Среда, 01 Април 2015   
Бомби полни со прашина!!!

До Претседателот на СДСМ, господинот Зоран Заев!

Господине Заев,

Вашите бомби освен прашина, ништо друго не кренаа!

Почнавте како тигар, завршивте како черга пред вратата за бришење чевли!

Бумерангот, кој го фрливте ќе Ви се врати назад и ќе Ве уништи Вас, елитата на СДСМ, како и странските тајни служби, кои ве финансираат!

Колку подолго објавувате илегален материјал, добиен од тие служби, толку подлабоко тонете во сопствениот измет!

Вашиот однос према Македонија и македонскиот народ ми личи на слон кој се наоѓа во порцеланска продавница или пак, како секира која „краде” во шумата дрва!

Доста ни го „масирате” мозокот со лажните илегални снимки! Досадни сте веќе!

Ставете си ги под перница и сонувајте за Вашето наскоро изчезнување од политичката сцена! Вие сте излишни на таа сцена!

Побргу ќе се протне една камила низ увото на една игла за шиење, отколку што Вие ќе станете Претседател на македонска Влада!? Вие немате формат за еден таков позив!

Во моите мисли Ве гледам со селска капа на главата, со чизми преку колена и со вила во рацете, како ја чистите шталата на кравите. Таму Вие е местото! Тоа не значи, дека го понижувам тој позив!

Илегалните снимки добиени од душманите на Македонија и македонскиот народ, освен банални, чаршијски и без никаква содржина  разговори, ништо друго не покажуваат. Од тие илегални телефонски разговори, не можам да заклучам, дека лицата кои се снимени вршат некое кривично дело или криминал. Повеќе ме загрижува нивниот непристоен и на некој места вулгарен речник, отколку содржината. Илегалните снимки немаат никаква судска вредност и секој суд во светот ќе ги отфрли како ирелевантни!

СДСМ и Вие како Претседател на таа квинслишка-бандерова партија ја изгубивте довербата во македонскиот народ. Се прашувам често пати, кој ѓавол е влезен во вашите црни, грешни души? За соработка со странските тајни служби против интересите на Република Македонија и против интересите на македонскиот народ, Вам и на други личности од редовите на СДСМ, народот кога и да е, ќе ви ја изрече казната која ја заслуживте. Ќе влезете сите во историјата на Македонија, како предавници на сопствената држава и народ. Немојте, во моментот на разочарување, да ја барате грешката во народот за Вашиот досегашен неуспех!? Македонскиот народ, на тие што сакаат да „свиткаат кичма” за менување на името на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ, пред да го направат тој предавнички чин, ќе им ја скрши истата.

Вистината за Македонија е во тоа:

-да го почитуваат сите партии Уставот и законите на Република Македонија!

-да се почитуваат од сите партии основните правила на демократијата!

-Вие и Вашата партија, во моменталната состојба, да изчезнете од политичката сцена на Македонија!

-да ги искорените метастазите од комунизмот во Вашата партија!

-да престанете Вие и Вашата Партија да соработувате со душманите на Македонија и македонскиот народ!

-да престанете да му ветувате на албанскиот блок за ротација на местата во Владата (предлогот на Фрчкоски од 2011 година)!

-да се даде оштета на лицата, кои незаконски- како последица од приватизацијата- ги изгубија работните места!

-да го платат сите лица, без разлика на партиска припадност, данокот кој му го должат на државата!

-да го искоренат сите партии нагонот за корупција и послужување од државната каса!

-да се решаваат проблемите преку културен и цивилизиран дијалог!

-да не се проповеда Реваншизам и омраза!

-да не владее зависта и љубомората во Вашата партија за успесите на ВМРО-ДПМНЕ!

-да нема закани со телесни повреди и одстрел на неистомослениците!

-да се вратат сите пари заработени од приватизацијата во државната каса!

-да се вратат сите државни фирми купени од приватизацијта за 1€, а денес сеуште стојат затворени-не функционираат и да се дадат повторно на лицитација!

-да има повеќе за народот и помалку за сопствениот џеб!

На крај, да се помолиме на Господа за Вашата заблудена грешна душа, како и за заблудените грешни души на елитата на СДСМ:

ОЧЕ  НАШ,  КОЈ  СИ  НА НЕБЕСАТА,  ПРОСТИ  ИМ  ГИ ГРЕОВИТЕ  НА  ЗАБЛУДЕНИТЕ  ГРЕШНИ  ДУШИ,  ЗАШТО  НЕ ЗНААТ  ШТО  ПРАВАТ!!!

Со почит,

spiro-nikovski
Спиро Никовски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.