Среда, 18 Февруари 2015   
Зоран Заев е закана за Македонија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

По последната изјава на Пендаровски дека: „Опозицијата ќе ги добиеше парламентарните избори во 2011 да немаше фабрикувани гласови и сега ќе беше на власт“, јадните тие, за малку се воздржав да не заплачам, се разбира од жал, лелеее „што убаво ќе ни беше на сите, гооолема штета“, многу убаво ќе ни беше, исто како од 2002 до 2006 година, се сеќавате нели?

Повеќе од очигледно е дека лидерите на СДСМ немаат никаква визија, ниту програма којашто може да им ја понудат на избирачите, па по неколку последователни порази, на ваков начин, со сила и со интриги се обидуваат да дојдат до власта.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев со секое презентирање на нови примери од аудио снимки на прислушувани разговори на претставниците на актуелната власт, се` повеќе тоне и ја губи и онака нарушената доверба на граѓаните, како и на самото членство на партијата.

Закани, уцени, како и објавување на приватни разговори на граѓани на Република Македонија е казниво дело. Исто така, свесното соработување со надворешни и домашни лица кои сакаат да и` наштетат на Македонија претставува велепредавство. Меѓутоа, иако претставува крајно неодговорно и противзаконско дејствување, во битката по секоја цена да се дојде на власт, Зоран Заев и СДСМ продолжуваат да му нанесуваат директна штета на државните интереси и на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Во борба за власт, заканите и уцените на Заев не се од вчера. Тие се дел од неговото политичко делување. Во минатото тој јавно се закани дека ќе јаде живи луѓе и дека кога ќе дојде на власт сите вработени, од чистачка до министер ќе ги замени со членови на СДСМ. Дури и на средбите со премиерот Никола Груевски, тој се обиде да условува. Односно да бара од него да поднесе оставка и дека ако не му се овозможи формирање техничка Влада ќе ги објави снимените материјали кои ги добил во соработка со странски служби.

За да дојде до целта се служи со сите средства. Всушност тој е тип на политичар кој го манипулира народот без срам и перде. Човек кој гази се` пред себе, но и човек кој е спремен да ја свитка кичмата и да побара странска помош само за да дојде и да остане на власт. Зоран Заев е закана за Македонија.

Бидејќи Заев и СДСМ во повеќе наврати по легален пат на демократски избори не успеа да ја освои власта, со објавувањето на снимените разговори добиени од странски служби, особено од снимениот разговор меѓу првиот човек на ДБК Сашо Мијалков и Муса Џафери, се сака да се постигнат повеќе цели меѓу кои: да се наруши безбедноста, да се покаже дека никој не е сигурен, да се предизвика страв и несигурност во народот, но и да ги влошат меѓуетничките односи во земјата.

Дека сакаат да предизвикаат страв и несигурност во народот, по изјавата на Заев, дека документите што ги има, „ќе и` наштетат на угледот на Македонија и ќе ги загрозат меѓуетничките односи“ сега се јави со слична изјава и Претседателскиот кандидат на СДСМ Пендаровски кој ги загуби Претседателските избори во 2014 година со повеќе од 120 000 гласа:

Се плашам дека ќе мора да дојдат странци ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите. Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа“, изјави Пендаровски.

На Заев и Пендаровски ништо не им е свето.

Покрај основната цел да влезат по секоја цена во власта, сакаат да направат слични инциденти како и во 2001 година, тогаш го направија конфликтот, а нивните деца си ги испратија на сигурно - на плажите кај нивните наредбодавци, кај јужниот сосед, а Македонците од Западна Македонија ги оставија да крварат. Прави шутраци, ова може само македонски изроди да го направат.

Сепак, македонскиот народ, како и Албанците во Македонија веќе не се наивни.

Сето тоа во 2001 година го имаат видено и искусено и нема така лесно да се навлечат на овие игри. Особено македонските Албанци не би сакале да го изгубат својот мир и сето она што го постигнале до сега, само заради интересите на некоја странска земја и интересите на Заев, Пендаровски и СДСМ, кои со својата налудничава и панична политика се` повеќе ја губат поддршката и на своето членство.

Исто така, Социјалдемократскиот сојуз како партија мора под итно да се ослободи од овој товар кој и` го наметна претходното и сегашното раководство предводено од лидерот Зоран Заев и целосно прочистена, почитувајќи ги демократските стандарди да го заземе своето место што и` припаѓа во Собранието. Само така, заземајќи конструктивна и активна соработка во политичкиот систем, оваа најголема политичка опозициона партија може да и` помогне на Македонија и да го врати своето достоинство.

Денес кога имаме самостојна Македонска држава, да се расправаме, да полемизираме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија, тогаш разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука мора да има единство, тука мора сите да мислиме исто, со македонска глава, водени од македонски интерес, зошто Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска, Македонија е наш благослов.

Вечна да е библиска Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.