Среда, 11 Март 2015   
Македонците не забораваат, Македонија не заборава, Македонија е вечна, Македонија засекогаш!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Нештата кои ни се случуваат во последно време, со објавувањето на т.н. „бомби“, нелегално прислушкувани разговори, од страна на опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, главно имаат за цел да предизвикаат нова дестабилизацијата на земјата. Ова сценарио треба да биде вовед кој ќе и овозможи на елитата на опозицијата со помош на странскиот фактор да ја дискредитира владеачката партија ВМРО ДПМНЕ за да таа повторно дојде на власт, кога веќе од 2006 година па до денес не може по легален пат да го избори тоа право на редовни или вонредни демократски избори. Од една страна тоа е добро зошто еднаш за секогаш елитата на СДСМ ќе се разоткрие и ќе се изгуби од политичката сцена, но од друга страна, старомодните политичари на СДСМ, алчни за пари и моќ, забораваат дека спроведувајќи ја оваа агенда ја ставаат на коцка државата.

Македонскиот народ кон крајот на XIX и почетокот XIX век во рамките на своите етнички простори ја започна својата револуционерна борба со Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Со четирите свети букви, со камата и револверот, со лавот како симбол на македонската гордост и непокор, македонскиот народ цел еден век се бореше за самостојност и за национална држава. По низа историски околности, делби предизвикани од меѓународните сили, како и внатрешни пресметки, во светата борба за слобода, македонскиот народ успеа делумно да го оствари својот сон, прво во 1944 година да создаде своја држава НРМ. Меѓутоа, делови од македонското ткиво останаа надвор од државните граници, а секаква помисла на обединување беше спречена од левите радикали кои ја презедоа власта и кои безмилосно апсеа, мачеа и стрелаа. Сепак левите сили кои тогаш го потиснаа името на ВМРО не можеа до крај да ги избришат четирите свети букви од меморијата на македонскиот народ.

Историските услови кои се создадоа на крајот на деведесетите години на минатиот век повторно го реинкарнираа името ВМРО, но овој пат како победничка партија ВМРО- ДПМНЕ.  

На првите повеќепартиски слободни избори во Македонија, мнозинството го освои ВМРО-ДПМНЕ. Со 39 пратеници од 120-те места во Парламентот. Меѓутоа, мнозинската одлука на народот не беше доволна да се формира политичка Влада, па се пристапи кон експертска.

Во овој тежок период, кога на барање на сопствениот народ и предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија како држава тргна по патот на осамостојување и го бараше своето место пред меѓународната заедница, но и кога на земјата и се закануваше можноста од војна, не смее да се заборави дека наследниците на некогашната радикална левица прво преку наследничката СКМ–ПДП, а набрзо СДСМ, не само што не ги почитуваа државните атрибути (химната), туку беа против независноста и ја презедеа иницијативата и на разни начини се обидоа да ја дестабилизираат и уништат ВМРО-ДПМНЕ. Во тие активности беа преземени полициски методи и софистицирано, легално преземање на власта во 1992 г. Со соборувањето на т.н. вмровска, експертска Влада на Никола Кљусев, во што наивно учествуваше и самото раководство на ВМРО- ДПМНЕ, му овозможи на елитата на СДСМ предводена од Бранко Црвенковски да ја замрачи демократската пролет во Македонија.

Во 1994 година, поради протести за изборен фалсификат до заби вооружени војници нишанеа кон народот!?

Одсуството на ВМРО- ДПМНЕ, кој сосема беше надвор од власта (ВМРО- ДПМНЕ ги бојкотираше изборите)во периодот 1994 до 1998 година, му овозможи на СДСМ да спроведе целосната партизација на државата. Неограничената моќ која ја имаше партијата („државата, тоа е партијата на власт“), како и намерно лошата кадровска политика и организацијата на власта, која доведе до навлегување во сивата зона на корупција, дополнително му овозможи на Бранко Црвенковски и црвената елита во текот на шест годишното владеење непречено да спроведе потези кои ја збогатија тогашната олигархија, но оставија трајни последици по Македонскиот народ и држава.

Не смее да се заборави дека во периодот од 1992 до 1998 година, СДСМ со сеење на безнадежност и дефетизам, чуство на немоќ и создавање услови за постојана контролирана нестабилност (меѓународната позиција, регионални односи, меѓуетнички состојби, политичи кризи поради фалсификување избори), успеа заради лични интереси на раководната елита предводена од Црвенковски да издаде 150.000 државјанства на Албанците од Косово, да спроведе криминална транзиција, да ја прифати референцата ПЈРМ (1993), да го смени знамето (ѕвездата од Кутлеш) и да го дополни Уставот во делот од преамбулата дека Македонија нема територијални претензии кон ниту една од соседните земји (1995), а со членот 15 да се откаже од грижата за македонското малцинство во  соседните држави.

Ваквите тогашни решенија на СДСМ ги поставија основите и го отворија маневарскиот простор на соседите за негаторската политика кон македонскиот народ и држава. Оттука денес ги имаме проблемите за членство во ЕУ и НАТО, каде не попречуваат Грција, Бугарија. Но тука се и Албанците од Косово. Меѓутоа, она што е најнегативно во целата приказна беа обвинувањата против Егејските Македонци дека се пречка во решавање на спорот со Р. Грција!

Во овој црн период на македонската пролет, се донесени неколку закони: Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал во приватен (1993), Законот за преструктуирање на претпријатијата загубари (1995), Законот за трансформација на претпријатија и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште и Законот за приватизација на државен капитал во претпријатијата со кој се предвидува попусти за продажба на државниот капитал (1996). Се смета дека со овие закони се овозможи да бидат инкасирани едвај 20% од вредноста на претпријатијата и дека ова приватизација е една од најнеуспешните од земјите во Централна и Источна Европа. Тогаш 25 претпријатија беа прогласени за загубари и повеќе од 120.000 работници останаа без работа. Наместо фабриките да бидат рестартирани, а голем дел од работниците да бидат вратени на работа, криминалната транзиција овозможи да се слее капиталот во црвената олигархија, која ги затвори фабриките и машините беа распродадени за старо железо, а исто така се овозможи над 5 милијарди евра да бидат изнесени од земјата, со што се опустоши македонската економија.   

Во овој период избиваат и најголемите афери не само во приватизацијата, туку и со штедилниците. Аферата ТАТ е една од неколкуте штедилници во која штедачите се ограбени. Но таа има посебна тежина зошто ќе предизвика потрес не само во Битола, туку и во цела Македонија. Меѓутоа, и покрај протестите и бројните самоубиства на ограбените штедачи, како и ветувањето на тогашната власт, односно на самиот Црвенковски, дека криминалот ќе биде разоткриен, главата на октоподот никогаш не е откриена.

Можете ли да замислите зошто?

Често се заборава дека во овој период покрај целосна партизација на администрацијата и судството, кога во Собранието беа избрани 600 судии по налог на Црвенковски, во земјата веќе е инсталирана и фондација под покровителство на Сорос која започнува да создаваат чадор на невладини организации и да поддржува т.н. независни медиуми кои имаат за цел да го обработат населението за таканаречената трансформацијата и демократизацијата на земјата, без притоа да се води поголема грижа за самиот македонски народ. Не случајно од 1992 година на чело на оваа Фондација се наоѓа член на најтесното раководство на СДСМ, а сите нејзини изнедрени и одгледани миленичиња денес се најголемите критичари на ВМРО ДПМНЕ.

Дали се сеќавате кој ги креираше новинарските фабрики и кој се учествуваше во нив!?

За да се задржат по секоја цена на власт, елитата на СДСМ предводена од Црвенковски не избира средства. Само за да се добие поен повеќе кај народот постојано се подбуцнуваа етничките заедници. Сето тоа ќе ескалира подоцна кога елитата која го управуваше општетвото ја стави на коцка државата. 

По изгубените парламентарни избори во 1998 година и претседателски во 1999 година, СДСМ и нејзиниот лидер заиграа на картата „Големото уво“.

На почетокот на 2001 година тогаш опозискиот лидер Бранко Црвенковски на прес –конференција обелодени стенографи на телефонски разговори на стотина прислушкувани политичари, новинари и дипломати. Аферата набргу беше покриена со воениот конфликт и многу прашања не добија одговор. Меѓутоа, воениот конфликт меѓу Албанците и Македонците тогаш требаше да покаже дека Македонија е тешко одржлива држава која може да го дестабилизира регионот за подолго време, што укажува на вмешаност на оние кои ги испровоцираа балканските војни и оние кои ја поделија Македонија. Како резултат на тоа се случи Рамковниот договор, промена на Уставот и Бадингтеровиот принцип, кој како што се покажа не ја води државата кон  стабилизација, туку во правец на нејзино исчезнување.  

Не смее да се заборави дека по војната рејтингот на ВМРО- ДПМНЕ опаѓа и тоа му овозможува на СДСМ да дојде уште еднаш на власт, доволно за да изврши уште едно злосторство врз македонскиот народ со Законот за територијална поделба. Кога народот од Струга се побуни, тогашното раководство на социјалдемократите го тепаше сопствениот народ, а со отворени закани се спротивстави за да не успее Референдумот против територијалната поделба во 2004.

Било да се на власт или во опозиција, раководството на СДСМ со банкарски конта во Швајцарија, Кипар и др. места, во минатото и сега направија и сеуште прави огромни штети на македонскиот народ и неговата држава. Тие помилуваа блиски криминалци, дозволуваа шверц, водеа тајни досиеја за неистомисленици, го делеа народот на бугарофили и србомани, ја фалсификуваа неколкупати изборната волја на граѓаните, го уништија здраството, школството и стопанството поради што многумина се иселија од земјата, кренаа хајка против бранителите, го поделија народот на антички Македонци и Словени, но се и  иницијатори на идеолошка, верска и национална нетрпеливост за сопствени цели. Исто така за сопствени цели тие знаеја да го кодошат сопствениот народ пред меѓународната заедница!?

Ден денес уште не е јасно како тоа претседателот Борис Трајковски беше прогласен за мртов уште пред да биде пронајден авионот?

Многу прашања од времето на владаањето на СДСМ остануваат мистерија. Меѓутоа, одамна македонскиот народ ја свати нивната игра.

Затоа од 2006 година па до денес на редовните и вонредните парламентарни, локалните и претседателските избори му ја дава својата доверба на ВМРО ДПМНЕ. Откако увидоа дека неможат по никаква цена да се доберат до власта, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја започна истата игра со „Големото уво“, во обид да го намали угледот на ВМРО- ДПМНЕ, а се со единствена цел да се вратат на власт. Меѓутоа, како да не сакаат да сватат дека објавувањето на нелегални прислушувани разговори можат да ја дестабилизираат земјата и да ја втурнат во нов конфликт како во 2001 година. како да не сфаќаат дека се тројански коњ кој треба да доведе до уништување на македонската држава.

Македонците не забораваат, Македонија не заборава, Македонија е вечна, Македонија засекогаш!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.