Среда, 28 Јануари 2015   
Госпоѓо, ние не разбираме што зборувате, ние сакаме да ни зборувате македонски!

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Кога стапив на должност во ова одделение, започнав да се запознавам со децата и на мое големо изненадување, од самите ученици го слушнав ова:„Госпоѓо, ние не разбираме што зборувате, ние сакаме да ни зборувате македонски“. Се трудев да ги убедам дека македонскиот јазик не постои, меѓутоа времето беше многу кратко, поради што ми беше невозможно да постигнам успех кај децата“ – пишува во својата изјава од 27 јуни 1927 година српската учителка Јерина Марковиќ за тешкотиите во наставниот процес во Битола.

Македонскиот народ со векови живеел под туѓа окупација, но и покрај сите обиди за нивна асимилација, никој не успеал да го доведе во прашање нивниот идентитет. И децата знаеле дека се Македонци и дека зборуваат македонски јазик. Потврда за ова е изјавата на српската учителка која говори за проблемите во наставниот процес по доаѓањето во Македонија.

Спротивно од Македонците кои знаат кои се, што се и каде припаѓаат, Грците имаат голем проблем со својот идентитет. Во изјава за весникот „Ди велт“ грчкиот писател Никос Диму ќе рече: „Ние Грците имаме проблем со идентитетот. Ние не знаеме точно кои сме и каде припаѓаме, поради тоа сме несигурни и лесно повредливи“.

Причините кои ги наведува Диму во врска со грчкиот идентитет биле во тоа што „Грција не доживеа ни ренесанса, реформација, индустриска револуција, ниту просветителство. Грците илјада години живееа во феудална Византија, потоа следеа 400 години османлиска власт...“

Меѓутоа, слична судбина ја делеле и Македонците. По распадот на Македонската империја, со извесни повремени периоди кога имале свои кнежества, кралства, држава, народот на Македонија живеел во рамките на Римската, Византиската и Османлиската империја. Особено во тешка положба бил по поделбата на Македонија меѓу Србија, Бугарија и Грција во 1913 година, а санкционирана по Првата Светска Војна. Меѓутоа, и покрај сите напори на освојувачите никој не успеал да го доведе во сомнеж идентитетот кај македонскиот народ.

Примерот на српската учителка најдобро говори. По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија од страна на Србите, меѓу двете светски војни тие преземаат низа мерки да го асимилираат македонскиот народ. Особено значајна улога во спроведување на денационализаторската мисија требало да одигра наставниот кадар. Со цел денационализацијата и асимилацијата на македонскиот народ да течат побрзо, било наредено целокупните просветни активности во вардарскиот дел на Македонија да се изведуваат на српски јазик. Биле преземени строги мерки од страна на просветните инспектори против сите оние учители коишто дозволувале нивните ученици во текот на наставата, па и надвор од училиштето да го употребуваат мајчиниот-македонски јазик.

Така на пример, по забелешките за работата со учениците кои ги упатил училишниот надзорник за Битола Ѓорѓе Тасиќ, учителката Ј. Марковиќ во својот Извештај за тешкотиите во наставниот процес од 27 јуни 1927 година, испратен преку управникот на училиштето М. Веселиновиќ, ќе го наведе следното:

„Во време на Вашето доаѓање во моето одделение оваа година, кога извршивте преглед на работењето, не им поставував неумесни прашања на децата. Додека бев учителка во Шумадија, до ноември месец минатата година апсолутно не ми се правени никакви забелешки од училишните власти како овие што Вие ми ги направивте...

...Кога стапив на должност во ова одделение, започнав да се запознавам со децата и, на мое големо изненадување, од самите ученици го слушнав ова: „Госпоѓо, ние не разбираме што зборувате, ние сакаме да ни зборувате македонски“. Се трудев да ги убедам дека македонскиот јазик не постои, меѓутоа времето беше многу кратко, поради што ми беше невозможно да постигнам успех кај децата“.

Меѓутоа, училишниот надзорник за градот Битола Ѓорѓе Тасиќ, спроведувајќи ја директивата на Белград, во својот извештај до Министерството за просвета од 30.6.1927 година, ќе ја обвини учителката од Битола Јерина Марковиќ и ќе бара нејзино преместување од вардарскиот дел на Македонија, бидејќи истата дозволила, за време на часовите, да се служат со македонскиот јазик и истите не ги научила да зборуваат на српски книжевен јазик. Инаку училишниот надзорник во овој акт ќе го напише следното:

„Во текот на оваа учебна година од Северните краишта е преместена во Битола г. Јерина Марковиќка, на која и` доверив едно трето одделение и која на прв поглед изгледа дека добро го владее литературниот јазик. Меѓутоа, за време на прегледот на работата вo нејзиното одделение констатирав нешто што и таа го признава при нејзиниот распит. Децата одговарале дека се „Македонци“ и дека зборуваат „македонски јазик“. Тоа ме изненади, бидејќи утврдив дека наставничката не можела или не сакала на децата да им го објасни поимот на српското име. Не е возможно децата да барале таа да зборува на дијалектот на кој не смее да се изведува настава... Мое принципиелно и скромно мислење е дека еднаш треба да се расчисти со просветните работници што не одговараат за овие краишта“. (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981, том. II, 135 - 136)

Од овие извештаи се гледа дека и македонските деца си го знаат својот идентитет. Истото се случува и со македонскиот народ во Пиринска и Егејска Македонија. И таму, до ден денес не му се признава на македонскиот народ неговиот идентитет и јазик. Се` додека се негира македонскиот народ, како Бугарите така и Грците ќе имаат проблем сосопствениот идентитетот, ќе бидат несигурни и нема да знаат каде точно припаѓаат. Минатото покажа дека токму поради Македонија, тие се вртат час кон Истокот, час кон Западот, само за да ги задржат териториите кои неправедно ги присвоиле.

Грците колку и да сакаат да бегаат од реалноста, неможат да ја избегнат. Тие не се, ниту некогаш биле супериорен народ.

Да не биле некогаш древните Македонци, никој не би слушнал за нив. А денес, да не се членки на ЕУ и НАТО, истите оние кои ги плукаат, Грците нема да си дозволат да не го почитуваат меѓународното право и да го негираат македонскиот идентитет, јазик и култура. Односно во недостаток на сопствен да го присвојуваат за нив туѓиот македонски идентитет и култура.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.