Среда, 29 Април 2015   
Софиските советувања во предвечерието на Илинденското востание

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Македонија во 1902 година била терен за превласт помеѓу соседните држави (како и отсекогаш) и сите тие на ваков или таков начин, секоја со своја дејност се обидувала да ја разреши ситуацијата во своја корист. Османлиската Империја која била технички и опшествено заостаната зад останатите европски држави, постојано тонела во се` поголеми проблеми, кои не ги разрешувала, туку само ги трупала, па за на крај тие и да станат причина за нејзиниот распад. Бугарија во овој поглед била најсилно поставена на територијата на Македонија, преку Егзархијата и преку четите кои ги испраќала на македонската територија за да се борат за нејзината слобода, но тоа да биде првата етапа, а втората Македонија да и` се приклучи на Бугарија.

Постојано испраќала луѓе кои требало да го разбрануваат народот за тој да се крене на востание  против османлиите и самиот во бездна да се фрли, бидејќи силите и воени и  економски на Османлиската Империја биле далеку повисоки од оние на македонското население.

Првото софиско советување свикано во јули 1902 година било инспирирано од барањето на битолските граѓани за дигање на востание, кои биле под влијание на Сарафов и Анастас Лозанчев за кој е јавна тајна неговата симпатија кон врховизмот. На софиското советување на кое присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов, Туше Делииванов, Владимир Руменов, Никола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и домаќинот Бојан Биолчев се одлучило дека не доаѓа во предвид никакво востание поради слабата воена и материјална состојба на организацијата.

Веднаш после ова советување во Македонија ќе избие Горно Џумајското востание, а веднаш по него и Тушимското и двете предизвикани и предводени во бездна и крвопролевање од страна на Атанас Јанков кој ако се служиме со големата мемоарска литература тој бил од некои места и насилно избркан “на клоци” кога би се изразиле на народен јазик.

Ова востание во народот предизвикало незадоволство, борбен набој, малтретирањата и убиствата на мирното население уште повеќе се зголемиле, па сето тоа влијаело врз нивната свест и би се поклопиле со мислата на Даме Груев кој рекол: „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“.

Веднаш по ова востание во Софија било свикано и второто софиско советување на кое веќе ставот за или против востание се изменил, но не сосем.

На ова советување ќе присуствуваат: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други.

Тука сега прашањето за воен судир со османлискиот аскер ќе се разгледа и од аспект на остварување и вистинската способност и можност за кревање на востание за да не биде онака како што Гоце Делчев во една прилика ќе каже: „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница“.

На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.

Од ова советување ништо конструктивно нема да се постигне, бидејќи по ова советување  недоумицата за востанието само ќе се продлабочи, партизанската тактика за герилска борба против османлиите и предизвикување на анархија во Османлиската Империја нема да влијае воопшто врз одлуката за востание, бидејќи на Солунскиот конгрес од јануари 1903 година Иван Гарванов ќе ја потврди одлуката за кревање на востанието на македонскиот народ.

Илинденското востание со сите свои маани и недостатоци, но и доблести и славни херојски моменти, епизоди од минатото на македонскиот народ стои цврство како камен темелник на македонската држава. Тука севнала првата ѕвезда на слободата за во 1944 година токму на денот на кревањето на Илинденското востание да удри сонцето на македонската слобода.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.