|
|
Бугарската Комунистичка партија и македонското прашање |
Периодот од 1920 па се` до 1941 во Македонија и општо на Балканот ќе биде обележан со масовното прифаќање на социјалистичката идеја и се` поголем и поголем пристап на Македонците во комунистичките партии на земјите кои присвоиле македонска територија по Букурешкиот договор од 1913 година. Бугарската комунистичка партија била една од комунистичките партии во кои македонското население масовно се вклучувало. Имено и самите почетоци на комунистичките идеи се тесно поврзани со македонските социјалисти кои се вбројуваат во генерација на првите социјалисти на Балканот меѓу кои Васил Главинов од Штип, и Димитар Благоев Дедото од костурското село Загоричани, според кој е именуван и градот Благоевград по наредба на Георги Димитров. Причината за масовната партиципација на македонското население во БКП лежи во самите идеи темелници на социјализмот, а тоа се: правото на секој народ на самопределување, борбата за слобода и економска моќ на секој еден народ на земјата, борбата за еден подобар свет во кој што ќе нема угнетувачи и ќе нема угнетени. БКП била единствениот политички моќен фактор кој во Бугарија ја признавал македонската националност и одговорно тврдел дека Пиринска Македонија е неправедно присвоена од страна на Бугарија во Букурешт 1913 година, поради големодржавничките и експанзионистички интереси на бугарскиот кралски двор и на бугарската влада. Македонците во Пиринска Македонија во периодот помеѓу двете светски војни се наоѓал во една тешка и незавидна позиција. Економски биле измачувани, биле асимилирани и подложувани на драконски казни доколку се декларирале како Македонци. Голем дел Македонци биле и вклучени во различните фракции на македонското револуционерно движење, кое со исклучок на неколку фракции бил под делумно, а во некои случаи и целосна контрола на бугарскиот двор било на финансиски или на политичко управен план. Димитар Благоев во неговото обраќање во парламентот на Бугарија во 1917 година ги посочува и ставовите на македонското население и ставовите на бугарскиот двор и влада.
Овој говор бил инспирација за многу други македонските дејци јавно да го искажат своето потекло па и по победата на комунизмот кога во комунистичка Бугарија во 1946 година ќе се спроведе попис на населението и на тој попис 70% од населението во Пиринска Македонија ќе се изјасни како македонско. Во БКП Македонците го пронашле она што со векови го барале: признавање на националните права, признавање на културната автономија, основните работи кои што секој човек треба да ги ужива, но за жал по смртта на Георги Димитров инаку по потекло Македонец, Македонците од Пиринска Македонија повторно ќе ги изгубат своите права и се` до ден денес нивната борба продолжува.
|