Среда, 15 Април 2015   
Македонија е се` што немате

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

„Кој нема мера, нема ни вера“ е реченицата што ми доаѓа во глава, а која поприлично ја отсликува актуелнава бомба-стична состојба на Заев и клептократија компанија.

Ај за останатите и така и така, ама за двоецот, лидерот и заменикот, кои се веќе докажана „вредност“ во македонската политика, кој по лошо кој по бетер, да сеат одново измама место платформа и програма, надевајќи се при тоа на кратката памет на граѓаните во однос на нивните долги опашки е и повеќе од наивно. Дури и инфатилно.

Да бе, да слушаш да не веруваш. Со кој ѓон образ ваква сорта политичари, за милионски криминал аболиран, ем заменичка со илјади евра кирија за стан во кој живее, дигаат глас и вперуваат прст? Место уста да зачепат и во глувчева се сокријат и/ли барем зад некои чисти нови лица застанат, овие живи превари одново се истопориле и со алаш-веруш гадоштини, власт плукаат и на преврат пукаат. Колку парадоксално толку и безнадежно, но ѓаволот ни ора, ни копа, туку по цел ден ѓаволштини смислува, та така и отчовечениве.

Но, ајде барем ние да бидеме прагматични.

Кога програма и понуда ни на крај памет не им паѓа, а на избори дерман се нема, губат како грчки наред девет циклуси, штом раката им лепи, ситка немаат, а лагата и алчноста им се партиско-патолошка генетика што друго им преостанува сем некое матно сценарио? Се изнанижаа лузери: Бучковски, Шеќеринска, Заев, Црвенковски, море се ресетираа, па чуда – тинк тенкови формираа, тики комисии блокираа, Собрание окупираа, маршираа, митингуваа, лада „платформа“ осмислуваа, „готов е“ констатираа, кај меѓународната кукаа и плукаа, 5-6000 тимови (ќе) формираа и... и пак народната наклоност никако не ја добиваат. Ами, тогаш, чаре? Тоа е, план „Б“ кој кајними секогаш е „А“: трикче, блеф, измама, местенка, конструкција, далавера, завера... па, ако фати – фати, ако не и онака изборна победа може само да се сонува.

Напросто, нема што да се изгуби. Ех, сега, ќе губела Македонија, баш ги заболеа корнишоните и луј-витоните за неа. Таа и онака ними ем нивните постари им служела или за пароли на домашни избори или за меѓународно поткусурување. И без око да им трепне, преку ноќ минирале референдуми, менувале имиња, знамиња и устави и ти одними сега бараш да ти штителе национални интереси. Прикаски!

Браќата им по крв, кое тукашни кое однадвор, може ќе ги удостојат и усреќат, угојат и хациенди во вид на тројански дарови поклонат, арно ама тешко дека оваа страдалница ќе ја проголтаат. Ниту со нив, а ниту и без нас. Опстоила и ќе опстои. И до сега била поробувана, черечена, поткусурувана ама не и избришана. Оти народ не се пишува ама ни брише, се поробува но не и уништува, дискриминира, но не и ликвидира. Народ е и најдребното внуче кое дише, капира, пренесува и за СВОЈ се чувствува.

Лаф-муабет, кажано-прекажано, дедино колено, бабин скут, татково рамено, мајкина грижа, братска рака, сестринска љубов. Така било, така еве и останало. И ако пет века на една Отоманска империја не и` стасале за потаманување, со сето потурчување, oвие ли дребни души се сметаат толку моќни да кројат и прекројуваат судбини, нации и граници. Да, познато, и газдите и границите се менувале ама Македонците преживувале и еве ги сеуште се пиреј среде ридестиот Балкан. Ех деца–деца, што знаат тие што се векови, библиски корени и (пра)прадедовци? Дајте им френки и маски, па нека си играат б(з)омби и се сликаат по тоа карневалот.

Поради сето погоре, но и многу повеќе настрана, говорат (не)делата, МАКЕДОНИЈА Е СЕ` ШТО НЕМАТЕ другари и другакри мутирани комунисти, лажни пролетери – вистински профитери. Оти оваа земја по која чекорите денес не ваша ја чините. Простете, но таа за вас е туѓа. Поле за бескрупулозно и безисафно богатење. Пљачка до бол и бес. А чуму, чуми? За место во алеата на кодошите и изродите? Тих бре да му се сневиди, знаете ли таков што сместил фабрики, хациенди и ергели од автомобили во два метри подземи? Бати таа среќа, бати кога некој со јад чемер и страданија ќе ја плати. Вистина, што вилици ќе беа тоа кои можат судба да здробат и што желудници се тие кои живо човечко топат?!

На самиот крај и поентата иако е лесно препознатлива. Хипотеката на камиказата што ја носи воопшто не е ниту мала ниту безначајна. Напротив, позамашниот габарит максимално му го загрозува и онака минималниот кредибилитет, а пак за капацитетот знаете и добро и сите. Еден вид петле гаќуресто од локалното буниште со амбиции за орловски висини. Малку премногу, нели? Сепак, колку навистина вреди тесната кожа од турската „Ѓурулти кутија“ сапуница и дали „Зајко“ кажува вистина, а дали лаже кадијата ќе пресуди, ем народниот еким ќе каже. Нивната е последна. И меродавна, се` друго е чамче-муабет, но ШТЕТАТА - таа е да ти се наежи кожата: национална ем немерлива.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.