Среда, 18 Февруари 2015   
Македонија, Македонците и Граѓанската војна во Грција

vasko-gicevski
Васко Гичевски

По завршувањето на Втората Светска Војна кога Македонците од Егејскиот дел на Македонија мислеа дека ја извојуваа својата последна битка за обединување на Македонија и во прозракот на комунизмот сакаа конечно да ја почувствуваат слободата.

Кратко по ослободувањето на Грција од фашистичките окупатори во неа ќе настапат на сцена длабоките поделби за идното организирање на државата, комунистите ќе бараат организирање на државата по советски систем, додека демократите пак сакале повторно со Грција да владее владата која била во емиграција, а е повторно формирана во Каиро и исто така барале и враќање на кралот во земјата. Ситуацијата додатно се влошила. Во есента 1944 година десните политички партии во владата на Гергиос Папандреу ги принудиле министрите од ЕАМ да поднесат оставки. Набргу потоа главната англиска команда побарала од ЕЛАС да се разоружна, но таквиот предлог бил одбиен од Комунистичката партија на Грција и се разврзал судир кој траел еден месец. Судирот завршил со пораз на ЕЛАС и бил склучен договор во атинското предградие Варкиза во февруари 1945 година. Според овој договор ЕЛАС требало да се разоружа и да ги растури своите сили. Меѓутоа постигнатиот договор не ја смирил состојбата, туку претставувал вовед во Граѓанската војна во Грција.

Наскоро по договорот од Варкиза во Грција ќе настанат масовни хајки против секој оној кој што бил со демократски идеи во себе, вклучувајќи тука и голем број Македонци, кои се бореле за своите права на самоопределување или во најмала рака барем за културна автономија во рамките на една модерна демократска Грција.

Кон овие барања никој од сојузниците не одговорил позитивно дури напротив едни од најголемите сојузници предводници во бробата против фашизмот Велика Британија и САД ќе бидат оние кои со најжестоки напади ќе возвратат кон војниците на Демократската Армија на Грција во чии редови во најголем број имало Македонци кои преку борбата заедно со комунистичката партија која пак била единствена организација која ги признавала за посебен народ и нација, сакаа да се изборат за слобода и обединување на својата татковина.

Во текот на 1947 година војниците на ДАГ ќе ослободат голема територија помеѓу: Вич, Џена, Грамос, Пајак Планина и Кајмакчалан на која ќе формираат привремена влада на чело со Маркос Вафијадис.

Успешното дејствување на левичарските и македонските сили, ја принудиле десничарската влада да издаде наредба за стационирање на големи владини сили во сите градски центри како и присилно иселување на селското население и нивно сместување по градовите. Целта на оваа мерка е да се ослаби ДАГ која што се снабдувала со борци и храна претежно од селската средина. Во 1947 година била клучна за исходот на граѓанската војна. Соединетите Американски Држави активно се вклучиле во случувањата во Грција, тие согласно т.н. Труманова доктрина за спас на капитализмот во Грција дале финансиска и воена помош за грчката влада, а грчките владини сили започнале офанзива.

Низата на погрешни проценки и одлуки донесени врз основа на тие проценки од страна на Никос Захаријадис секретарот на КПГ ќе станат пресудни за понатамошниот тек на војната. Тој претпоставувал дека ДАГ до крајот на на 1948 година ДАГ ќе брои 65.000 и дека со тие сили ќе биде ослободена цела Егејска Македонија и Грција но жал до тоа нема да дојде, а ДАГ значително ќе заслабне по одстранувањето на Маркос Вафијадис од сите партиски и политички позиции од страна на Никос Захаријадис.

Наскоро по ова во 1949 година ќе започне и масовниот егзодукс на македонското население последната етапа од неуспешната војна. Многу деца ќе останат без своите мајки и татковци и во групи од 10 до 15 дечиња на чело со жените кои се грижеле за нив омодархите ќе го почнат своето патешествие до домовите ширум источна Европа и Југославија.

Кон крајот на граѓанската војна доаѓа до битките кај Вич и Грамошта во кои ДАГ била поразена, а левичарските раководители и остатоците од нејзините сили биле принудени да се повлечат на територијата на Албанија со што завршила Грчката граѓанска војна.

Во текот на оваа војна загинале 51.000 членови на ДАГ, од нив 21.000 души биле Македонци. Во периодот помеѓу 1945 - 1949 година грчките владини сили стрелале околу 6.000 Македонци и Грци, а околу 40.000 грчки граѓани, меѓу кои и голем број на Македoнци, биле интернирани на грчките острови. Околу 90.000 Македонци и Грци биле принудени да емигрираат поради владината репресивна политика. Околу 50.000 Македонци емиграрале во Југославија, а околу 20.000 Македонци се населиле во Советскиот сојуз и источноевропските комунистички држави.

Повторно со оваа војна идејата за Обединета Македонија која и самата КПГ ја промовирала и поддржувала потонала во порои крв, во невини детски солзи, а од длабочините македонската земја ги проколнала сите поколенија на нејзините мачители, а ги воспеала нејзините маченици.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.