ги припишува себе големите успеси на организацијата, сепак една од малубројните позитивности што ги има кај него е постојаната афирмација на македонското прашање низ европските весници и неговите изјави во полза на истото. Во една прилик Борис Сарафов ќе каже “Автономната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинант? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македонската граница и да водиме чети? Не фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанат... го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија”. Додека за Борис Сарафов српскиот преставник во Македонија кон крaјот на март 1902  ќе нагласи:”Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и прсетваник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност”. Подоцна истиот преставник пак во едно друго писмо ќе каже:”Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде под сизеренство на Султанот. И токму затоа што не сакаат да допшуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата - Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите б.н). Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот прврзаник на Каравелов ”. Може да се изведе заклучок дека Сарафов и приврзаниците сарафистите биле само едни пустоловци, ловци на слава и моќ без реална цел за доброто на движењето.

Предходно споменатиот резервен генерал Иван Цончев во извештајот на српскиот преставник во Македонија не носи до новата фракција во македонското движење а тоа е цончевизмот. Цончевизмот е фракција која се појавила во редовите на ВМК и ги опфаќа личностите кои го почитуваат ликот и делото на генралот Цончев нарекувајќи се себе си цончевисти. Тиа во поглед на решавањето на македонското прашање сметале дека тоа ќе се реши со помош на Бугарија и бугарската војска и дека  сонцето на слободата за Македонија ќе изгрее од Бугарија. За цончевизмот весникт Револуционерен лист во една статија од јуни1905 ќе напише :” ... А што преставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, преставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред се против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сфаќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како оделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го преставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари...

Внатрешните делби особено до израз дошле по Илинденското востание кога македонското револуционерно движење се нашло во една незавидна положба,десеттикувано,разорено со еден збор на работ на унишувањето.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.