|
|
Стравот од неуспехот, го прави Зоран Заев нервозен, уплашен, дезориентиран, но затоа и непредвидлив |
Бог страдаше и воскресна поради Својата безмерна љубов кон човекот. И бидејќи Божoјото вплотување и воскреснување е осмислено единствено со љубовта, така и делото на спасението на човекот е невозможно без подвигот на љубовта. Тој подвиг Бог постојано го очекува и од нас, бидејќи „љубовта е исполнување на Законот” (Рим. 13, 10). Украсувајќи си го животот со вера и срцето со чистота, да го исполниме благословот на свети апостол Јован кој вели: „Кој го сака брата си, тој е во светлината“ (1. Јн. 2, 10). Чеда, Македонци, верници... Во велигденскиот пост сме, пост пред најголемиот Христијански празник Велигден- воскресение на Исус Христос. Ден кој не` потсетува колкава е љубовта спрема човештвото од Бога и колку е безгранична и неизмерна љубовта со која се сака ,,ближниот“. Ние, верниците си ја прочистуваме душата со пост, преку храната за телесното прочистување но, и преку духовно постење, кога не се зборуваат глупости, не се мисли лошо, не се озборува, не се лаже, се почитуваат Божјите заповеди. Има ли поубав празник од Велигден. Велигден или Ден на Воскресението Христово. Сега е време на тага, а постот треба да ни ја прочисти душата, црквата да ни ги помири политичарите, чедата Македонски. Но, ете, пак пустиот не мирува... Им копа по продадените душички на многумина. Погани јазици, неверници. Македонците мора да се сплотат и да бидат единствени за да можат да се справат со секој обид за дестабилизација на македонската држава. Друг излез нема! Аболираниот политичар и лидер на СДСМ Зоран Заев ја испука и 13-тата бомба, со што уште еднаш докажа дека не бира средства за да го наруши кредибилитетот на актуелната власт само за да дојде на власт, притоа свесно нарушувајќи ги државните интереси и имиџот на земјата. Со објавувањето на монтираните снимки од нелегално прислушувани разговори, тој свесно покажа дека работи на дестабилизација на земјата, што всушност му одговара на странските служби кои континуирано работат на промена на името и идентитетот на македонскиот народ. Во денешните хаотични односи во светот, каде не се почитуваат никакви договори, правила и меѓународни норми, во практиката се водaт посебни операции не само против земјите од спротивен блок со стремеж за освојување на определени позиции, туку и против земјите во сопствениот блок, за да се задржат под своја закрила. Таквата политика претставува сериозна опасност, особено за малите земји како што е Македонија, која за жал е оставена сеуште да чека пред портите на ЕУ и НАТО. Организаторите на „тајни операции“ се држат кон принципот: активно да се дејствува, да се меша и да се води политика на сопствени интереси, и да не се поднесуваат последиците што можат да произлезат од таквите акции, па и меѓународно-правна одговорност ако се работи за држави и нивните официјални органи. Повеќато од тие активности се изведуваат прикриено, преку внатрешни играчи, притоа водејќи сметка да се отстранат доказите на државно мешање. Внатрешните играчи дејствуваат од различни причини: политички, идејни, иредентистички или сепаратистички позиции насочени кон територијално разбивање на земјата. Во овој случај со т.н. бомби на Зоран Заев, имаме обид за освојување на власта на нелегален и недемократски начин од лични интереси на елитата на СДСМ. Странските центри, кои ги поддржуваат, пак имаат за цел инсталирање на марионетска влада, која меѓу другото треба да изврши промена на името, обезличување на суверениот народ и поделба на земјата. Потврда за тоа е признанието на еден од осомничените дека неовластено прислушувал по наредба на Зоран Верушевски, која пак имал договори за сето ова со лидерот на СДСМ. Сето ова, како и потврдата дека прислушувањето се вршело во соработка со странски центри и агентурни мрежи инсталирани во Македонија, го срушија сценариото на Заев, но целосно не ја отстранија опасноста од повторувањето на 2001 година. Дека СДСМ е подготвена да дојде на власт по секоја цена укажуваат предлозите кои ги пласираат во јавноста, а кои можат да предизвикаат меѓуетнички конфликт. Така на пример тие говорат дека се спремни Албанец да биде поставен за премиер на Македонија. Потоа, Радмила Шеќеринска, заменик лидер на СДСМ, вели дека работите ќе се усложнуваат во земјата, во истата емисија на телевизијата Ал Џезира, во која лидерот на ветераните на ОНА пред картата на Голема Албанија изјавува дека Албанците се подготвени да се борат. Сето тоа претставува уште една сериозна закана по мирот и безбедноста на земјата. Односно укажува, дека за да дојде на власт, и покрај предупредувањата кои доаѓаат од Европа, раководството на СДСМ е спремно да ја стави на коцка не само државата, туку и животите на своите сограѓани. Согледувајќи дека СДСМ со своите поддржувачи може да ја дестабилизира Македонија, регионот и пошироко, група политичари (21), пратеници и членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа се обратија со писмена декларација за загриженоста од последниот развој на политичката ситуација во Македонија, особено за „неодговорното однесување на политичката опозиција“. Во оваа декларација тие ги осудуваат „заканите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кон премиерот на Македонија, Никола Груевски“ и ја осудуваат „инволвираноста на странски тајни служби и нелегалното прислушување на највисоките државни претставници на Република Македонија“. Во својата антидржавна и антимакедонска активност, раководството на СДСМ посебно дејствува да предизвика недоверба во системот, способноста на македонската држава и нејзиното раководство за да ја спроведе зацртаната програма на економски развој на земјата и намалување на невработеноста. Со своите т.н негативни бомби настојува да ги драматизира одредени слабости, како и да ја спречи и неутрализира позитивната бомба на ВМРО-ДПМНЕ која претставува зголемување на инвестиции, забрзан економски развој и вработување на луѓето, што претставува вистинска закана за нивните цели. Во последните повеќе од месец дена СДСМ пласира 13 т.н. бомби, креирани и конструирани разговори за личности од владеачката партија, но ефектите врз народот се минорни. Стравот од неуспехот, го прави Зоран Заев нервозен, уплашен, дезориентиран, но затоа и непредвидлив. Документарецот на Ал Џезеира е знак на очај, но и знак за зголемена будност. Македонскиот и албанскиот народ, едноставно не смеат да веруваат на политичари кои заради лични интереси се спремни да предизвикаат меѓуетнички конфликт. Самото членство на СДСМ, особено младиот кадар треба да ги спречи ирационалните потези на својот лидер и блиските околу него и да ги стават на столбот на срамот, зошто тие ја уништуваат не само нивната иднина, туку и иднината на македонскиот народ. Македонците мора да се сплотат и да бидат единствени за да можат да се справат со секој обид за дестабилизација на македонската држава. Друг излез нема!
|