|
|
Струмица и Балканот ќе му бидат претесни да се сокрие од родољубите од западниот дел на Македонија |
Доколку Зоран Заев со неговите потези ги загрози животите на Македонците во западна Македонија, а многу брзо ќе се дознае, тоа ќе биде уште едно предавство во историјата на Македонија, потврда дека Македонецот е најголем непријал на Македонија. Тогаш Зоран Заев, нека очекува дека бесот од овие луѓе, ќе биде насочен токму кон него лично и кон раководството на неговата партија. Користењето на закани и уцени од страна на претседателот на најголемата опозициона партија само за да дојде на власт е неприфатливо. Уште понеприфатливо е да поседуваш снимени материјали од странска разузнавачка служба и да ги користиш за уцена и да бараш смена на легално избрана влада на демократски начин и на избори на кои немаа забелешки ниту набљудувачите од меѓународната заедница, ниту нак СДСМ. Вечерта по изборите, СДСМ не најави никакви забелешки или докази дека имало некакви нерегуларности. Повеќе од очигледно е дека лидерите на СДСМ немаат никаква визија, ниту програма којашто може да им ја понудат на избирачите, па по неколку последователни порази, на ваков начин се обидуваат да дојдат до власта. Тоа е уште еден доказ дека најголемата опозициона партија се самоуништува и го достигна дното од своето постоење. Доколку дојде до објавување на некакви докази, како што веќе долго време Заев најавува со кои, “...ќе ги загрозат меѓуетничките односи“, повеќе штета ќе и’ направи на Македонија и опозицијата, отколку на владеачката партија, која е модерна и доброорганизирана, има членство кое е стабилно. ВМРО-ДПМНЕ одамна ги надмина “детските болести“, подготвена е да се справи со последиците кои можат да произлезат, но нема да дозволи да бидат загрозени интересите на државата и македонскит народ. Како што рече и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, веќе нема македончиња, туку има Македонци, кои знаат да се носат и да се справат со било какви проблеми и предизвици. Факт е дека постојат надворешни и внатрешни сили кои не му мислат добро на македонскиот народ и држава. Тоа го покажува случајот со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој самиот призна дека материјалите од прислушкуваните разговори ги добил од странска разузнувачка служба. Поради тоа е потребно збивање на редовите на македонскиот народ и отстранување на оние лица кои се подготвени заради свои лични интереси да ги загрозат интересите на својот народ и држава. Како што самиот Зоран Заев изјави дека документите што ги има, “ќе и’ наштетат на угледот на Македонија и ќе ги загрозат меѓуетничките односи“, би му поставил едно прашање: дали мисли за иднината, пред се`, на тие кои живеат во западна Македонија? Или уште еднаш сака да ги жртвува тие луѓе како што некои ги жртвуваа во 2001 година и со законот за територијалната организација на локалната самоуправа што го донесе Владата на СДСМ, бојкотирајќи го референдумот со имбецилниот слоган “некои прашања не заслуќуваат одговор“? Можеби на Заев му е лесно да “истресе“ некоја глупост и да си замине во неговата Струмица на сигурно, без да размисли какви последици ќе имаат луѓето во западниот дел од Македонија. Иако со душа и срце му припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ, заради збивање на редовите и зачувување на интересите и безбедноста на Македонија, мислам дека е крајно време за коренити промени во редовите СДСМ и создавање на модерна партија способна да одговори на предизвиците на дваесет и првиот век. Само нивните млади сили кои имаат нова матрица на размислување и кои не се заложници на минатото, можат да создадат партија која ќе знае да ги чува и брани интересите на сопствениот народ и Македонската држава. Доколку Зоран Заев со неговите потези ги загрози животите на Македонците во западна Македонија, а многу брзо ќе се дознае, тоа ќе биде уште едно предавство во историјата на Македонија, потврда дека Македонецот е најголем непријал на Македонија. Тогаш Зоран Заев, нека очекува дека бесот од овие луѓе, ќе биде насочен токму кон него лично и кон раководството на неговата партија. Струмица и Балканот ќе му бидат претесни да се сокрие од родољубите од западниот дел на Македонија. Господ да ни е на помош! АМИН! |