Среда, 11 Март 2015   
Црковни народи на Цариградската и Охридската црква, но не на Трновската и Пеќката црква, никако и никогаш на Атинската и Тиранската црква - такви никогаш и немало

Risto Ivanov
Ристо Ивановски

На Балканот живеел еден ист народ- Белци. Тој говорел само на варварски= пелазгиски т.н. словенски јазик. За варварски и пелазгиски јазик во Елада пишува Херодот, Тукидид и Платон. Пак, според Херодот и Тукидид, Елада била Пелазгија. Состојбата останала не променета и во новата ера. Токму и затоа кога навлегувале Аварите на Балканот, тие продреле и на Пелопонез. Па Аварите таму ги нашле Склавините кои си говореле само варварски= пелазгиски јазик. Тие биле само едно: само Повеќебожци. Следува дека ним како на Повеќебожци не им бил потребен некаков си Исус, туку само склавинскиот Хорс кој бил истоветен со на ведскиот Кришна и на египетското божество Хорус. Со наводот се потврдува, Склавините биле Домородци.

На Склавините како Домородци никако не им бил потребен христијанскиот јазик коине. Токму тој бил само Александријски Птоломејов јазик, и тоа после 300 г.п.н.е. Тогаш коине бил само хеленски= повеќебожен јазик. Него како христијански јазик го направил Апостол Павле, кој не го познавал атинскиот службен јазик.

За потврда дека во Атина не бил во употреба коине, кој со од Апостол Павле постанал христијански јазик, е доказот што Јустинијан во 529 година ја затворил Платоновата академија со атинскиот службен јазик. Овој во македонскиот царски двор го внел само Филип Македонски, а народот си говорел на своите говори.

Како краен доказ дека во Елада живееле само Пелазги= т.н. Словени е доказот со Фалмерајер, Отон- првиот еладски крал и Силвестер (1904 година). Според нив, во Елада немало никакви Хелени кои би го говореле хеленскиот јазик коине, туку само словенскиот јазик. И затоа тие заклучиле, немало Хелени, туку Словени.

Бидејќи коине станал христијански јазик, се говори за христијанскиот народ. Иако тој верски бил различен од повеќебожниот народ со склавинскиот Хорс, тој понатаму си го говорел својот склавински= повеќебожен јазик. Само високообразованите свештеници го научувале коине. Со текот на вековите, се` повеќе го научувале и тој како таков го познавале трговците и богатите граѓани, како спротивност на селата- во селата се говорел само пелазгиски= т.н. словенски јазик. Најдобар пример бил градот Битола во 19 и 20 век. Нејзините трговци и занаетчии го познавале коине, а селаните никако, тие си говореле само со својот познат селски народен склавински јазик кој бил само варварски= пелазгиски= т.н. словенски. За доказ се наведуваат црквите. Бидејќи само Битолчани им се спротивставувале на Отоманите кои биле Муслимани= Турци, само во Манастир 100% биле уништени црквите и манастирите. Во 19 век, на стариот темел, била подигната Св. Димитрија со својот православен двоглав орел на т.н. Византија, а во неа се служело само на коине. Бидејќи тој јазик бил службен на Цариградската патријаршија, во црквата со него се преповедало. Следи само по оформувањето на православната државата Елада, во која 100% Муслимани= Турци биле убиени, името Грци станало политички поим. Потоа во Битола= Манастир следи да се подигнат уште две цркви: Св.Богородица и Св.Недела со црковно- словенски итн.

Бидејќи се говори за политичкиот поим Грци, а Грци од 1767 година биле сите Балканци, а како граѓани само Римјани (Ромејци), се продолжува да се говори за црковни народи, оти само такви имало. Ова било повод Македонците да се определуваат според верската и црковната припадност: Муслимани= Турци и Христијани- Православни и Католици, како и Протестанти. Како Грци се изјаснале Браќата Миладинови, Григор Прличев итн. Токму и затоа тие подоцна сакале да ја возобноват Охридската архиепископија со својот црковно- словенски јазик, спротивно на коине, како и да си ги вклучат мајчините јазици (говори).

Охридската архиепископија била македонска на Апостол Павле, подоцна Јустинијанова и Охридска архиепископија. Следи македонската црква била апостолска, како што била Римската- Петрова црква. 

Наспроти двете апостолски цркви била Цариградската црква која не била апостолска. Неа како главна црква на сила/моќ ја наметнал Јустинијан. Ова било повод, често да се расправа меѓу Цариград и Рим. Или инаку кажано, никогаш и никој не расправал за македонската апостолска црква- Охридската црква.

Со цел Цариград да спречи да нема друг цар освен цариградскиот, кој бил водач на православниот свет, тој се послужил со мудрост, спречувајќи го признавањето на булгарскиот цар. Така тој спречил да има втор цар врз православието, и така православното царство да се подели на два православни владетели. Па токму и затоа цариградскиот цар го признал булгарскиот цар само како таков, но без булгарскиот цар да има свој самостоен поглавар на булгарската црква. За таа цел, царот од Цариград го изиграл булгарскиот цар, прогласувајќи го него само за цар, а поглаварот на булгарската црква го поставил само под цариградскиот патријарх, кој бил само под цариградскиот цар. Што всушност направил цариградскиот цар? Тој го свел булгарскиот цар не само на пониско рамниште со свој патријарх да биде под царот во Цариград, туку на уште пониско ниво, поглаварот на булгарската црква да биде само под цариградскиот патријарх. Ако се земе во предвид дека Охридскиот архиепископ пред и после владеењето на Цар Самуил бил само под цариградскиот цар, тогаш положбата на булгарскиот поглавар била никаква, со пониска положба под архиепископ, многу пониска од охридскиот. Или инаку кажано, никогаш немало булгарски цар со свој поглавар, туку само неговиот поглавар бил само под цариградскиот патријарх- најниско ниво.

Бидејќи Источното Римско (Ромејско) Царство, т.н. Византија, била во судир со Персијците и арапскиот ислам, а подоцна исламот го ширеле Персијците на Запад, царот го изиграл булгарскиот цар со поглаварот на црквата. Следи дека се` булгарско било ништожно. Значи, во т.н. Византија имало само две цркви: царската Цариградска патријаршија со царскиот јазик коине и народната Охридска архиепископија со црковно- словенски јазик. Овој црковно- словенски јазик бил создаден само со реформа на христијанскиот јазик коине и тоа само по налог на македонската династија со македонскиот цар, која лично го задолжила Македонецот Константин Филозоф тој да го реформира коине (т.н. старо-грчки) во црковно- словенски јазик.

Пак, т.н. српска црква била Пеќката црква која неканонски била отцепена од Охридската црква, и тоа само за време на крстоносните војни, кога во Цариград немало цар со патријарх под царот. Следи само заклучокот, Латините не биле надлежни за во православието. Токму и затоа Пеќката архиепископија само за крал и патријаршија само за цар не била канонска, ниту кралот и царот со звања добиени од ненадлежниот папа. За ова да се потврди, Комнените кои биле Македонци биле создавачи на Османите- османовите султани. Токму и затоа Комненовите султани ја повратиле Пеќката црква под Охридската архепископија. Меѓутоа, подоцна, за Макарија Соколовиќ се знае дека од Хиландер одел во Цариград, каде одржувал врски со тамошната патријаршија и со својот роднина, везирот Мехмед Соколовиќ. И сама така Пеќката црква била возобновена. Па ова било во спротивност на претходната одлука. Значи, Пеќката црква станала политичка.

Бидејќи секој владетел имал своја црква, Царот Самуил ја вклучил Трновската црква во неговото царство. Следи повеќе немало ни самостојна булгарска црква. Пак, за време на Василиј II Македонски средиштето во Силистрија, некогаш Дрстр, чија епархија потпаднала под Цариградската патријаршија. Ова говори, немало ништо бугарско, како што ништо немало српско.

Овде се говори за Цариградска црква и Охридска црква. Исто така, за на пониско ниво на булгарската црква од архиепископ, дури булгарската епархија потпаднала под Цариградската патријаршија. Пак, Пеќката црква не била канонска. Се заприметува дека никогаш немало Атинска и Тиранска црква. Ова се потврдува со доказот што селото Атина била под Соборната црква Св.Димитрија, што важело и за Тирана со сета Арбанија= Шкиптарија. Па Арбанија 100% била само под Охридската архиепископија и под Битола.

Само за потсетување: востанието за ослободување на Елада го дигнале Македонци- Комнени. Елада била 100% под Цариград и потоа и под Битола. Ова говори, Атинска црква никогаш немало. И ова може да се потврди: Со поделбата на Македонија црквите во Егејскиот дел на Македонија до денес се под Цариград, но никако под Атина. Пак, црквите од Вардарскиот дел на Македонија ги откупила Србија со својата црква Белградска митрополија која постанала Српска црква. Можноста Србија да ги откупи охридските цркви била токму само заради Пеќката црква која неканонски се отцепила од Мајката Охридска црква.

Конечен заклучок: можело да има само три народи: турски и два православни народи под: Цариград и Охрид. Без законска основа биле булгарскиот и српскиот народ, но без било што атински и тирантски народ.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.