Среда, 20 Мај 2015   
Македонскиот народ застана зад премиерот Никола Груевски

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Македонскиот народ застана зад премиерот Никола Груевски и политиката која ја води неговата влада. Над 100.000 граѓани од целата земја дојдоа на 18 мај пред Собранието на Република Македонија за да дадат безрезервна поддршка за силна Македонија. По референдумот за осамостојување на Македонија, ова е најголемиот митинг во историјата на независна Македонија, на кој македонскиот народ кажа Да за стабилна Македонија и Не за дестабилизација на земјата и разнебитување на државата која го промовира Зоран Заев.

Овој митинг покажа дека владеачката партија, која пред само една година убедливо победи на парламентарните избори со разлика од 200.000 гласови во однос на опозициската СДСМ и натаму ја ужива огромната доверба кај македонскиот народ. Исто така, бројноста на овој митинг покажа дека по обидите на Зоран Заев за дискредитација на владеачката партија, ВМРО ДПМНЕ не само што не ја изгуби довербата, туку уште повеќе ја зацврсти кај народот. Тоа го покажа и поразителното присуство на граѓаните на протестот кој се одржа претходниот ден пред Владата, каде Заев едвај собра околу 18.000 граѓани.

Во домашната и светската јавност нема никаква дилема дека на вчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ присуствуваа над 100.000 граѓани, за разлика од протестот претходнот ден на кој СДСМ едвај собра 18.000 граѓани. Светските медиуми како Франс Прес, Гардијан, Раша Тудеј и Си – Ен – Ен потврдуваат дека бројката на граѓани пред Владата на Македонија не ја надминала бројката од 20.000 граѓани. Балканските медиуми како српски „Курир“, „Телграф“, „Блиц“ говорат дека на митингот на ВМРО имало 90.000, додека пак хрватските портали говорат за бројка од 100.000 граѓани, а руската државна новинска агенција РИА новости говори дека се одржал најголемиот митинг во историјата на Македонија.

Всушност и двата собири на граѓани преставуваа еден вид референдум на кој македонскиот народ се изјасни со едно голема Да за политиката која ја нуди Груевски (економски развој, вработувања) и едно силно Не за политиката на Заев, која е деструктивната и дестабилизирачка за државата. Но, исто така, народот му кажа Не на Заев чии партиски првенци својот народ го нарекоа стока, народ без ум, народ кој не размислува со својата глава.

Но, токму тој народ и тоа како памети, размислува и знае што сака.

Над 100.000 обединети Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми и други припадници на етничките групи од пред Собранието на Република Македонија испратија силна порака до светот каква политика поддржуваат и каква држава сакаат. Тие своето присуство му кажаа на светот дека тука е Македонија, во која живее македонски народ кој е одлучен и цврст во намерата да не дозволат некој да им го смени името јазикот и идентитетот на македонскиот народ. Исто така, македонскиот народ им порача дека нема да дозволи да ги прелажат веќе познатите сценариа со креирани прислушкувани разговори, а на сите оние кои мислеа дека лесно ќе ги скршат македонските граѓани, тие им порачаа дека нема да потклекнат пред уцените и нема да се исплашат пред сите безбедносни закани, како што го покажаа македонскте безбедносни сили во судирот во терористите во Куманово со една од најопасните криминогено-теростичка банда на Балканот, во кој загинаа 8 македонски синови.

Премиерот Никола Груевски кој во својот говор одлучно и јасно истакна дека нема да се повлече од политичката сцена, порача дека Македонија останува на патот на евроатланската интеграција. Како што вели „иднината на Македонија е како земја-членка на НАТО и ЕУ и тоа досега ќе беше решено доколку не беа блокадите заради името“. Што се однесува за проблемот со името премиерот ќе рече:

„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и народна партија нема да дозволи какво било решение и каков бил компромис за спорот кој го наметна Грција да бидат прифатени од страна на поединци политичари, влада или парламент, без пред за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи со таквото решение“.

И покрај штетите кои ги направи Зоран Заев со своето однесување, Македонија не се предава. Таа е силна и има капацитети да ја надмине сегашната состојба. Владата, како што вели, останува на својот пат и има остварлив план, а владеачката коалиција веќе ги превзема сите потребни мерки за надминување на уочените слабости. Тој исто така ќе порача дека Заев на тој пат може да се приклучи, но доколку продолжи со своето деструктивно однесување, тој ќе биде изолиран.

Воочливо е дека дека македонскиот народ од оваа криза излезе „сплотен како никогаш досега, цврсти како челик, одлучни и решителни до бескрај. Па оттука Груевски пред насобраниот народ ќе порача дека „нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање, Македонија е силна, Македонија е одлучна, Македонија пак победува. Ние победуваме. И нема да дозволиме нашиот народ до таа мера да се закрви, да меѓусебе се пресметува“.

Оваа преставува порака на Македонците кон сите оние кои креирале црни сценарија за Македонија, дека нема да се дозволат тие да се спроведат, а Македонија ќе продолжи по патот на успехот.

Македонија вечна, Амин!

Фотографии од митингот на ВМРО-ДПМНЕ- 18 мај 2015 г.

https://www.facebook.com/mane.jakovleski/media_set?set=a.10200604967362984.1723562374&type=3

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.