|
|
Страшно проклетство кое го влечеме ние Македонците низ вековите! |
“Мила ми мајко, јас сум твој прв син и мој долг е да бидам околу тебе, да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и страданија, за безбројните бессони и мачителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствувам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син за нејзиното свето дело? - Маките на татковината се` повеќе, од сите страданија на секоја наша мајка. И јас, без ни најмалку да те навредувам, се чувствувам повеќе син на втората моја мајка Македонија, отколку тебе која си ме родила. Те молам, во името, пак, на моите свети чувства кон тебе, да не жалиш, ни да плачиш за мене. Најзадоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш пример на другите мајки и сопруги“. Писмото на Христо Узунов до неговата мајка, 25 април 1905 година. Уште две лица се приведени во рамки на акцијата „Пуч“. Едниот бил поранешен, а другиот моментално вработен во МВР. Двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финансиски наградени. Во писмото кое на 20-ти јануари Заев му го испратил на Верушевски, лидерот на СДСМ пишува дека работата која ја чекаат од пријателите од надвор е завршена. - Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот... (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие. Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо, затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата. Мислам дека има доста детали кои треба да ги допрецизираме и за тоа сигурнo ќе ни требаат многу денови, се вели во дел од писмото од Заев до Верушевски. Страшно проклетство кое го влечеме низ вековите. Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците“. Но додека помногубројните без поголема надворешна поддршка се обидуваат да го сочуваат најсветото што го имаме, името на Македонија, дотогаш помалубројните но погласните, со надворешна поддршка, поигрувајќи си со сопствениот народ ни ја наметнаа референцата ФИРОМ, го променија знамето, ја наметнаа територијалната поделба од 2004 година и започнаа преговори за името на татковината. Модерните „јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го оддува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна нација“. Во моментите кога нашите соседи повторно имаат исти ставови за Македонија, а ЕУ и НАТО ни порачуваат да го смениме името доколку сакаме да не` примат во нивно друштво, дотогаш истите домашни т.н. експерти, политичари, партии, некои медиуми, невладини организации, се јавуваат гласно, барајќи промени во земјата. Експертите ќе речат дека сите граѓани се повеќе или помалку патриоти кога се работи за подобрата иднина на земјата, зошто самиот збор патриотизам означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема татковината. Дали ПАТРИОТИЗМОТ значи само човеково топло чувство за земјата во која е роден? Или патриотизмот значи пред се` врела љубов за народната традиција и јазик? Од самиот збор патриа, патриотизмот значи чувство за територијата на својот народ, како и ненадминлива љубов за традицијата и својот мајчин јазик. Има и луѓе кои по својата природа се лишени од чувството на патриотизам. Ваквите луѓе преоѓаат од својата земја во туѓа како што птицата прелетува од гранка на гранка. Може да се каже дека овие луѓе немаат патриотско чувство како што други немаат верско чувство или трети чувство кон уметноста. Ова е една голема човекова несреќа. Најголемо духовно богатство, со кое и најсиромавиот човек не е сосема сиромав, тоа е патриотизмот. Без ова чувство човекот е пропаднат. Кој ја сака својата татковина тој секогаш живее под големото сонце, во големиот простор, во големата заедница, како што човек кој искрено верува во Бог не е никогаш сам и безнадежен. Дали постојат во Македонија предавници? Секако! За жал, во Македонија токму претставници на политички партии се тие коишто ја засилуваат оваа поделба поради тоа што отворено манифестираат нетолеранција и желба за пресметка со своите неистомисленици заради лични интереси, или заради интереси на некој наш сосед. Тој што Ве предал, тој што до вчера со Вас споделувал идеја за Македонија, а утре од Вас или од сопствената држава или нација се откажал поради материја, на пример пари или власт или и едното и другото, во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство. Меѓутоа да соработуваш со странски разузнавачи или агенти, а со тоа и` нанесуваш штета на државата, е тоа не е предавство, тоа е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. |