Среда, 15 Април 2015   
Македонскиот народ веќе никој не може да го заплаши

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

По психолошко-пропагандната активност која ја спроведуваше во изминатиот период лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со презентирањето на прислушуваните разговори добиени од странски служби, не се исполнија очекувањата на надворешните налогодавачи за дестабилизација на земјата и поднесување на оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не значи дека тие и нивните внатрешни играчи од СДСМ ќе престанат да го спроведуваат зацртаното сценарио за дестабилизација на земјата која има за цел создавање на преодна влада. Провокации ќе има, но на нив не смее да се наседнува, како што народот не наседна до сега.

Во изминатиот петок, околу 21 часот, била пријавена детонација во близина на Владата, во правец на споменикот „13 Ноември“, за која како што пренесе приштинскиот весник „Коха Диторе“, одговорноста ја превзеде албанската ослободителна народна армија ОНА. Според весникот, соопштението во кое се презема одговорноста е потпишано од извесен „командант“ Куштрими и дека наскоро ќе излезел во јавноста.

Вакви слични напади врз Владата имало во 2007 и во октомври 2014 година. Мината година врз Владата беа истрелани два проектила од рачен фрлач и се претпоставува дека е пукано од автомобил во движење. Тогаш со соопштение се јави дотогаш непознатата национална ослободителна армија потпишано од извесен „командат Куштрими“. Во соопштението се бараше подобрување на статусот на Албанците во Македонија. Инаку, нападот во 2007 година, за кој сторителите не се откриени, МВР го окарактеризира како терористички напад.  

МВР засега не соопшти повеќе детали за пукањето кон Владата во петокот. Сепак, во време кога континуирано се презентираат прислушуваните разговори и опозицијата бара оставка од актуелната Влада, чудно е што таа при еден ваков инцидент кој може да го загрози мирот во земјата, не се појави со соопштение со кое се дистанцира и го осудува овој чин. Со ниту еден збор на осуда не се јавија ни партиските лидери Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.

Без разлика на етничката, верска или друга припадност, основното што народот во Македонија го посакува, тоа е мирот. Со него доаѓа економски развој на земјата, вработување, па и просперитет на секое семејство. Токму поради ова, политичката елита на социјалдемократите од осамостојување на земјата до денес, манипулира со мирот само за да се добере и да остане на власт.

Во името на мирот кој нема цена, социјалдемократите само за да се задржат на власт ја руинираа македонската држава. Тие го наметнаа Рамковниот договор, Законот за територијалната поделба, го променија Уставот, знамето, а сега за да дојдат на власт повторно со закана по мирот на земјата спремни се за промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Каква е таа државничка мудрост на Заев и неговите следбеници, кои ја нарушуваат безбедносната соработка со Израел?

Каква е таа државничка мудрост кога не се осудуваат радикалите кои ја бомбардираат македонската Влада?

Каква е таа државничка мудрост преку дестабилизација на земјата да се влезе во власта, а потоа да се свитка кичмата за да се смени името и идентитетот? Каква е таа државничка мудрост да немате избор со кој ќе го спасите сопствениот народ и држава?

Дали во име на мирот треба да се рушат институции, демократски избрана влада и да се руши државата, да се смени името, да се спречи изградбата на гасоводот кој треба да поминува низ Македонија, само да им се излезе во пресрет на интересите на други држави? Човек не може да ги разбере!  

Групата Социјалдемократски политичари, предводена од Заев и Шеќеринска, никако не може да сфати дека политиката која ја водат некој мора да ја плати.

Досега обично таа била на сметка на македонскиот народ. Но, што ќе биде кога тој ќе одбие да ја плати и по цена на мирот, како што веќе сега го прави. Нив, тогаш не ги спасува ниту надворешна интервенција! Зошто, речиси сите, без разлика на етничка и верска припадност се против промена на името и промена на актуелната власт која во последните години толку многу направи за народот во Македонија. Затоа сите кои си поигруваат со мирот, сите оние кои што работат против интересите на македонскиот народ и држава, подобро што побрзо да исчезнат од политичката сцена, зошто секако ќе завршат на буништето на историјата.

Македонскиот народ веќе никој не може да го заплаши, ниту ќе дозволи некој однадвор или одвнатре да го вовлече во меѓуетнички или меѓуверски конфликт. Но, нема да дозволи ниту пак некој да му го смени името и да го обезличи. Ниту еден граѓанин на Македонија нема вечно да седи мирен и да гледа како некој му ја уништува државата.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.