Среда, 15 Април 2015   
Исус и Александар Македонски имаа клучна улога во духовниот развој на светот

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Александар Север (околу 208 - 235) бил римски цар од 222 па се` до неговата смрт. Според Касиј Дион, водечки историчар од тоа време, Север бил сталожен владетел кој се обидел да ги санира последиците во државата кои ги направил неговиот претходник Елегабал. Тој е вооедно прв римски император кој покажал благонаклонетост кон христијаните, давајќи им некои овластувања на Евреите и им дозволил на христијаните да ја исповедуваат својата вера. Во своето светилиште тој собрал статуи на сите оние свети личности за кои сметал дека одиграле клучна улога во духовниот развој на светот: Орфеј, Аврам, Исус и Александар Македонски.

Христијанство се појавува во I век меѓу следбениците на Исус Христос, чие раѓање претставува почеток на новата ера и ново сметање на времето. Под водство на апостолите Петар и Павле и другите, се создале христијански заедници, прво од Евреите кои го напуштиле јудеизмот и го прифатиле Исусовото учење, а потоа и кај другите народи.

Во почетокот на втората половина од I век  (51 - 54), првата крстена христијанка на територијата на Европа била македонката Лидија од Филипи. Светиот апостол Павле ќе рече: Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милосрдие, материјално го помогнаа делото на Господ Бог.

Во овој период, познато е дека Рим давал сенатски декрети со кои на покорените народи им се дозволувало да ја задржат сопственета религија. Но, исто така им било забрането да ги преобратуваат римските граѓани во нивната религија. Непочитувањето на овие римски правила често било причина за прогоните на припадниците на монотеизмот.

Првите нереди меѓу сектите кои Римјаните ги сметале за еврејски, како што пишува Светониј, се случиле за време на римскиот цар Клавдиј, кој владее од 41 до 54 година, и сите оние кои биле замешани ги протерал од Рим. Потоа избиле судири поради проповедите на Св. Павле, а спорот завршил пред судовите во Рим. Тоа се случува во период кога римската влада се обидува да го спречи продорот и да го смали бројот на римски граѓани кои биле спремни да преминат во туѓа религија. Тужби тогаш се поднесувале дури и против припадници на  римската аристократија.

Во овој период христијаните чија религија била нова и различна од еврејската не припаѓала на ниту една тогаш призната група од државата. Според тоа христијаните ги немале правата, ниту имунитетот на Евреите. Допонително нивната положба била усложнета, бидејќи биле следбеници на човек кој бил осуден на смрт и погубен од римските војници: Поради ова подоцна бил осуден и Св. Павле. Оттука, секој кој себе се нарекувал христијанин бил виновен според тогашните постоечки римски закони.

Во 64 година, римскиот император Нерон (владее од 54 - 68 г.) ги оптужил христијаните дека го запалиле Рим, а се смета дека за негово време во Рим се убиени апостолите Петар и Павле. Ѕверствата кои се направени врз христијаните, само за да се задоволи само еден човек, ќе предизвикаат сожалување кај населението и отогаш во морален поглед тие ќе станат препрека за прогон на христијаните. Сепак, прогонот со различен интензитет продолжува и под девете други римски императори, а најмногу под Дециј Трајан (249 - 251) и Диоклецијан (285 - 316).

Во овој период христијанските учители со цел да ја одбранат својата вера почнуваат со пишување на теолошки и апологетски дела. Меѓу црковните отци кои со своите дела извршиле големо влијание врз христијанството се: Игнатиј Богоносец, Поликарп, Јустин Филозоф, Иринеј Лионски, Тартулијан, Климент Александриски и Ориген.  

Во меѓувреме, иако привремено, голем чекор е направен за време на владеењето на Хадријан (117 - 138) и Антонин Пиј (138 - 161), кога христијаните не се казнувани поради нивната вера, туку само поради делото со кое го прекршиле законот. Септимиј Север (193 - 211) кој на почетокот води политика на поднесување на христијаните, под влијание на својата жена Јулија Домне, јасно ставил до знаење дека оние кои ќе преминат во христијанство треба да бидат казнети. Римскиот император Елагабал од династијата Север (218 – 222), бил главен свештеник на ориенталната релијата на Сонцето, која по своја ориентација била монотеистичка, имал за цел Сол Елегабал да стане главен бог во целото царство.

Неговиот наследник Александар Север, кој владее од 222 до 235 година, пак превзел чекори да ја санира штетата кој ја направил неговиот претходник. Во тој правец, Александар Север е првиот римски император кој покажал блаконаклоност према христијаните. Тој се воодушевувал на начинот на кој се служеле Евреите  и христијаните, нагледувајќи го изборот на своите свештеници. А покрај тоа тој ги ценел и моралот на тие религии. Поради тоа Север им дава некои овластувања на Евреите, а на христијаните им дозволил да ја исповедуваат својата вера. Постојат записи дека неговите советници го натерале да се откаже од замислата на Исус да му подигне храм и да го сврсти во боговите. Но, во своето светилиште, тој собрал статуи на сите оние свети личности за кои сметал дека одиграле клучна улога во духовниот развој на светот меѓу кои: Исус Христос, Аврам, Орфеј и Александар Македонски.

Сепак, маките на христијаните не престануваат тука. Римскиот император Максимин I (235-238 г.), како и другите подоцнежни илирски императори кои доаѓаат од делови на империјата каде христијанството малку напредувало, сметал дека христијаните се причина за слабеењето на римската моќ. Тој одлучил повторно да им суди на оние кои најмногу се криви за ширење на христијанската вера, а тоа се свештениците. Некои извори говорат дека Валеријан (253 – 260), во 258 година издал едикт против христијаните, а година дена потоа и друг едикт со кој сака да изврши конфискација на имотите на осудените истакнати христијани.

Меѓутоа, со текот на времето важноста на христијаните во Римската империја се зголемува, така да последиците од дуализмот кои од време на време предизвикуваат судири можеле само да се спречат со крајни мерки. Диоклециан, за да го искорени христијанството во 303 година донесува едикт со кој под закана од конфискација на имотот и прогонство им се забранува на христијаните да присуствуваат на обредите. Исто така тој носи уште два други едикта со кои се настојува да се исчисти администрацијата и војската од христијаните, а целта им е да се заплени црковниот имот и светите книги кои се употребуваат во верските обреди.

Во текот на два и пол века на повремените прогони на христијаните, илјадници мажи и жени, деца и старци, богати и сиромашни, војници и трговци, Римјани или припадници на други народи во империјата, доброволно ги дадоа своите животи за слободата на своето верско убедување. Само еден мал дел од нив се прогласени за маченици, но, тие беа доволен пример за да се сфати дека со никаква сила не може да се скрши вербата во Христовото учење.

Христијанската вера која е достапна за сите слоеви на луѓето, вера во која се еднакви  богатите и сиромасите, мажите и жените, робот и господарот во животот и смртта, се` повеќе се ширела во Римското царство, а народот се повеќе ги согледувал христијаните во вистинското светло. Односно, дека тоа се луѓе послушни и дисциплинирани посветени на својата вера, луѓе кои живеат нормален живот и дека живеат морално беспрекорен живот.

Бескорисноста на прогонот на христијаните го сфаќа императорот Галерије (305 – 311). Неколку дена пред смртта во Никомедија (311 г.), тој носи едикт со кој се наредува да се води толерантна политика кон христијаните кои не сакаат да му се вратат на паганството. Исто така, истата година императорот Максимијан (286 - 310) му го враќа на црквата одземениот имот.    

Константин (306 – 337) бил единствениот римски владател која ја сфаќа суштината на овој проблем и воедно првиот император кој е доволно енергичен и упорен да излезе од ќорсокакот во кој западнала Римската импарија. Тој сфаќа дека во христијаните се крие право богатство на свежи и витални сили, па за да ја оствари својата мисија, ослонувајќи се на божјата помош, тој ги вклучува христијаните во римското општество и создава од нив еден од најкорисните елементи на јавниот живот, притоа отварајќи нов пат за развој на општеството.

Христијанството има уште една вредност кое ќе доведе до уште помасовно ширење на верата. Тоа се зборовите на Исус кој рекол: „Љуби го ближниот свој како самиот себеси“. Несебичната солидарност и помошта на богатите за луѓето кои се сиромашни преку црковните заедници ќе ги зголеми христијанските братства. Особено ова ќе стане општо правило во наредните векови.

Македонците не случајно биле меѓу првите кои го прифатиле и ширеле христијанството. Не случајно Александар Север во својот храм меѓу другите свети личности ги поставува статуите на Исус и Александар Македонски. Следејќи го вродениот космополитизам, дека човекот треба да гради хумани човечки односи без оглед на припадноста, како и Исусовото учење, христијанството и покрај сите страдања на македонскиот народ станува дел од неговиот бит, а Македонија земја на светињи и олтари. Грижата за ближниот свој ќе го заштити македонскиот народ од исчезнување, а македонското име ќе остане запишано во светата книга - Библијата.     

(извор: Л. Парети „Стар Свет“, том II, кнг.III, Загреб, 1967, стр: 268 -279 )

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.