Среда, 29 Април 2015   
Амстердамски каубојци

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Што ќе беше ова луѓе?! Амстердамска тројка... не барем продаваат дрога или камикази што ќе уништат три империи и најпосле ќе направат харикири во знак на љубовта кон земјата или организацијата. Така некако "опасно" делуваат соодветно со името. 

Шегата на страна, ама овие три стуџерс што би рекле Англичаните, се изпозанесоа и тоа тотално до даска. Се треснаа од земја веќе за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ и воопшто за иднината на сите и идни Македонци, па сега треба да ги овековечиме во историјата. Да, само на кој начин ? 

Јас лично се познавам со Јове. Татко ми и татко му се земјаци, двајцата свиреа на хармоника, како јас и Јове што свиревме на хармоника, со тоа што јас прејдов на гитара, бас гитара, рок групи па се` така до џез и џез рокот. Да се разбереме, јас го паметам Јове како добро паметно и интелегентно момче, кое шибаше напред со хармониката и факултетски образован кој ете дојде да биде и Професор на Факултет. Беше од првите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што рака на срце не смее да му се одземе статусот. 

Мојот контакт со него беше повтоно конеткиран преку Интернет и социјалните мрежи, откога јас нели се преселив во Австралија. Првите мои "совети" кон него беа дека во Македонија се фотографира и е во друштво со еден од најголемите растурачи на МПЦ и Македонија, кој живее и делува во Австралија, истовремено му ја раздлабочив врската на тој изрод со грчкото лоби и заедно со Панмакедоники се рака под рака за непризнавање на МПЦ и Македонија пред австралиските власти. ЈОВЕ МЕ "УБЕДИ" ОТИ НАВОДНО ЕДНО КАФЕ И ВЕЧЕРА СО РАЗМЕНИ НА МИСЛЕЊА НЕ БИЛО НА ОДМЕТ. Така нивниот сојуз беше толку јавно претставен, што не можеа да се кријат и се манифестираше на нивните Фејсбук профили. 

Но, најтрагично кај Јове (а воедно и кај СДСМ) е една мизерна лага што сакаат да ја провлечат секаде е како Груевски и Мијалков крадат и испокрале толку многу што на крај ќе испадне дека тиа двајца се најбогати на цел светот и во цела Галаксија воопшто. Знаејќи како одат работите, први за тоа дознаваат светските независни медиуми, кои нудат вистинско богатство, милиони евра или долари... ДОКОЛКУ Е ВИСТИНА И ИМАТЕ БИЛО КАКОВ МАЛ ДОКАЗ. Тогаш тие се незапирливи и рушат се` пред себе. За жал... никој досега, освен соросоидните кретени на Милчин и компанија кои за соросовите долари ќе се заколнат дека се родени од мајмун, а не од човечка раса, никој жив досега ни спомнал ни ќе напише во врска со тоа. Умре времето кога еве ти милиони долари, па некој ќе краде, поткраде. Сега кредит кога добиваш, мора да праќаш извештај таму кај што ти дале кредит, па да видите како тие чешлаат и за 20 евра. Ќе те дознаат сите медиуми и јавни светски организации и ајкули што јадат пари и живи луѓе. Мучки се прават во време на војна, како 2001 и Бранко е тука мајстор со СДСМ, затоа што ќе дрпаат, лапаат и направат далавери па после ајде докажи. Што би рекла Мирка, овие фингирани војни се само за криминал и продавање на се живо македонско. 

Знам едно, на сите душмани не им помина болката дека татко му на Сашо тогаш ја преигра ЈНА. Но знам дека и нашите браќа од Егејска Македонија, на чело со Груевски и Мијалков, се голема мета и нишан на нашите душмани и комшии. Се` додека не слушнам од странски независни новинари со големо педигре дека Груевски и Мијалков згрешиле, дотогаш можете сите да лаете и да се гоните... Знаете каде. За Амстердамската малоумна "патриотска" тројка имам само една порака: На многу луѓе (на СДСМ и комшиите) не им одговараа патриоти и големи македонски синови како Гоце, Даме, Богдановски, па се` така до Александар Македонски, но најтрагичното е што не веруваа и не веруваат во Исус дека постоел и постои, па го негираат дури и него... ТАКА И ВИЕ АМСТЕРДАМСКИ КАУБОЈЦИ, НЕ ВЕРУВАТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ВИСТИНАТА И БОГА.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.