Среда, 29 Април 2015   
Посредна пријателска опомена до СДСМ

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Референдумот за ГТЦ во општина Центар, кој пропадна поради немање на цензус од 50 проценти, покажа дека народот застана позади ВМРО-ДПМНЕ и неговите проекти. Но, истовремено тој испрати јасна порака не само против градоначалникот Жерновски, туку и против т.н. бомби на лидерот на СДСМ Зоран Заев и антидржавната политика која ја води опозицијата. Неуспехот на референдумот за ГТЦ уште еднаш потврди дека опозицијата нема ниту концепција, ниту капацитет за промени. Свесни дека опозицијата е немоќна да изврши промени, да ја свитка кичмата и да го промени името, амбасадор на пријателска земја која исто така ја тресе скандал со прислушување, ќе побара оставки и отворена истрага.

Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер, порачува дека: „Според западните политички стандарди политичките последици од обемот и природата на обвинувањата е неизбежна. Да бидам јасна, како мојот американски колега минатата недела, последиците на пример значат оставки како предуслов да се дојде до почеток на неопходен транспарентен и независен истражен процес“. Исто така таа додава дека: „Тоа што владата не презема ништо и не ги третира сериозно тешките обвинувања кон владини функционери, е иритирачки за неа како германски амбасадор, но и за сите западни набљудувачи на политичката сцена во Македонија“.

Ваквата изјава на германскиот амбасадор е чудна и парадоксална со оглед на скандалот во нејзината земја поврзан со прислушување на германската служба за разузнавање БНД во име на американската Национална безбедносна агенција (НСА). Во Германија сеуште никој не дал оставка и покрај тежината на оваа афера, што се гледа од следното.

По објавувањето на аферата од страна на весникот „Шпигел“, угледните германски медиуми откриваат ексклузивни информации за спорните акции на БНД. Во име на сојузништвото и борбата против тероризмот, била следена електронската комуникација на повеќе луѓе меѓу кои европски политичари и големите европски произведувачи на оружје.

Иако внатрешната контрола во периодот 2008 - 2010 година открила дека наместо да се следат лицата осомничени за тероризам, нивните активности биле насочени против интересите на Германија и Европската унија, како што наведува германскиот магазин, нивните шефови не ги известиле надредените во државниот врв, односно кабинетот на германската канцеларка.  

Меѓутоа, по објавувањето во јавноста на доверливите документи од страна на Едвард Сноуден, како што пренесуваат германските медиуми, внатре во БНД била извршена детална контрола и првично било утврдено дека се следат 2.000 луѓе. Но, дополнителните проверки покажале дека се работи за следење на 40.000 лица што е спротивно на германските и европските интереси.

За овие настани, дури во март оваа година бил известен кабинетот на Ангела Меркел, кој пак, оваа недела ги известил членовите на Одборот за контрола на службата за безбедност при Бундестагот. Веднаш била започната истрага, дали се работи за „пропуст“ или за заедничко делување на штета на Германија и западноевропските партнери. Сепак, додека трае истрагата сеуште нема оставка на првиот човек на БНД Герхард Шиндлер или пак на Ангела Меркел.

Додека говореше на трибината на Правниот факултет под наслов Интергативниот процес на земјите од Западниот Балкан, германскиот амбасадор не спомна дека германската влада или некој од надлежните си поднел оставка како пример, но, затоа пак повика на оставки кај нас и на кредибилен истражен процес кој единствено може да го врати угледот на институциите и да ја зачува евроатланската перспектива на земјата.

На ваквиот повик, може само да потсетиме на следното. Како што се спроведува истрага во Германија, така се спроведува истрага за прислушувањето и во Македонија. Сите се свесни дека и двата случаи мора да имаат правна и политичка разрешница. При тоа секој кој огрешил ќе одговара пред надлежните судски инстанци на двете земји. Меѓутоа, се прашуваме како некој може истовремено да говори за интегративните процеси на земјите од Западен Балкан и за правда, ако истите кои говорат за неа не ја испочитувале одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, а Македонија сеуште е надвор од ЕУ и НАТО. Дали тие имаат кредибилитет да говорат за правдата кај нас, без разлика на пријателството кое постои меѓу македонскиот и германскиот народ.

А дека постои пријателство меѓу двата народа, како и тоа дека германскиот народ има доверба во Македонија и во македонските институции најдобро говорат германските бизнисмени. Дури 80 проценти од компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение (МГСЗ) повторно би инвестирале во земјава. Како што пренесува МИА, тоа го покажале резултатите од анкетата за деловната клима во Македонија во 2015 година што во периодот од 1 февруари до 2 март годинава ја спроведоа МГСЗ и Германската стопанска комора во Македонија (ГСКМ) меѓу 179 компании членки.

Директорот на ГСКМ Мартин Кнап на прес-конференција ќе информира дека во направената анкета, општата економска состојба во Македонија е оценета како значително попозитивна во споредба со претходните години. Пазарот на трудот и инвестиции во Македонија станува се` поинтересен и 32 отсто од компаниите членки на МГСЗ сакаат да ги зголемат своите инвестиции во земјава во 2015 година, а 27 проценти од нив ќе вработат нови работници.

„Тој нагласи дека Македонија е единствената земја која има суфицит во надворешно-трговската размена со Германија, а тоа, како што рече, се должи на германските инвестиции во земјава. Прецизира дека голем дел од новоотворените компании во Македонија работат како снабдувачи на германската автомобилска индустрија... Во следните години ќе имаме нови инвестиции од Германија во Македонија, а четири компании кои бираа меѓу Србија и Македонија веќе се одлучија тука да инвестираат“.

Сето ова е резултат на економската развојна политика на владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, со која се овозможува нови вработувања. Очигледно е дека тоа не му одговара на македонската опозиција, која свесна дека уште долго време не ќе може да дојде на власт, се обидува по секоја цена да ја наруши добрата клима во земјата и довербата која ја стекнаа странците. Со своите постапки како што се објавувањето на т.н. бомби таа прави големи штети на државата што се гледа и од изјавата на германскиот амбасадор, но тоа мора да се сфати како пријателско предупредување повеќе кон опозицијата која мора да се врати во Собранието каде и е местото за разрешување на сите спорови, но истовремено сака да ја предупреди како се чува државата и како се бранат нејзините интереси.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.