Среда, 28 Јануари 2015   
Време е младите членови на СДСМ да ја превземат партијата во свои раце

mane jakovleski 3 Мане Јаковлески

Им текнало на Заев и компанија да бидат вклучени во власта по секоја цена, па не можеле повеќе да издржат во опозиција и сега веднаш сакале да се вклучат, а потоа да имало нови избори. Ова нивно сакање ме потсетува на приказната со бабата, на која и се присакало, сакала маж веднаш зошто повеќе неможела да издржи.

За да се создаде амбиент дека земјата е влезена во криза и дека единствен спас е во рацете на СДСМ, на контролираните медиуми, почнаа да се појавуваат секакви таканаречени политички „аналитичари“, кои имаат единствена агенда, а тоа е вжештување на политичката атмосфера и докажување дека Груевски е сам и дека сега е време со улична демократија да се симне владеачката гарнитура.

Опозицијата предводена од СДСМ, во недостаток на сопствена издржана програма која може да го привлече гласачкото тело, по повеќекратните порази на парламентарните, локалните, па и претседателските избори, одамна сонува да дојде на власт преку формирање на „техничка влада“. Наместо да се фокусира на екипирање со млади луѓе кои можат да понудат нешто ново, нешто што ќе го привлече електоратот, оваа партија во континуитет своите сили ги насочува во оцрнување не само на владеачката партија, туку и на сопствената земја.

Одамна е видливо, особено за раководството на СДСМ, дека ништо не им е свето. Нив не ги интересира ни народ, ни неговата благосостојба, ни идентитет, ни име, ни јазик. Единствено што е свето за нив е по било која цена да се завземат столиците на власта. Дека тоа е така, покажува постојаното барање на формирање на техничка влада.

За остварување на таа цел опозицијата се служи со сите средства. Наместо да бидат во парламентот и да ги застапуваат своите избирачи, тие ја одбраа улицата. Без срам и перде тие се користат со црна кампања во која се оцрнува сопствената земја пред меѓународната заедница, потоа се оцрнува власта пред граѓаните, се измислуваат разни афери, бомби и сл.

Свесни дека немаат поддршка кај населението и дека не можат да го излажат и поведат, тие се обидуваат да се прилепат и затскријат зад секоја граѓанска иницијатива и да ѝ дадат политичка конотација. Но, откако и тоа не им поминува, со пласирање на разни шпекулации сега се обидуваат да внесат раздор во една од најдобрите Влади кои досега ги имала Македонија.

Последниот бисер од овие кујни е приказната дека откако опозицијата навести дека поседува досие со компромитирачки материјали за власта наводно било договорено премиерот Никола Груевски да си замине од власта, а тие да ја добијат толку посакуваната техничка влада. Во кулоарите, а и во некои медиуми се пренесува веста во која се вели дека:

„Веќе се` било договорено, некаде во длабока позадина, со посредство на странците. Никола Груевски дефинитивно се повлекува и од премиерската и од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ. Нов премиер на „техничката влада“ ќе бил Владимир Пешевски, а нов, привремен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров. Зоран Заев заради договорот немало да ја активира бомбата, туку ќе пукнела некоја петарда, за сепак, да си го сочувал образот пред членството“.

Меѓутоа, токму вакви шпекулации не можат да го растурат владиниот тим кој успеа да донесе толку многу инвестиции, да вработи толку многу луѓе, како и да застане така цврсто во одбрана на македонскиот идентитет, името и јазикот. Не може да си замине оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ зад која на последните парламентарни избори застанаа половина милион избирачи, само за да формира техничка влада и да се исполни сонот на СДСМ. Дури ни странците не можат да ѝ помогнат на опозицијата и да направат нешто против Влада која толку многу добри работи направи за Македонија и македонскиот народ, Влада која успеа да го поткрене опаднатиот дух кај македонскиот народ, а за што во минатото беше виновник токму опозицијата.

Ова не е ни прва ни последна шпекулација која може да произлезе од кујната на опозицијата и нејзините поддржувачи. Всушност само тоа може да се очекува од луѓе кои немаат визија, луѓе кои немаат програма како да го зголемат стандардот на народот, но затоа знаат како да се грижат само за своите лични интереси.

На Македонија во овој момент не ѝ се потребни протести и улична демократија, која опозицијата ја посакува само за да се формира техничка влада. Наместо тоа, на Македонија ѝ е потребна политичка стабилност за да се зголемат инвестициите и вработувањата.

Однесувањето на опозицијата предводена од СДСМ досега направи многу штети на Македонија, како на внатрешен така и на надворешен план. Време е, опозицијата да се сврти кон интересите на сопствената земја и наместо со шпекулации и политика на непопуштање, да се врати во Собранието и да започне политички дијалог низ институциите.

Непопуштањето и долгото отсуство од собраниските клупи неминовно ќе доведе до одземање на мандатите на опозицијата што пак ќе предизвика до ескалирање на политичката сцена и до предвремени избори. Во услови кога на југ од нас врие, на македонскиот народ не му се потребни нови избори и партиски поделби, туку сплотеност на народот. Оттука опозицијата треба еднаш да го послуша не само својот народ, туку и претставниците на меѓународната заедница кои препорачуваат враќање во Собранието и политички дијалог.

СДП, партијата на Јосиповиќ во Хрватска ги загуби изборите но, на своите лути противници од ХДЗ им ја честитаа победата. Ципрас и Сириза во Грција победија и веднаш Нова Демократија го призна поразот и им честита на своите жестоки ривали. Зошто Заев и СДСМ не собраа храброст да го направат истиот потег кога катастрофално ги загубија Претседателските и Парламентарите избори минатата година не е јасно, ваквиот потег не е од интерес на Македонија, најверојатно обработуваат туѓа агенда, а не наша македонска.

Од досегашното искуство, може да се очекува, дека Заев и компанија свесно или несвесно, повторно ќе ѝ нанесат непоправлива штета на државата, како на домашен така и на надворешен план. Просторот за политички игри сe` повеќе се стеснува.

Време е младите членови на СДСМ да ја превземат партијата во свои раце, доколку сакаат да останат на политичката сцена и пред се` за доброто на Македонија, зошто народот гледа, памети и на крај казнува.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.