|
|
Грчката борба за Македонија |
Периодот од 1895 година до 1908 година во балканската историја е познат како „Борбата за Македонија“. Иако насловот кажува едно, сепак причините за оваа борба се сосема други, бугарските, грчките, спрските чети кои од 1895 до 1908 година навлегуваје во Македонија единствено се бореле за исполнување на големодржавничките интереси и експанзионистичките политики на своите влади и монарси. Сите овие чети длабоко и` наштетиле на Македонија, но особено сурови биле андартите односно како што Грција ја толкува историјата „Борците за слобода на Македонија“ која подоцна како таква би се присоединила кон грчката држава. Дејствијата особено се засилуваат по поставувањето на митрополитот Германос Каравангелис кој ќе стане еден од идеолозите на андартското движење и творец на некои од најголемите масакри на македонското население. Негов приврзаник бил Коте Христов или попознат како Коте од Руља кој бил и член на ТМОРО, а му служел како кодош. Подоцна тој и ќе стане убиец на големиот костурски војвода Лазар Поп Трајков. Најголем дел на андартите биле составени од Македонци гркомани, но и од голем дел на власи. Селата Писодер, Бел Камен, Лехово и Желев се едни од оние во кои андартската пропаганда собрала најмногу приврзаници. Во 1901 година Каравангелис ќе привлече голем дел од македонските војводи кон своите идеи меѓу кои и војводата Вангел Георгиев кој пак ќе ја организира и првата андартска чета заедно со Јоргос Перакис. Конзулот Јон Драгумис во 1902 година ќе биде испратен во Битола со цел да формира тајни комитети за вооружено дејствување кои би биле како задгранични комитети кои би ја спроведувале политиката на Елиномакедонскиот комитет штотуку формиран во Грција на чело со Димитриос Калапотакис. Драгумис набрзо изготвил правилник за „Упатства на македонските чети при Високиот Совет при Македонскиот комитет“ и наскоро по ова ќе пристигнат и првите чети од од внатрешноста на Грција од Крит и Мани, а Каравангелис веќе во тој период формира чети од Грци, Албанци, Турци, Критјани и гркомани. За време на Илинденското востание дејствијата на андартите се пасивизират, односно се пренасочуваат во помагање на турската војска со муниција и со поткажување на информации во врска со движењето на македонските чети. Нивното најсилно и најдлабоко пенетрирање во Македонија ќе се случи по Илинденското востание кога тие ќе ја искористат лошата состоја на македонското револуционерно движење и ќе ги предизвикаат едни од најкрвавите и најголеми масакри во македонската историја. По разузнавачката андартска мисија во Македонија во 1904 година тие на голема врата влегуваат, а една од нивните насоки и директиви која често ја пропагирале со цел да не наидат на отпор од властите била: „грчките чети немаат цел да се борат против турскиот режим во Македонија“. Четничките андардски напади биле главно од одмаздничка природа кои се одмаздувале или за приврзаноста на егархиската црква на населението или пак за учеството во македонското револуционерно движење. Пред да извршат напад праќале вербална или писмена закана до населението од типот: „Ако по десет дена не станете Грци, повеќе не надевајте се да живеете“. Вакви и слични на овие закани биле испраќани ширум селата низ Македонија кои подоцна биле запалени и тотално уништени, сепак најзапаметени злосторства ќе останат Зеленичката крвава свадба и Масакрот во Загоричани. Зеленичката крвава свадба се случила на 13 ноември 1904 година, каде што на свадбата на егзархискот свештеник во селото Зеленич биле нападните селаните, од кои 11 биле убиени, 4 ранети, а многубројни жени биле силувани меѓу кои и невестата. Масакрот во Загоричани се случил во 1905 година на 25 март кога под команда на капетан Вардас (Георгиос Цонтос) било нападнато костурското село Загоричани, прославено македонско револуционерно село кое било запалено до темел, убиени биле 62, а 6 ранети. Оваа акција била поддржана од османлиските власти, а била испланирана од владиката Каравнгелис. Според некои податоци во пролетта 1905 година во Битолскиот вилает дејствувале околу 800-1000 андарти, а од почетокот на акциите па се` до крајот 1905 година грчко-турската граница ја минале 2 800 андарти од кој голем дел од нив биле со потекло од Крит. Сето тоа допринело да се отвори нов фронт против ТМОРО која била принудена на север да се бори против Српското четничко движење, а на југ со андартите. Андарските акции замираат во 1908 година по Младотурската револуција и завршила со нападот на селото Караќој на 21 септември 1908 година за кој масакр бугарскиот трговски агент од Сер ќе каже: „По грозните убивства, може да се каже, дека тоа дело е завршено и последните егзархиски куќи во селото остануваат само со вдовици и сирачиња“. Иако во Атина во 1908 година ќе се формира Сегрчката организација на чело со Панајотис Данглис андартскто движење сосема ќе замре. Зад андарските чети останаа крвавите стапки на убијците и силувачите и пороите невина македонската крв, која тие ја пролеале во корист на грчките мегаломаснки интереси и експанзионистички политики.
|