|
|
Што има во името? Многу, се чини. |
Големо достигнување е да се оствари и одржи државна независност со помош на правото, но не и со помош на силата. Македонија се избори за својата независност без пролевање крв. Никој во светската политика не е имун на фактот дека една мала и кревка држава беше и сеуште е изложена на насилството од некогаш посилниот сосед кој хронично боледува од треската на национализмот. Аргументите на Владата на Република Македонија со чесно поведение, а кои ги почитуваат декларативните европски принципи се` поинтензивно се користат во насока на остварување стратешката надворешно-политичка цел, интеграција во европската унија (ПО ДЕФИНИЦИЈА УНИЈА ЗНАЧИ ЦЕЛИНА, ЗБИР ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ВО РЕГИОНОТ, А ЧИЕ ФУНЦИОНИРАЊЕ Е ВРЗ ПОЧИТУВАЊЕ НА ГЛАВНИТЕ ПРИНЦИПИ КОИ СЕ НАДНАЦИОНАЛНИ ГЛАВНО ЗА ПОДДРШКА НА МИРОТ И ПРОСПЕРИТЕТОТ). Противењето на Атина на НАТО проширувањето во Македонија, е слично по карактерот на релацијата Србија-Косово, или уште посоодветно е на тврдењето на заедниците дека се историски жртви на навреда, на окупацијата од страна на Османлиите, искуство портретирано многу полошо отколку што вистински е. Грчкиот став целосно го експлоатира фактот дека не постои јасна идентификација со државното наследство-имот. Пред Александар, Грција е конгломерат на градови држави и потпадна под македонска власт. Со Александар стана империја која се прошири на Авганистан. По Александар стана дел од друга империја, римска, византиска, отоманска. За разлика од нивните грчки хомоними, со кои имаат малку заедничко, Грците денес немаат доволно кохерентен идентитет за да се чувствуваат безбедни, тврдат со голема страст и покрај сите докази, директно потомство со античките Грци, истото укажува дека според многу луѓе, правилно информирани дека тие се многу повеќе словенски од грчки да бидам попрецизна, словенски на источната страна на полуостровот, албански од другата... Дури и самите Грци, кога ќе се почувствуваат разумни ќе го признаат неизвесното потекло. Авторот Никола Гејџ, грчки и покрај името признава дека современите Грци се производ на вековното мешање и инвазии на Турци, Словени (Македонци), Франки, Албанци, Италијани што се чита на нивните лица. Во секој случај, Филип и Александар, никогаш не одговарале на стандардите на Атина, Демостен гласно говорел за Филип – „Човек кој не само што не е Грк, не е ниту варварин, тој е наследник на Македон од Македонија, земја од која никогаш не добивме “достоен роб“. Дали денес постои релевантно покритие, истите ставови на грчките современици да бидат изменети во позитивни, истите историски личности да бидат доволно грчки и присвоени, дали постои сериозно образложение за вревата околу Вергина, името, освен стравот да се издржи вистината – стоечки. Македонија се етаблира како самоуверена држава во меѓународните односи и промовира политика преку која достоинството на нацијата се брани со одбраната на уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. |