Среда, 01 Април 2015   
СДСМ е несериозна и дезориентирана партија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Што ни носи СДСМ со својата политика?

Објавувањето на т.н. бомби од нелегално прислушувани разговори од страна на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, претставува крајно несериозен однос на најголемата опозициона партија, кој и нанесе огромна штета на земјата. Иако нелегалното прислушкување и јавното објавување на снимки претставува криминален акт со што се нарушува основното човеково право - приватноста, тоа не им пречеше на СДСМ, наместо низ институциите, истите да ги пласира во јавноста како ексклузивна вест со цел да ја дискредитира актуелната власт, а ним да им се поправи имиџот и да ги врати на власт без избори, преку формирање на техничка влада.   

Обидот на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска преку т.н. бомби да се претстават како патриоти и Македонци кои се загрижени за демократијата во земјата, само за да дојдат на власт, не им помина кај Македонците, но затоа им направи огромна услуга на оние сили кои работат за промена на името и за разнебитување на македонскиот народ и држава. Со тоа уште еднаш се легитимираа како политичка елита која од осамостојување, освен своите лични интереси, никогаш не ги застапувала интересите на македонскиот народ.

Во недостаток на своја програма и визија како да ја водат државата, раководството на СДСМ отсекогаш се трудело преку своите медиуми на народот да му поттурат лижавчиња како успешна приказна. Но, кога биле на власт, набргу во режија на оваа партија, успешната приказна преминувала во хорор серија, во која освен Рамковниот договор и територијалната поделба, се појавувала огромна невработеност, немање на инвестиции, рекорд во корупцијата, криминал, негрижа, уништени перспективи на цела една генерација од населението и огромна рамнодушност кон страдањата на населението.

Склони на манипулации и соработка со невозможни коалции, од осамостојувањето до денес, СДСМ на двапати доаѓа на власт. Прво во 1991 година, успешно го надитруваат неискусниот Љупчо Георгиевски, па прво преку експертска, ја превземаат власта. Десетина години потоа, по Големото уво, за време на конфликтот во 2001 година, од опозиција влегуваат во широката коалициона влада, за да во 2002 година коалицира со истите оние против кои Македонија војуваше. Ваквите игри и коалиции, како и изборните фалсификати правени од нивна страна во текот на две децении, покажуваат дека СДСМ никогаш не се трудел да ја почитува вољата на избирачите, дека никогаш не го ценел сопствениот народ.

Народот одамна ја има прочитано оваа безидејна, бездушна и жедна за власт партија. Ветувањата кои СДСМ ги даваше на народот во предизборието никогаш не ги испочитува. Ниту едно од големите ветувања не испорача, а сонот никогаш не го исполни. Сето тоа беше знак дека СДСМ уште долго ќе биде надвор од власта.  

Од 2006 година, народот својот глас континуирано го дава за ВМРО-ДПМНЕ. Свесни дека одамна ја имаат изгубено довербата кај народот, дека позицијата на партијата кај народот е исклучително неповолна, СДСМ која е политички несериозна и дезориентирана партија влета во невозможни комбинации - соработка со странски служби и други кои не и` мислат добро на земјата. Добиениот арсенал “бомби“ од нив, денес Заев го користи повторно за да изнуди - формирање на техничка влада.

Многу работи за кои се обвинува сегашната власт, беа својствени за време на владеењето на СДСМ. Но, она што му личи на СДСМ, не им личи на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои зад себе ја имаат огромната поддршка на народот. Добро организирани и сериозни, ориентирани во простор и време, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски најавува нови инвестиции, нови вработувања, нешто што го нема и е незамисливо во програмата на социјалдемократите.

Масовна поддршка на народот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им го поремети домашниот есап на СДСМ и нарачателите на „бомбашкото сценарио“. Ги збуни и медиумите кои работат во спрега со СДСМ и кои наместо да бидат дел од решението, станаа дел од проблемот на социјалдемократите. Всушност, со своето известување тие ја побија тезата на СДСМ дека во Македонија нема демократија, дека медиумите се под контрола, а новинарите репресирани.   

СДСМ како партија никогаш не ги исполнувала условите за да ја води земјата по правиот пат, зошто никогаш не го застапувала народот. Но, затоа умее да прави интриги, да сплеткари и да го кодоши сопствениот народ. Крајниот ефект од тоа е повторно да се вмешаат странци, тие да ни ја кројат судбината. А секогаш кога тие ќе се вмешале Македонија била поделена, а македонскиот народ обезличен.  

Со т.н. “бомби“ на Заев, СДСМ успеа да ја вмеша Европа. Во Европскиот парламент, со посредство на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит и под надзор на Дејвид Кулен и Кристина Грау од Европската комисија, се оддржа прв дијалог меѓу претставниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според информациите од оваа средба, претставниците на СДСМ останале на барањето за формирање на преодна Влада, како и оставки на министри и др. Но, тоа било отфрлено од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, од европратениците било побарано итно враќање на социјалдемократите во Собранието и прекинување со објавување на телефонските разговори што се стекнати на нелегален начин, за што ќе следува судскиот случај „Пуч” на кој ќе се докажува нивната автентичност. Продолжување на овие разговори се очекува по Велигденските празници.

Затоа од друга страна македонскиот народ се мобилизира и кажа решително НЕ и го поддржа ВМРО-ДПМНЕ кој е нејзин гласноговорник. Доста е играње со Македонците, време е и тие да видат бел ден.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.