Среда, 06 Мај 2015   
Пара Влада и ГТЦ

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Опозициските надежи, заложби и уцени беа и останаа фрлени на картата техничка влада. Додуша некои говорат за преодна, други за експертска, трети за широка и сл., но во секој случај без легитимитет и мандат од народот, односно пара влада. Сега зборот „пара“ на едни им асоцира на тоа дека не е тоа-тоа, а за други таквиот состав би бил само од лична финансиска полза на партиципиентите. Реално, суштински ниту едните ниту другите грешат.

Оти, ќе се запрашате. Оти како и да е наречена сепак таа ќе е со фалинки, ете затоа. Привремена, ограничена и, што е најбитно, со дамоклов начин на (од)бирање. Па парадоксот, не знам дали не го гледаат парадоксот на ова незрело размислување или манипулативно однесување, сеедно. Тоа што сите не` интересира и тангира, а по обична здрава логика е совршено проста работа - кој ними ќе ги предлага и бира? Кој е тој што ќе предложи и востоличи претставници (состав) на влада за да таа потоа, демек, организира стакло чисти избори. Нема бе – нема! И не може ни да има освен народот, мнозинството. Пардон, или некој Џорџ, Пјер, Фриц, Јанез... не знам кој не ни се нацрта и тој да ни кадрува и мудрува. Но тогаш, на што личи тоа? Сиктер демократија!

Ајде да бидеме уште поотворени. Барањава на сегашнава опозиција за пара влада не се ниту нови ниту непознати. Напротив, стари приказни. А изгубат власт на избори веднаш почнуваат со ниски удари и марифетлаци од сите можни видови, се` и само да се оспори легитимитетот на народните избраници, а тие на било кој начин се доберат до по некоја столица на „Илинденска“. Не за џабе се рекло и останало: најтешко е да имаш па да немаш, а овие пола век цицаа без милост и исаф па сега низа поразите брчки им браздат во челата, ем жар им ги прават образите.

Навистина не знам, не можам да бидам паметен како тоа не им влегува во глава дека доколку се направи преседан и се провнат на мала врата во влада, на било кои идни избори кога они ќе бидат победници ќе им биде бумераншки кршена главата со тие исти нивни камења. Туку арно велиш, како тргнале работите после деветте порази едно по друго и резултатите од референдумот кои (за тие што умеат да читаат) навестуваат продолжување на црната серија, само таа им е шансата - малата врата и пара влада. Ако се може сега и веднаш, а за последиците ќе мислиме утре. Или, пак, некои други после нас нека му ја мислат. Таму... некогаш!

И, ете, вака или онака но веќе го `рчнавме ГТЦ односно референдумот за неговиот изглед. А кога сме кај него не кријам дека ми го мати мозокот тоа „градски“, а ваму се распиша и одржа на ниво на општина?! Инаку како институт референдумот го почитувам бескрајно, што значи толку и поддржувам, наспроти двојните аршини од распишувачите кои, добро не` држи умот, не така одамна беа против референдум за евентуално компромисно име за државата. Да бе, тие истите тогаш говореа дека за тоа е владата избрана и таа треба да одлучува, а не граѓаните. Значи за името не требало референдум, а за ГТЦ уште како?! Тоа за двојните аршини, а сега малку и за резултатите.

Отрезнувачки (и тоа дебело!) им легна лажна надеж референдумот за да дознаат колку не знаат. А, пак, гаталците од агенцијата „Пејтинг“ по којзнае кој пат потврдија дека или се далтонисти или пак тоа што им нарачале тоа и испорачале. Договорено - сторено! Резлтатите се такви какви што се, а тие велат вака: со преќутен бојкот, значи без јавен повик и без никаква кампања од страна на власта, успеаа да освојат само неколку стотини гласови фазла од тие на избори. Плус тоа со прашање кое ги тангира сите граѓани – натпартиско.

Е, па, сега секој од вас нека му го удри калемот на исходот од референдумот што ќе беше да имаше судир на колосите, контра пропаганда и сите алатки вообичаени за вакви работи (митинзи, терен...). Едноставно, „бомбастично“ усилената опозиција сакаше од своето упориште да тргне во поход кон рушење на власта. Арно ама партиските математики не излегуваат на избори. Еве нема ни режим, ни Пустец, ни ѓавол, ни враг и пак исти мрак. Црнила. Автогол дури (и!) од „Центар“, а бладаа пенал.

И сега, шо прајме? Ако кај центарци не пркнаа и ја оплескаа работата со сета фама околу „Скопје 2014“ бесполезно е и само да се помисли кој е во височините а кој на маргините во останатите општини каде што нема споменици, а има инфраструктурни проекти, инвестиции, работни места... Но, гајрет! Оти од лошото има и бетер, судскиот процес допрва следува и разврската за вистинската, а не нечија лична или пак партиска вистина за Македонија. Кој прислушувал, кого, колку, од кога, по чија нарачка, кому потоа снимките ги доставувал, автентичноста нивна, можна монтажа и/ли конструкција, селекција, јавна презентација...

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.