Среда, 15 Април 2015   
Илинденското востание и неговиот одзив во светот

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Крикот на македонското население против неправди и невољите кои што гo ималo, биле основен мотив и причина за да се дигне Илинденското востание. Македонските востаници кои што во предвечерието на востанието броеле околу 26.500 востаници, меѓу кои голем бил бројот на оние кои што биле недоволно обучени и недоволно вооружени за борба против 350.000 турски аскер кој бил испратен за да ја сузбие дејноста на револуционерната организација и крваво да го задуши востанието.

Со Декларацијата на ЦК до големите сили се кажуваат причините за востанието и кои работи ќе се случат доколку меѓународниот фактор одлучи и понатаму да не се меша.

Декларацијата ја пренесуваме во целост:

„Декларација

Неказнетите насилства на муслиманите и систематските гонења на администрацијата, ги дотераа христијаните од Македонија и Одринско до неопходноста да прибегнат кон една масовна вооружена одбрана. Тие ја прегрнаа таа крајност, откако ги исцрпија сите мирни средства, за да го предизвикаат мешањето на Европа во духот на договорите, кои ги договараат за положбата на тоа население. Таа интервенција останува и до сега како единствено средство, за да се отстрани злото и да се запре проливањето на крв. Бидејќи неуспешните палиативни мерки, преземани до сега од Европската спогодба, за да се подобри турскиот режим, доведоа само до едно засилување на муслиманскиот фанатизам и на државниот притисок — станува очигледно, дека таа интервенција може да биде ефикасна само, ако претходно би имала и непосреден резултат:

1. Назначувањето, со согласност на Големите држави, на еден главен управник-христијанин, кој никогаш не й припаѓал на турската администрација и независен при исполнување на неговите должности од Високата порта.

2. Установувањето на една меѓународна колективна контрола, која би имала широки права на санкционирање.

Кога ги доведува до знаење причините, коишто го предизвикаа очајничкиот акт на востанатото население, како и мерките, коишто можат да ги запрат неговите последици, Втрешната организација ја отфрла од себеси целата одговорност и изјавува, дека таа ќе ја поддржува борбата до целосното постигање на својата цел, црпејќи ја енергијата во свеста на својот долг и во симпатиите на цивилизираниот свет“.

Борбите биле сурови понекогаш на еден востаник му доаѓале по сто души османлиски аскер. Зачудувачки се бројните изјави на турските офицери и команданти кои на своите војници како пример за тоа како треба да се сака и да се гине за татковината им ги посочувале македонските востаници, кои до последната капка крв се бореле за својата татковина.

На крајот на востанието имало 239 борби, во кои паднаа 994 востаници (според спомените на Христо Силјанов) иако овие бројки би биле и многукратно поголеми доколку се земат во обзир и жртвите од цивилното население. Во четирите вилаети пострадаа повеќе или помалку 16 околии, во кои: 201 село беа целосно или делумно опожарени, 12.440 куќи во тие села опожарени, 4.694 души беа испотепани, испоклани и живи изгорени. 3.122 жени и моми беа обесчестени, 176 жени и моми беа запленети, 70.835 души беа обездомени, 30.000 души избегаа во Бугарија. Огромни и крвави биле одмаздите на османлиската војска која според нивната тактика доколку го нападнат неборечкото население и семејствата на востаниците, востаниците би биле притиснати да ги предадат пушките.

Илинденското востание не го дало потребното разбранување на меѓународната политичка сцена, ретки и поединечни биле весниците и организациите во кои се зборувало позитивно за македонското востание, додека останатите или воопшто не покажале интерес или пак истото го третирале како бугарска провокација на територијата на Османлиите (став кој и до ден денес се провлекува во западните историографии).

Мирцштеските реформи од 2 октомври 1903 година не биле ништо ново, туку само продолжување и софистицирање на Падарските реформи од февруари 1903 со кои се предвидувало внесување на христијани во воените служби, а со новите реформи се предвидувало тоа да бидат претставници од западните демократски држави.

Од тука, македонското население ќе излезе повторно незадоволно во уште понезавидна состојба од пред востанието, бидејќи сега четите биле наполно разбиени, народот немал средства за живот, бил тероризиран постојано, со огромни жртви на бојните полиња, селата биле разрушени, а што било најтешко на никој од западните земји заштитнички на правата на населението и човекот пред се` не се заложиле за подобрување на состојбата. Поединците како лорд Брајлсфорд биле само капка надеж и зрак на светлина за измаченото население кое сесрдно го помагал.

Ентоно Гиденс во своите книги ќе каже: „Постоењето на големите држави е условено од постоењето на слабите и мали држави“, а судбината на Македонецот отсекогаш била да игра на туѓ тапан по трње.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.