Среда, 04 Март 2015   
Грчкиот шовинизам треба да се збогува од патот по кој оди!

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Се смета дека македонскиот проблем кој е создаден од Европа може да се реши само во рамките на интегрирана Европа во 21 век. Меѓутоа, вештачки конструираните национални истории кај соседите, особено по поделбата на Македонија во 1913 година, толку го развија шовинизмот што денес претставува кочница на евроинтеграциите на Македонија и реален проблем за целосна интеграција на овој дел од Балканскиот Полуостров во Европа.

Инаку шовинизам кој се дефинира како екстремен национализам, се одликува со претеран патриотизам и агресивно верување во националната супериорност и слава. Тој вклучува крајно и слепо поддржување на сопствената група, екстремна и неразумна пристрасност, која е изразена со злоба и омраза кон спротивставената страна. Самиот термин доаѓа од името на војникот Никола Шовен, кој бил познат по својата фантастична лојалност кон Наполеон Бонапарта. По сатиричната пиеса “La Cocarde Tricolore“, поставена во 1831 год., името на Шовен станува синоним за екстремен национализам или претеран патриотизам.    

Денес грчкиот шовинизам толку е ирзаен така да на Македонецот му го негираат правото на името, јазикот и идентитетот и ја попречуваат евроинтеграцијата на Македонија. Неодамна грчката неофашистичка партија Златна Зора повтори дека името Македонија е грчко и никој нема право да го користи со исклучок на Грција. Пратеникот во Европскиот парламент на Златна зора, Јоргос Епитидиос уште побарал „Скопје да престане да се нарекува Македонија“. Со класичен шовинистички пристап Епитидиос уште ќе додаде: „Изговорот дека Грција ја спречува интеграцијата на Скопје во меѓународните организации е лицемерен, а она што треба да го почитува соседната држава е историјата на нашата земја“.  

Но, шовинизмот не е ексклузивен само за Грците и не дека не постои и кај другите соседи. Во изминатиот период коалицијата на европратениците од Грција и Бугарија со антимакедонски амандмани се обидуваа по којзнае кој пат да го спречат отварањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија. Иако овие амандмани не поминаа, а Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ја усвои Резолуцијата на известувачот Иво Вајгал за Македонија во која по деветти пат, европскиот законодавен дом бара итно отворање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската унија, интересна е спрегата на Атина и Софија, особено ако се знае дека ниту Бугарите не ја почитуваат историјата на Грција. Иако тоа Грција добро го знае, таа никогаш не се обидела да го попречи влегувањето на Бугарија во ЕУ и НАТО.

Бугарскиот екстремен национализам во минатото не му е ни малку наклонет на Атина. Еве што говореле самите Бугари за оваа појава во својата земја. Бугарскиот просветен деец и политичар Д-р Кирил Драмалиев (9. II. 1882 – 20. XII. 1961), член на БРП (к) и ОФ, во 1946 година ќе ја објави брошурата „Теорија и практика на бугарскиот шовинизам“, а дел под наслов „Каде вирее шовинизмот“, потоа ќе биде објавена во весникот „Работничко дело“ (1. VI. 1946 год.). Во него Драмалиев критички осврнувајќи се на бугарскиот шовинизам со иронија вели:

„Познатиот великобугарин Стилијан Чилингиров напиша неодамна две шовинистички статии (бр. 142, 149 на весникот „Знаме“) кои не би смеело да бидат одминати со молчење... И во двете статии нема ниту збор за бугарската завојувачка политика, на пример, за зборовите на министер-претседателот д-р Радославов, кажани на 1 јануари 1916 година, кога нашите војски беа дојдени речиси до Јадранско Море: „Каде што стапнала бугарска нога, бугарско ќе биде“. Ниту збор за бугарскиот шовинизам и фашизам... Чувај боже: такво нешто во Бугарија немало.

...Во 1938 г. Стилијан Чилингиров напиша книга со громогласен наслов: „Што им дал Бугаринот на другите народи“? За таа своја книга, Стилијан Чилингиров беше прогласен од великобугарските шовинисти за „нов Паисиј“...  Се разбира, трудот на Стилијан Ч. е напишан „научно“... Авторот докажува - „објективно“... колку големи луѓе сметани за туѓинци, имаат во своите жили бугарска крв и др. Орфеј (легендарна личност што живеела пред илјади години во Родопите, кога на Балканскиот Полуостров немало ни помен од Бугарија) е „Бугарин“. Во жилите на Наполеон Бонапарта течела струја на бугарска крв. „Речиси половината од романските видни луѓе носат во своите жили бугарска крв“ и др. Авторот ја собира секоја несигурна претпоставка или сомневање искажани од странски научници за бугарското потекло на некоја историска личност, за да ги надуе и да ја „докаже“ величината на бугарскиот народ. Тоа е, всушност, манифестација на великодржавен шовинизам, кој Стилијан Ч. со задоволство им го припишува на другите, а категорично го одрекува за себеси и за бугарските шовинисти...

...Во 1938 г. излегува книгата на гимназискиот учител по ,.историја“ д-р Н. Шејтанов: „Великобугарски светоглед“. Еве што има во таа книга... (стр. 8, 9, 10): „Земјата на бугарскиот народ е многу поголема од територијата на нашата денешна држава. Таа земја ги вклучува сите краишта каде што се иселувале и живееле нашите дедовци од памтивек и каде што се одигрувала балканобугарска историја... Балканот го следи небесниот oд^ на сонцето. Тој доаѓа од Хималаите. Софија е создадена од географијата и историјата да владее над Балканот...“

Авторот најбесцеремонијално ги прогласува за бугарски херои Орфеј, Пријам, Хектор, Александар Велики, Константин Велики и др. Изгледа, г. С. Чилингиров, дека сето тоа е великобугарски шовинизам и уште каков - до налудничавост...“ – пишува Д-р Драмалиев во својата критика за бугарскиот шовинизам.

Брошурата „Македонија како бугарска земја“, издадена од „Военоиздателски комплекс“ (Софија, 1993 година), покажа дека и речиси по пет децении ништо не се изменило во погледот на Бугарија кон Македонија, која ја смета за своја крвава рана и за втора бугарска држава на Балканот. Меѓутоа, иако бугарскиот шовинизам не е цвеќе за мирисање и ги смета Орфеј, Пријам, Хектор, Александар Велики за Бугари, се поставува прашањето зошто тоа не му смета на Атина и заедно работи против интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО?

Одговорот за заедничкото дејствување на Атина и Софија лежи во нивниот страв дека лажно креираните истории во минатото конечно паѓаат во вода и се` повеќе вистината за Македонија излегува на виделина. За ова најдобро говори изјавата на новиот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчката телефизија Алфа во која вели дека проблемот не е во името, туку во она што се крие зад името: иредентизмот, што значи и барање за прекројувањето на границите, (односно враќање на состојбата пред 1913 година). Според него, меѓународната заедница треба да изврши поголем притисок врз македонските власти „за да се издејствува промена на иредентистичките ставови кои се пречка за решавање на спорот“.

Очигледно е дека грчките ставови остануваат непроменети, а надворешната политика во однос на ова прашање ќе се води со обвинување на македонската страна за иредентизам, иако Македонија официјално одамна се има обврзано за непромена на границите и се има откажано од заштита на македонското малцинство на територијата на соседните држави. Ако тоа се знае, тогаш сето друго укажува на грчки аспирации кон територијата на Македонија и нејзината намера за уништување на македонската држава.

Изгледа дека Грција, а и другите како неа, во својата шовинистичка налудничавост, никако неможат да сфатат дека тој пат треба да се смета за окрвавен и дооден и дека е време конечно да се збогуваме со него, со таквиот начин на размислување! Македонскиот проблем е создаден во Европа и тој проблем во 21 век може да се реши само со интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Инаку се` друго е војна и крв!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.