Среда, 08 Април 2015   
ВМРО НИКОГАШ НЕ УСПЕАЛЕ ДА ГО ПОБЕДАТ!

mane jakovleski 1Мане Јаковлески

Македонија е исправена пред искушение и предизвик од сили кои сакаат да не постоиме, поради туѓи и други интереси за свои сфери на влијание на овие простори. Извршителите се во офанзива и сметаат дека Македонија може да ја урнисаат. И затоа, како повеќе од кога и да е: Да ги здружиме силите, да се сплотиме сите од деведесеттите години и единствени и обединети да ја продолжиме идеологијата на ВМРО за Македонија, светоста и фениксот на Македонците! Сите, на кои Македонија ни е во срцето, гласно да кажеме: Повеќе не ги сакаме тие кои работаат против интересите на татковината!

Македонскиот народ ја бранел, Македонците знаат да ја бранат и ќе ја одбранат својата света земја Македонија!

Додека други држави водат политика за влијание врз што поголема територија, кај нас, за жал, постојат политичари кои водат контраверзна политика со којашто се откажуваат дури и од сопствениот суверенитет, предавајќи ја сопствената земја во раце на туѓинци.

А, како поинаку да биде протолкувано однесувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој со објавувањето на прислушкуваните разговори одработува за туѓи интереси? Кај сите во светот, името, идентитетот, јазикот и сопствената територија се светост без алтернатива, во светот не постои политичар кој за да дојде на власт е подготвен да тргува со нив. Достоен пример за тоа како се создава, чува и брани државата, секако е нам братскиот Еврејски народ. По огромните жртви кои ги дадоа Евреите, создавајќи држава достојна за почит, не постои ниту еден нивен политичар кој е подготвен да даде ниту педа од сопствената земја. Друг народ кој споделува иста судбина со еврејскиот народ се Македонците.

Меѓу двата библиски народи, кои најдоцна ја возобновија државноста, постои вековно пријателство, но и тесна соработка, особено меѓу безбедносните служби. Но, за жал, во Македонија постојат политичари на кои ништо не им е свето и кои за да дојдат на власт се спремни да ја дестабилизираат земјата, да ја свиткаат кичмата, да го сменат името, па дури и да дадат дел од сопствената територија. Сепак, најцрното кај нив е обидот да го извалкаат вековното пријателство меѓу двата библиски народа. Потврда за ова се последните настани, кога лидерот на социјалдемократите Зоран Заев објави креирани прислушкувани разговори, кои директно беа насочени против соработката на Македонија со Израел, кој ја има една од најсилните безбедносни служби во светот. Ако се проследат и објавените прислушувани разговори кои беа директно насочени за да предизвикаат меѓуетнички конфликт меѓу Македонците и Албанците, се наметнува прашањето: Зошто и за кого Заев се обидува да инсталира кавга меѓу Македонија и Израел, и зошто сака да ги ослаби безбедносните служби во државата? Од креираните материјали кои Заев ги објавува, видливо е дека тој игра по сценарио на странски центри со цел да ја нарушат стабилноста на Македонија и нејзиниот меѓународен углед. Исто така, воочливо е дека откако со првите објавени креирани прислушкувани разговори не го постигна саканиот ефект, оставка на актуелната демократски избрана власт, сега се обидува да предизвика меѓуетнички тензии и конфликт, контролирана нестабилност или дестабилизација на Македонија. Видливи се тенденциите да инсценира, искреира продолжување на 2001 година, што значи подгревање на аспирациите кај албанските радикали кон македонските територии. Тоа е денешната реалност: Политичари кои опстојуваат и прават договори со разни надворешни фактори, дури и по цена на ништење на сопствената држава и сопствениот народ. Ваквите постапки, поинаку, во светот се нарекувааат предавство, зашто се уште не е познато дека еден народ може да има држава без да владее со сопствената природна и од бога дадена територија. Историјата се повторува и му е позната на македонскиот народ.

Затоа, премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово недвосмислено рече: “Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии!“ Додека политичарите од типот на Заев немаат ни срам ни перде од она што го прават и од она како ќе ги спомнуваат во иднина, македонскиот народ мудро ја следи состојбата и не дозволува да биде наведен на играта на Заев и неговите налогодавачи. Затоа, време е да се расправаме, да полемизираме, да се натпреваруваме, но во нудење идеи и решенија, тогаш и разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука мора да сме единствени, тука мора сите да сме со иста мисла - мир и љубов за Македонија, да мислиме одговорно, водени од Македонски интерес и да владееме суверено!

Овие денови гледаме како некои странски медиуми емитуваат емисии во кои ни се испраќа порака дека некои градови и подрачја од македонската држава не биле македонски, што е показател за подготовка на терен за дестабилизација на Македонија.

Се разбира, тоа нема да е првпат но, овојпат македонскиот народ, како и во минатото, на чело со ВМРО, со сите средства, ќе ја брани својата земја и на сите им е јасно дека ВМРО никогаш не успеале да го победат! Нема да дозволиме ни сега, како и пред столетие, по цена да ги жртвуваме и нашите животи, тоа мора сите да го знаат, а такви не има илјадници, ќе го браниме и одбраниме суверенитетот и територијалниот интегритет на државата ни Македонија!

Се’ додека Македонија има одважни синови и ќерки, горди и достојни на своите корени со срце и душа за татковината, ќе постои и ќе ја има Македонија, ќе не’ има сите нас, Македонците, кои се вложуваме пред олтарот на честа и вистината за идеалите на Македонија!

Достојно и гордо извикуваме. Браќа и сестри од сите партии, верски и етнички заедници, сите како Македонци, да се обединиме во еден фронт против предавството на Македонија, против велепредавството на Македонија, од домашните колаборационисти!

ВЕЧНА ДА Е И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.