Среда, 25 Март 2015   
Окус-фокус-преварантус

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Тоа што Јадранка си сакала тоа си сонила, тоа си напишала тоа и осамна на насловна. Во „Фокус“. Убаво џанум, aми новинар е пустото ем и главен уредник, па еве ја кај се мачи, крши прсти ем тастатури настојувајќи да креира вис(т)ина. Јавно мнение. Која длабочина. Бунар. И тој со талог и кал место вода.

При состојба осека, сакам-кажам, незнам-речам, а пустото се сака, тебе душата, а од тебе газдата, на куќата или партијата не прави разлика, наследничката на легендата помеѓу фелата зела бабини деветини да си пишува. Да де тоа, видела жабата… Ете, „правела“ мини анкета помеѓу колегите и замислете, земете воздух пред да прочитате што добила ем безмалку „со консензус“. Читај и трај, но смеата настрана оти кој почне, брате мили, ниту ќе може да запре, а ниту пак, и толку солзи и кикот да изнајде. Значи вака!

Костова блада, нејзината „музичка“ влада, чиста, некомпромитирана, стручна, компетентна, абе... се нај-нај, и „најубо“ би ја водел Абдулменаф Беџети. Офкорс со фактор што е Албанец како и со пандан директор на МРТ. Инаку, патем, за мене е сеедно и марсовец нека е само легален да е односно не „со договор“ за (не)дело. Значи сонот и` е „преодна“ влада која би била угу за парада оти за трка нема граѓанско-изборен легитимитет. Нејсе, важно премиерот – цак! И` е решен ем - дуз! безгрешен. Досега ни чуен, а ни виден. Од нигде никаде. Ново лице. Ни во влади бил, ни кабинети помирисал. Капираш? Политчки Хи-мен!

Океј, него го востоличи, но мора понатаму да оди, та влада се сака. И адутите, перјаниците, министрите да му ги натокми оти тој, рековме, јагненце е па да не незнае. Хм, и тука „принцип је исти све су остало нијансе“ би рекол Балашевиќ. И тие се политички првачиња. И они - бајчиња! Желбичката на уредничката вели вака: Никола Димитров, Слаѓана Тасева, Арсим Зеколи, Мирјана Најчевска, Владимир Лазаревик… Сето мистер-министер, а сега за ресор нека му ја мисли Првиот, Абдулменаф. Ако и тоа не го умее да го одработи пак нејзе ќе и` се обрати или, пак, нека повика пријател. На пр. Сештолитико од супер „независниот“ Мактел. Додуша може ќе ги подиспцуе и... во п.м. отера ама важно умот ќе им го дотера.

Ех мори МАЈЧИЧКЕ страдалничке, до кое те доведовме дереџе. Со тажни пискотници од Шара до Баба, од Беласица до Галичица катаден не трујат и ушите ни зујат од лажни душегрижници, а вистински долгогодишни јавачи на апокалипсата. Но чекај, стоој! Застани. Крени рачна (слушалка од црвен телефон). Уредничката, ај таа сонува ама јас си велам пак да не дремам, а? Дај врзете ми тежок жежок шамар белки ќе ми светне. Та нели овде владее диктатура, режим, цензура... какви независни медиуми, какви бакрачи.

Дека лелеците на “замолчените“ капка вода не држат и следниве зборови нека послужат. Замислете, замижете за момент, обидете се ве молам само да ги претерате медиумите преку кои (не)можат да ја кажат вистината. Ги има од сите „вери и нации“, но поради простор и (ваше) време ќе нафрлиме само дел, што печатени што електронски, односно весници, ТВ, радиа, портали. Вели вака: „Слободен печат“, „Утрински“, „Вест“, „Фокус“, „Капитал“, „24 часа“, „Телма“, „Алсат М“, „Нова ТВ“, „Канал 77“, „Слободна Европа“, „Либертас“, „Плус инфо“, „Мактел“, „А1 он“, „Окно“, „Скај“, „Бриф“, „Тајм“, стави три точки и секој сам нека продолжи по принципот пет изброи едно запиши и пак ќе му требаат цели страници.

Тоа за тоа, но во оваа пригода не сакам едно нешто да изоставам, односно сакам да потсетам. Ми смета и тоа како што позицијата на сегашнава опозиција никако не и` се поднесува. Хронично! Не ја држи, тесна и е кожата на Павелшатевска, гори од желба нозе да испушти до кабинетите на Илинденска. Легитмно? Неспорно! Арно ама секогаш и по правило на кој и да било начин само не преку избори. Примери? Безбројници! Окупација на Собрание во повеќе чина, (зло)употреба на НВО-ата, пленуми (студентски, професорски, ученички... не сум чул уште за претшколски)... се` до капакот – пучот кој, демек, не бил тоа оти се сакало вистински бомби, а не снимени. Мајката! А тоа што снимките се нелегално снимани и набавени па не смеат ни насоне, а не и на јаве да бидат објавени ич уво не ги боли. Важно до власт да се доберат, се` до чистачка променат (министрите ете ги натокмија), кичма свиткаат, а за помошта на побратимите и името и идентитетот ќе им ги поклонат. За мезе, со узото и сиртакито, на прославата за завршената работа и по некој жив човек изедат. Канибал – таратор!

И? Сетне? Им се лутиме на соседите: Срби, Бугари, Грци, Албанци, а пред тоа (пет века) и на Турци... палци. Немој бе! Никој, никогаш, никому толку лошо не може да му направи колку самиот себе си. Или едноставно – ако не му (се) дозволи. Така, вака или онака петтата колона си ја брка својата валкана работа. Испорачува резултати, снимки и анализи, чекајќи заними власт и фотелји. Жална, но сепак вистина: наши браќа и сестри за пуста пара проклета, за нивни бели дворови и воними тројански хациенди ни копаат црни гробови.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.