Среда, 06 Мај 2015   
Мостови на пријателство не се градат со деструктивно однесување

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

На 15 Кумановски Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Куманово, Примиерот Никола Груевски доби нов мандат да ја води партијата до 2019 година. Сериозната политичка криза во земјата, во која ја втурна раководството на опозиционата Социјалдемократска партија со објавувањето на т.н. бомби, воопшто не влијаеше врз членството кое својата доверба безрезервно му ја даде на премиерот Груевски. Над 500 делегати речиси едногласно го поддржаа долгогодишниот лидер или од 560 регистрирани делегати, гласаа 529, од кои дури 528 гласаа за реизбор на Груевски, а само едно гласачко ливче беше неважечко.   

На дводневниот конгрес во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, членството на ВМРО-ДПМНЕ покажа единственост пред предизвиците на политичката криза и целосна доверба кон Премиерот Никола Груевски кој патем беше и единствениот кандидат за лидер на партијата. На конгресот беше донесена Конгресна повелба во која се наведени насоките на дејствување на партијата во наредниот период, при што посебно внимание му се даде на: стабилноста, довербата и перспективите на земјата, потоа развој на економијата, привлекување на странски инвестиции, поддршка на домашната економија преку развој на мали и средни претпријатија, зголемување на вработувањето. Владеењето на правото и борбата против корупцијата останува еден од главните приоритети, како и членството во НАТО и ЕУ. Потоа продлабочување на традиционалното пријателство со стратешкиот партнер САД, како и односите со соседите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Конгресот особено се осврна на односите со соседите. Тој ќе посочи дека земјите и народите на Балканот споделуваат заедничка историја во различни историски епохи, а тоа треба да не зближува, а не да разединува. Во една таква ситуација, обидите за ставање на историјата во дневнополитички контекст не можат да помогнат за нашата подобра иднина, и ќе додаде: „Историјата, треба да ја оставиме на историчарите, а ние да градиме нови мостови“.

Всушност, нема економски развој на било која балканска земја, па и на Македонија, ако тие не се обединат околу заеднички цели. Меѓутоа, сеуште постојат сили кои за да го контролираат Балканот ги користат сите наши слабости и историски противречности со соседите за да ги спречат тие мостови. Тие постојано ги подбуцнуваат соседите еден против друг и речиси да нема народ кој го нема почуствувано на своја кожа, а најмногу Македонците. Раздели па владеј, старата римска пракса, која се применувала со векови и денес се користи на овие простори за да се спречат низа проекти од кои би имале бенефит сите балкански земји.

   

Прашањето со името, непризнавањето на идентитетот и јазикот од јужниот сосед, оставањето со години да чека во предворјето на НАТО и ЕУ, потоа политичката криза во земјата, сето тоа е само дел од игрите кои овие сили ги намениле за Македонија. Во овие игри не се исклучени ниту соседите на Македонија кои се попречени во спроведување на низа проекти кои носат бенефит, а чиј надворешен долг постојано се зголемува.

Во тој контекст Груевски на Конгресот ќе истакне: „Гледано во светски рамки сите ние на Балканот сме мали држави, и економски слаби, и меѓусебната почит и соработка може да ни помогне да бидеме посилни и посреќни“.

Всушност, неговото обраќање преставува повик за надминување на недоразбирањата и обединување на малите балкански земји. Создавање на сојуз кој ќе спроведува проекти од заеднички интерес, проекти кои ќе донесат просперитет на сите балкански народи. Единствен излез е меѓусебното почитување, кое ќе придонесе за надминување на противречностите кои ги оптоваруваат соседите. Затоа Груевски е спремен да направи максимални напори со соседите тие односи да бидат како што доликува.

Особено тој е спремен овие односи да се подобрат со Бугарија, имајќи ја во предвид блискоста по многу прашања. „Во однос на Бугарија од наша страна е водена повеќедецениска рефлексна политика, честопати базирана на стереотипи, во целиот период на комунизмот, а и во добар дел по независноста што има последици и денеска... Зошто било тоа така, да и` го оставиме на историјата. Ние сме подготвени да изградиме цврсти столбови на пријателство и партнерство со овој наш сосед, базирани на меѓусебна почит, заемна помош и пријателство и да го дадеме својот придонес во почетокот на една нова ера во нашите односи“ – ќе истакне Груевски.

Тој како добар пример ги посочи односите со Србија, со која постои одлична соработка и помош на секое ниво. Потоа на солидните односи со Албанија и Косово со оглед на Албанците од Македонија кои имаат бројни семејни и други врски со овие соседи. Тоа не значи дека немало пречки од едната или другата страна кои ги оптоварувале овие односи, но кога се има добра волја како со Србија, секогаш се наоѓало начин без кревање на тензии и собирање на поени, тоа да се реши. Истото може да биде и со Бугарија и Грција, само треба да се има добра волја за да се надминат пречките и да се изградат овие мостови на пријателство.  

- Ние сме мултиетничко општество, живееме во турбулентен регион, и секогаш имаме ризици или појави кои се закануваат да ја загрозат нашата безбедност – изјави Груевски.

Тој потсети дека имавме неколку ситуации кои ја зголемија загриженоста кај граѓаните, но полицијата и институциите одлично се справија со нив.

Неодмна имавме една нова таква ситуација, која повторно нашите политички конкуренти се обидоа да ја стават во дневна политика. Тие предизвици не смее да се стават во дневна политика. Тоа се прашања на кои треба да им се пристапи со голема сериозност и одговорност. Нашиот пристап е таков. Ние нашите проблеми и различни мислења во земјата ги решаваме низ дијалог и толеранција. Охридскиот рамковен договор е еден значаен катализатор на одредени меѓуетнички предизвици и тој треба да биде доследно испочитуван, без да се толкува погрешно. Сепак, ако некој одлучи, од било која причина да не` загрози и да го наруши мирот на граѓаните, ќе биде жестоко одговорено и возвратено – изјави тој.

Премиерот потенцираше дека институциите се подготвени да пресретнат такви сценарија и се далеку поподготвени отколку во 2001 година.

Да биде полесно со справувањето на вакви и слични инциденди, пред се` треба да се расчистат работите дома со опозицијата, која во моментот претставува најнедемократскиот елемент во земјата. Груевски за да го реши овој проблем им предложи меѓупартиски консензус за пет теми доколку таа е подготвена да придонесе за напредокот на државата. Меѓутоа, се` додека опозицијата предводена од Зоран Заев се однесува деструктивно, нема да може така лесно да се градат мостовите на пријатеслтво со соседите и да имаме побезбедна Македонија.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.