|
|
Од нелегално прислушуваните разговори на Заев, најмногу губи МАКЕДОНИЈА |
Македонскиот народ долго не памети вака некој да ја оцрнува својата татковина, како што тоа го направи З. Заев и неговите соработници. Во желбата да се дојде по секоја цена на власт, тие со „валканите бомби“ ја испоганија земјата и извалкаа се` што е свето кај македонкиот народ. Додека медиумите пишуваат за блуениците на Заев, неговите странски нарачатели задоволно се смешкаат и се спремаат да го зададат следниот удар кој има за цел разнебитување на македонскиот народ и држава. Сепак валканиот бомбаш, кој е спремен со своите соработници да соработува со странски фактор, да го свитка грбот и да го смени името, да практикува улична демократија само за да дојде на власт, заборави на неколку работи. Со овој чин човекот сам се обележа и се запиша на листата, уште еден предавник на својот род. Македонскиот народ е толерантен, но, никогаш нема да заборави на неговото плукање по сопствениот народ и држава. Тој заработи презир и кај поголемиот дел од младите членови на неговата партија кои си ја сакаат државата. Тие, исто како и ние, би дале се` за Македонија. Потврда за ова е апстиненцијата на (не) присуството на членството во универзална сала. Навистина, Заев е греотичка, кога и по толку напишани книги по историја не разбрал една многу важна работа дека ниту Османлиите, ниту нашиве соседи, не излегле на крај со ВМРО. А тој се надевал дека ќе го сруши. Бог да чува! Заев со својата подготвеност да ја дестабилизира земјата само за да дојде на власт, ги доби сите симпатиите кај нашиов јужен сосед, кај еден Амбасадор, еден педер и кај некои радикални елементи од Албанците кај нас и во Косово. Сите тие мислат дека сега е време да се реши проблемот со името, дека сега е време на македонскиот народ да му се наметнат нови услови кои водат кон негово разнебитување. Од нелегално прислушуваните разговори на Заев, најмногу губи МАКЕДОНИЈА, оваа за која илјадници Македонци се бореле, а голем дел го дале животот за да ние денес слободно живееме во овој дел од нашата Македонија.. Со своите валкани “бомби“ и неразумна политика, оваа партија ја оддалечува Македонија од ЕУ, внесува сомнеж кај инвеститорите кои вложуваат свој капитал во земјата, но, затоа пак ги зголеми и апетитите на албанските екстремисти и оние кои сакаат да ни го сменат името. Слично како што еврејската држава го чекаше своето создавање 2.000 години, така и Македонија чекаше повеќе од 1.000 години на создавање на своја држава. Како што Евреите се бореа и се борат за својата држава, така и ние треба да продолжиме да се бориме. Треба да учиме од нив како да ја сочуваме со многу крв создадената државава, а ќе ја сочуваме. Сепак, и покрај сите опструкции, Македонија ќе испадне победник, затоа што со овие предавства нашата држава се челичи. А, македонскиот народ и Македонија како држава опстојува и така ќе биде во иднина - држава запишана во Библија не може некој денес да ја избрише. Со исклучок на мал број гладни и жедни за фунции, македонскиот народ уште повеќе се сплотува и ги поддржува позитивните реформи и промени кои ги воведува Премиерот Никола Груевски. Тој сака развој, нови вработувања, а не конфликти. Македонскиот народ не сака уште еднаш да види како се лее македонска крв, за да некој “љангач“ на недемократски начин дојде на власт. Затоа и ние, стари и млади, ќе покренеме иницијатива за борбата да биде уште поголема, но и пократка, зошто ако сите знаеме дека се бориме за квалитетот на нашиот живот, а со тоа и за квалитетот на животот на нашите деца, нашите внуци и идните поколенија, никој нема да не` сопре во тоа! Само сите заедно можеме да ја постигнеме целта. Многу млади Македонци сега уште повеќе сакаат да го продолжат веќе започнатото, да го продолжат патот кој го трасираа многу генерации пред нас и на крај да ја видат Македонија економски силна држава, членка на ЕУ и НАТО. Затоа младите ја сакаат ВМРО-ДПМНЕ, затоа што оваа модерна партија се залага за таква Македонија. И на крај „ПОБЕДНИЦИ ПОСЛЕ ОВИЕ “БОМБИ“ ќе бидеме сите ние кои ја продолжуваме идеологијата на четирите букви, ние заколнатите пред Библијата, ножот и револверот, победници ќе бидеме сите, без разлика на вера и нација: Македонци, Срби, Албанци, Турци, Роми, Евреи,...кои искрено сакаме, да има мир, а не конфликти во Македонија. |