Среда, 25 Февруари 2015   
Вратете го она што е одземено на Македонците и ќе ви биде простено

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Белким Севишниот ќе помогне и ќе им даде разум на тие што не сакаат да и` помогнат на Македонија и конечно ќе завладее правда, мир и слобода за македонскиот народ.

Името Македонија низ историјата е синоним за прекрасна земја, земја на чудата и рајска земја. Но каде е таа земја денес, дали на планетава земја или негде на небото? Доколку беше на друга планета можеби немаше да стане ни збор за нејзиното име, за нејзиното “ослободување“. Но таа е на нашава планета, во Европа, на Балканот. Не е ни во средниот темен век за да може и да се прости, туку во 21 век, време кога на цела уста се зборува за човекови права, за демократија, за права на малите народи, за малцинствата. За жал на македонскиот народ, а за срам на народите од 21 век, Македонија сеуште е распарчена и оспорена. Нејзините соседи, како да се опседнати и на единствениот слободен дел од Македонија и` го оспоруваат правото на нејзиното уставно име, јазик и црква.  

Доколку се вратиме наназад во историјата, пред Христа ќе видиме дека Македонија била мајка на „храбри синови и славна земја која раѓала светски владетели како Филип и Александар Македонски“. За време на Римската империја, изградена врз основите на Македонската империја, иако народите беа ропски врзани со „железни закони“, сепак секогаш Александар се почитувал како бог, а неговиот народ како божји. Не помала била неговата слава и кај Турците, кои го нарекуваат Искендер, а неговата земја Румелија.

Име Румелија, ништо необично, ништо тајновито, ништо што би го свртело вашето внимание. Чудно или не, прочитано од десно на лево зборот Румел-ија(ија – земја) го дава името Лемур-ија, име кое припаѓа на познатата изгубена земја. Звучи фантастично и човек лесно можат да го прогласат за луд доколку се фати за јадецот и тврди дека е тоа навистина така. Но навистина кои ли тајни ги крие Македонија? Дали една од тајните која ја крие оваа земја е поврзана и со патот на јагулите кој познатиот Косидовски ги поврзува со изгубената Атлантида. Тука некаде се и стариот балкански народ Таулантите. Дали тоа беа основите на проектот на кој работеа Французите, Бугарите и Грците кои ја бараа некаде во Македонија споната помеѓу неандерталецот и хомосапиенсот?

Чудно, но се молчи за овој проект од нашата експертска јавност.

„Многу стари народи, иако слезени од светската сцена, со текот на времето пак се издигнаа.

Зошто истото да не биде и со Македонија?

Зарем само другите го имаат тоа право и истото го патентирале, а Македонија не може и не смее!?

Зарем Грците кои никогаш не се признавале за Македонци можат да го имаат ексклузивното право на Македонија? Сакале Грците и нивните сојузници или не, Македонија која отсекогаш била на Македонците, повторно изникна како феникс на светската сцена. Еден народ кој има свои обичаи, вера, јазик и традиција и гордо опстојувал сред толку многу искушенија, значи дека е способен за слободно постоење“!

Никој не може да го избрише, како што и досега не успеале многубројните освојувачи.

Додека Македонија беше под Османлиите сите слободни балкански народи, вклучувајќи ја и Грција ронеа солзи за да ја “ослободат“!

Но под мотото „За доброто на Македонија“ ортачки и крвнички ја поделија! Тие и денес сонуваат да го поделат и последното парче слободна македонска територија.

Европа, Русија и САД како и тогаш така и сега со ништо не помогнаа да се разреши гордиевиот јазол, дури напротив го замрсија до крајни граници. Однесувањето на Европа кон македонското прашање не беше и не е ни малку самариќанско. Таа и ден денес ги подгрева волчешките апетити на нашите соседи. Во такви услови Европа нема право да се чуди кога македонскиот народ, иако сака да влезе во ЕУ и НАТО, тоа не сака да го направи по цена на своето име, идентитет и јазик.

Во оваа улога, како што порано не се снајде ДН (Друштвото на народите), така денес не се снаоѓа нити Организацијата на Обединетите Нации. Скоро две децении ОН не успеваат да го решат грчко-македонскиот спор. Ако многу помали народи имаат право на постоење, многу поголемо право на своја држава има македонскиот народ, кој ја има задолжено светската историја на која и има оставено огромно културно наследство, а за кое да се разбереме, не е ниту Грчко, ниту Бугарско, ниту Српско, ниту пак Албанско.  

Но ако Грција несака да и` го врати „правото на историското наследство“ на Македонија, зошто тоа не го направат двата „братски“ соседни народи?

До кога ќе ронат солзи за судбината на Македонија, а од друга страна ќе го злоупотребуваат народот што е сличен на нив?

Ако Србија на некој начин ја врати територијата на Вардарска Македонија, зошто тоа не го направи и Бугарија со Пиринска Македонија и двете заедно да ја признаат Македонската православна црква. Нека Србија и Бугарија го направат тоа за пример! Нека на мирен начин им го дадат на Македонците тоа што е македонско!

Зошто уште го држат „туѓото“, претендирајќи дека е „нивно“?

Но кога Србија и Бугарија го немаат тоа „џентлменство“, и сеуште го негираат македонскиот народ, јазик и црква, што останува за Грција и другите народи кои ја поддржуваат.

До кога ќе се уништуваат Македонците?

Доста е ?

Ако Европа, САД и Русија на другите мали народи им ги  вратија правата да имаат своја држава, зарем не е време на Македонците да им ја вратат матичната земја?

Тие што поробуваат, порано или подоцна ќе бидат поробени, тие што потиснуваат ќе бидат потиснати, тие што ограбуваат ќе бидат ограбени, а тие што ќе се покаат и ќе го вратат она што насила го одзеле ќе им биде простено.

Белким Севишниот ќе помогне и ќе им даде разум на тие што не сакаат да и` помогнат на Македонија и конечно ќе завладее правда, мир и слобода за македонскиот народ.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.