Среда, 04 Февруари 2015   
Македонија треба да се востанови во нејзините географски граници (1918)

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

deklaracija

„Територијалното обновување на Македонија не е акт на непријателство спрема слободните балкански народи ниту пак насилно и сепаративно нагризување на нивната територија. Таа ќе се обнови за сметка на сите како заокружена географска единица и ќе претставува солидарно вложен капитал за општото добро на овие народи кое единствено ќе ги обедини за живот во мир, искрена соработка и среќна иднина“ - се вели во Декларацијата за решавање на македонското прашање која во октомври 1918 година е донесена од Серската група.

Првата Светска Војна не донесе решение за македонското прашање. По завршувањето на војната македонскиот народ остана поделен на три дела. Во вакви услови, стремежот на македонскиот народ во сите три дела беше задржување на тариторијалното единство на земјата, односно воспоставување на целовитоста на Македонија и конституирањето на автономна држава. Овој стремеж беше основа за дејствување на македонската емиграција во повеќе земји на Европа (Бугарија, Русија, Швајцарија и др.).

Во тој поглед до израз доаѓа и дејноста на емигрантските кругови од територијата на Серскиот реводуционерен округ, кои во свое време под раководство на Јане Сандански ја предводеа т.н левица на Македонското револуционерно движење. Серската група позната уште како Серчани или Санданисти, беше една од поголемите групации на т.н левица која доследно се бореше за запазување на интегритетот на Македонија и за нејзиното ослободување.

Непосредно по завршувањето на Првата Светска Војна, настојувајќи да ја обединат левицата и во емиграција, тие уште во октомври 1918 година излегуваат со „Декларација за решавање на македонското прашање“ врз база на обновување на интегралниот дел на Македонија и нејзиното изградување во автономна држава. Декларацијата е придружена со опширно образложение чијашто основна цел е да се аргументира потребата од изградување на Македонија како автономна политичка единица на Балканот. Во оваа Декларација било истакнато:

„Верни на своите минати борби во македонското ослободително движење за постигнувањето на еден народен идеал кој не се совпаѓаше со стремежите на балканскиот национализам и империјализам, приврзаниците на Револуционерната организација, која работеше во бившиот серски револуционерен округ, а во врска со настанатите и идните настани, ја прават следнава декларација:

1. На местото на балканскиот национализам, кој, како стремеж за завладување и господарување над туѓи земји и народи, го разби дел по дел целиот Балкански Полуостров, го креваме старото знаме на македонската автономија, знамето на балканската слога и на идното балканско братство.

2. Македонија треба да се востанови во нејзините географски граници и главно врз базата: Солун, Вардарската долина, Битола и Скопје, да имаат своја природна географска и стопанско-економска заднина.

3. Територијалното обновување на Македонија не е акт на непријателство спрема слободните балкански народи ниту пак насилно и сепаративно нагризување на нивната територија. Таа ќе се обнови за сметка на сите како заокружена географска единица и ќе претставува солидарно вложен капитал за општото добро на овие народи кое единствено ќе ги обедини за живот во мир, искрена соработка и среќна иднина.

4.  Македонија треба да добие за себе, за народностите што ја населуваат и за своите балкански собраќа најпогодна форма на управа, организирана по примерот на Швајцарската Федеративна Република, при полна и еднаква слобода за сите националности во просветен, црковен, политички, културно-економски однос, а под протекторатот на Сојузот на слободните демократски народи...“

Серската група продолжува да дејствува и по 1918 година. Принципите кои биле изложени во Декларацијата биле доработени во брошурата „Назад кон автономија“ од Димо Хаџи Димов, објавена во 1919 година. Како резултат на оваа активност дошло до обединување на сите прогресивни струи на емиграцијата во Бугарија.

Меѓу Серчани и претставниците на бившата Внатрешна Револуционерна Организација во Западна Македонија била постигната спогодба за обединување. Во Временото претставништво ќе влезат истакнати револуционери од македонското револуционерно движење и старата Македонска револуционерна организација.  

Тие на 9 март 1919 година излегуваат со заеднички апел, во кој уште еднаш ги афирмираат барањата за обединета самостојна Македонија со солидни меѓународни гаранции и постојана неутралност. Освен тоа, „Временото претставништво“, организационен облик на обединетата емиграција, преку овластениот претставник Пол Христов, развило активна дејност на Мировната конференција во Париз, од која барало почитување на правата и стремежите на македонскиот народ за самостојност.

Меѓутоа, Мировната конференција во Париз нема да ги исполни очекувањата и ќе предизвика огромно разочарување кај македонскиот народ. Иако, Организацијата потоа се распушта и голем дел од членовите се пасивизираат, другите се вклучуваат во левоориентираните партии и во општествено-политичкиот живот на Бугарија, каде ја продолжуваат борбата за остварување на идеалите на македонскиот народ.

(извор: „Историја на македонскиот народ“, Скопје. 1988, стр. 213 – 214; „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том I, стр.596-597.)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.