Среда, 13 Мај 2015   
Пролетната офанзива во Македонија во 1944

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Во предвечерјето на општата сојузничка, руско-англо-американска офанзива против Хитлерова Германија и нејзините сојузници, Хитлер и неговите генерали, за да ги подобрат своите стратешки позиции на Балканот, презедоа пролетна офанзива против народно-ослободителните војски на поробените балкански народи. Оваа офанзива паѓа речиси во исто време со офанзивните операции против македонската народноослободителна војска во Македонија, албанската народно-ослободителна војска во Јужна Албанија и против партизаните во Грција. Всушност борбите на територијата на Македонија при крајот на април и во текот на мај 1944 година и претходеа на нова непријателска офанзива позната како седма која германските војски ја превземаат на територијата на тогашна Југославија.

Во пролетта на 1944 година, германската армиската група „Е“ со околу 400.000 војници, под командата на маршалот Лер, беше распоредена за одбрана на островите и брегот на Грција и Албанија. Меѓутоа, патните врски на оваа армиска група со Германија, беа постојано прекинувани поради делувањето на единиците на народноослободителните војски и го загрозуваа опстанокот на армиската група „Е“ во Грција и Албанија. Од друга страна, успесите на Црвената армија во Романија, како и очекувањето таа да се пробие во Подунавјето, го доведе во прашпање извлекувањето на армискага група „Е“ од Грција и Албанија.

Со цел да обезбедат контрола врз главните комуникации, германските и бугарските окупатори презедоа офанзива и на територијата на Македонија. Во исто време во кординација со единиците на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Југославија НОВ и ПОЈ, Главниот штаб на Македонија изврши подготовки за офанзива за завладување со западна Македонија, каде што е упатена Првата македонско-косовска ударна бригада.

Во оваа офанзива во Македонија и Поморавјето, која траеше од 25 април до 19 јуни 1944 година, окупаторите ја ангажираа Петтата бугарска армија, а беа доведени и единици од Бугарија, потоа четничките единици во реонот на Власотинци - Лесковац, грчките реакционерни формации „Пауџии“ и „Зервасовци“, германскиот гарнизон од Кукуш и др. во вкупна јачнна од околу пет дивизии. На територијата на западна Македонија и во Повардарјето беа ангажирани бугарски, германски и балистички единици во јачина од околу две дивизии. Германската офанзива во западна Македонија беше поврзана со офанзивните дејствија кои се спроведуваа во југоисточните делови на Албанија.

Во западна Макелонија Првата бригада, пробивајќи се кон Дебарца, имаше неколку поголемн судири со бугарските и германските окупаторски единици (с. Завој, с. Велмеј и други места). По ова Германците прибираат нови сили, особено балистички, и на 8 мај 1944 година преземаат офанзивни акции против Првата македонско-косовска ударна бригада, кои траат се` до 15 јуни. Во овие борби Германците и балистите беа принудени да се повлечат во своиге гарнизони (20 јуни 1944 г.). Првата македонско-косовска удариа бригада повторно стана господар на просторот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево.

Во Известувањето бр. 10 на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија од јуни 1944 година (не е датирано), за борбите водени на територијата меѓу Струга-Кичево, Дебар и Гостивар, во периодот од 12 мај до 16 јуни, меѓу другото се вели:

„Македонци и Македонки, Албанци и Албанки!

Нашата храбра војска со чест ја исполнује својата света задача. Секаде каде што гази бербатната фашиска чизма таја води безмилосна борба за избркуење на окупаторот и неговото потполно уништуење.

Во големата Германо-Балистичка офанзива на нашите снаги во Дебарца, непријателот претрпе големи загуби во луѓе и материјали. Бесни заради својот неуспех, Германците го искалија својето дивљаштво над мирното населеније... Гледајќи ја невино проливената крф, гледајќи го пламенот кој како ламја ги голташе до фчера убавите села, гледајќи како се пљачка стоката и имотите на нашите селани, кај сите нас, кај вашите борци и кај целиот народ, се створи уште поцврста решеност да водиме борба до крај и да се осветиме, скапо ќе се осветиме... Нашите снаги пошто се повлекоја, без никакви загуби от Дебарца, се префрлија на други терен каде со еднаква жестина поведоја борба против германо балистичките банди.

13  мај: Единиците на македонските батаљони се сретнаја со една балистичка колона на џадето Кичево-Дебар. После кусата борба непријателот панично се разбега во правецот на Дебар.

14 мај: Истите единици го блокираја селото Лазаро Поле пошто ги уапсија сејмените (Чувари на селата, луѓе на албанските бајрактари, кои во мнозинство беа соработници на окупаторот). Околу 3 сатот по ручек една непријателска балистичка колона идејки от Гари, нападна на нашите позицији пред селото. Нашите снаги који на време го приметија непријателот од заседи отворија силен оган от сите машински оражја и после борба от 2 сата потполно го разбија непријателот, кој се разбега накај Гари. На бојиштето беја избројани 15 балистички трупој. Ние имавме само еден лесно ранет (Во оваа борба балистите имаа 38 мртви и 16 заробени).

16 мај: Македонските батаљони го блокираја селото Галичник, каде што непријателот очекувајќи напад имаше сконцентрирано извесни свој снаги и околу селото, денонокно држеше заседи. Нашите ударници који пред осонуење нападнаја на селото, со рачни бомби и шмајзери бргу разбија околу 70 балисти. Подолга борба се водеше околу како бункер утврдената жандармеријска станица. Отпорот на утврдените џандари беше скршен и тија се предадоја. Непријателот имаше доста мртви и даде 18 заробени. Заробените беја мобилисани со сила не дадоа отпор и затоа беа ослободени и пуштени дома. Ние имафме еден мртов (Балистите имаа 18 мртви и 4 заробени).

17 мај: Тој ден македонските батаљони беа во село Росоки на еден сат далеку от Галичник. После ручек, токму кога се одржаваше приредба пред селаните и пред војската, непријателот во јачина от 120 до 150 луѓе нападна на нашите претстражи. Претстражите ја примија борбата и непријателот после еден сат борба се повлече пошто претрпи осетни загуби.

18  мај: Македонските батаљони беа влезени восело Гари каде беа дочекани со голема радост от населението. Но непријагелот кој имаше на тој терен сконцентрисано големи снаги, нападна на нашите единици околу 7 сатот сабаиле со снага от преку 300 луѓе. Се разви љута борба која траеше све до 12 сатот. Во оваа борба бесните балистички дивљаци многу арно го осетија смртоносното дејство на нашето машинско оражје. Јуришајки преку отворен терен тије беа добар нишан на нашите борци. Овде непријателот претрпи големи загуби. Ние имафме само 1 мртов.

24 мај: Македонските единици се удрија на планината Бистра, со една колона от преку 400 балисти наоружани со тешки митрољези и минофрлачи. Во борбата која траеше осум сати непријателот даде доста жртви.

1 јуни: Многу големи непријателски снаги, составени от Германци и балистички банди предводени от неколку дебарски и струшки бајрактари (Уке Цам, Али Малиќи, Азис Каљоши, Беќир Баута и други), превзедоја голема офанзива против нашите снаги на теренот Малесија, со цел да ги опколат и уништат нашите снаги. Главните напади се вршеја от кај Струга и Дебар. По сите патишта беја поставени заседи, а Бугарите е затворија границата и ги појачаја своите снаги. Германците имаја искомбинирано голем план за да ги поништат нашите единици, но се тоа им отиде на ветор.

Околу 7 сатот пред ручек беја нападнати македонските батаљони кај Локоф, а исто и положајите на косоварските батаљони кај село Збажди. Борбата траеше цел ден. На секторот кај Збажди непријателот беше приморан на повлекујење. Околу ручек заради специјални задачи поголем дел од македонските снаги заминаја на друга страна оставуејки во Локов една мала единица. Непријателот кој го примети тоа уште во првиот мрак со голема снага која беше неколку пати поголема од нашата, нападна на селото. Шес сати се водеше жестока борба пред селото и во самото село. Непријателот употреби минофрлачи, тешки митролези и ракетли. Пошто му зададоја на непријателот доста жртви, нашите снаги без никакви кубитци, во ред се повлекоја на кај селото Ржано које е на пол сат далеку од Локов.

2 јуни: Борбата се настави прес целиот ден. На секторот кај Збажди околу 4 сатот по ручек косоварските единици превзедоа напад од неколку страни. Еден батаљон извршуејки успешен маневар го нападна непријателот в плешти. Стегнат здраво во нашиот смртоносен обрач, непријателот беше бргу разбијен на целиот фронт и пошто претрпе сериозни загуби панично се разбега на кај Струга. Заробен беше командантот на тој сектор, 1 германски офицер, а беше отепан и злогласниот балистички мајор от Струга Бекир Ага... Кај Ржано нашите единици през целиот ден водеа жестока борба со непријателот кој покрај тешки митрољези употребуеше и минофрлачи.

3 јуни: Се настави борбата која през целиот ден со еднаква жестина се водеше на секторот меѓу Локов и Ржано. Позициите кај Локов каде беја големите непријателски снаги јако утврдени, доминираат над целата Малесија. От тие причини беше одлучено нашите снаги да извршат јуриш да го завземат Локов и да ликвидират со непријателската офанзива.

4 јуни: Во самата зора, по предвидениот план македонските батаљони вешто маневрирајки ги опколија и ги стегнаја в клешти непријателските снаги на положаите кај Локов. Во огорчената борба која траеше 5 сати непријателот беше потполно разбиен. Нашите борци јуришајки на германските митрољези и минофрлачи покажаја едина величанствена храброст и јунаштво. Избијени сет 20 Германци меѓу кои и командантот, и 30 балисти. Заробени сет два тешки минофрлача, 3 пушкомитрољези, околу 20 пушки, 1 германски шмајзер, 4 сандаци со муниција, 6 коњи, 2 сандаци за ракетли и 1 пиштољ за рекетли, бомби, ранци, кебиња и др...

Во четиридневните жестоки борби кај Локов нашите борци однесоа голема победа и потполно е разбија непријателската офанзива. Во сите овие борби ние имафме само еден мртов другар.

9 јуни: Косоварските батаљони који беја заминати накај Лазарополе пред самото село се удрија со една колона от 400 балисти предводени от злогласниот Џемо (Џемаил Хасани). На непријателот који беше изненадно нападнат, от сите страни се истури смртоносниот оган на нашите оражја. Џемовските бандити претрпеја сериозни загуби во ова борба.

14 јуни: Околу 40 Германци наидоја на една заседа на косоварските батаљони који логороваја. Непријателот беше изненадно нападнат и разбиен. Запленет е еден сандак со муниција.

15 јуни: Германците организираја потера и со поголеми своји снаги помешани со балисти тргнаја право накај логорот на Косоварите. Во самото разденуење, пошто приметија оган во логорот, почнаја да вршат опколуење. Но косоварските батаљони уште пред това го напуштија логорот, изненадно сачекаја непријателот и в плешти го нападнаја. Во жестоката борба која траеше неколку сати непријателот беше потполно разбијен и остаи на бојното поле 3 мртви... “

Во двомесечните борби во Пролетната офанзива, единиците на македонската народносолободителна војска, покрај вонредните физички и психички напори, претрпеа и загуби (ранети и убиени). Меѓутоа, окупаторот имаше неколкупати поголеми жртви. Во западна Македонија беа убиени 672 и заробени 76 непријателски војници, а запленето е и големо количество воена опрема. По завршувањето на пролетната офанзива, Македонија практично претставуваше слободна територија, освен реонот на Г. и Д. Полог. Окупаторите се повлекоа во своите гарнизони во поголемите градови.

(извор: „Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Скопје, 1981, стр. 515 – 518 / АМ. - Ф. НОБ, К. 87, арх. бр. 1629.; „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр. -354 - 356)

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.