|
|
Сценариото за дестабилизација на земјата е кординирано од надвор! |
Многу текстови и анализи се напишани за настаните кои се случија оваа пролет во Македонија. Домашните и странските медиуми се преполни со информации поврзани со однесувањето на опозицијата, со таканаречените бомби на лидерот на СДСМ Зоран Заев, со борбата против криминално-терористичката орханизација во Куманово, како и поврзаноста на овие настани со гасоводот „Турски поток“ или Турски тек“ кој треба минува низа Македонија. Од далеку беше видливо дека целото сценарио за дестабилизација на земјата и обидот за насилно рушење на легално избраната влада во Македонија е кординирано од надвор и дека во играта се вклучени и други центри. И додека македонската јавност се замајуваше со домашниот „Зајак“, од планина слегоа „косовски волци“, која во сапунската опера внесоа драматични моменти. Кулминацијата беше во Куманово каде што во борбите со криминално терористичка група, заштитувајќи ги цивилите, загинаа осум македонски полицајци. Наместо пофалби за македонските безбедносни сили, се слушнаа зачудувачки критики, но и закани дека Македонија ќе исчезне од картата на Европа. Но, за да можеме да ја разбереме суштината за настаните во Македонија, која вклучуваше дестабилизација на земјата и насилно превземање на власта од страна на опозицијата, треба да се навратиме на времето кога со државен удар беше соборен претседателот на Украина Виктор Јанукович. Кон крајот на ноември 2013 година, украинскиот претседател одби да го потпише пристапниот договор со Европската унија, а причините за одбивањето на украинската влада да склучи договор тој ги објасни со несоодветната финансиска помош која ЕУ ја понуди на Украина за да успее да ја прилагоди украинската економија во согласност со европските стандарди, како и да се спротистави на притисокот на Русија. Иако, Москва заради поврзаноста на индустријата беше заинтересирана за економска соработка со Украина и сакаше да продолжи во корист на двете страни, САД ваквите планови ги сметаше само како изговор на хегемонистичките аспирации на Русија во пост-советскиот простор. Американските аналитичари тогаш ќе ја наречат руската политика како обид за повторно воспоставување влијание врз блиското соседство и дека по воспоставувањето на Царинската унија со Белорусија и Казахстан во 2010 година, Русија има за цел да ја прошири оваа економска група во областа на целиот евроазиски простор, што ќе доведе до враќање на американско-руските односи во времето на Студената војна. Наскоро по објавувањето за основање на Евроазиска економска унија, Јанукович беше соборен, а Украина влезе во граѓанска војна и прашање е дали некогаш ќе излезе од неа. Македонија заради проблемот со името со Грција долго време беше заборавена во чекалницата на ЕУ и НАТО. Во овој период, таа од геостратешки аспект не беше интересна за политиката на Москва, која немаше ништо против земјата да стане член на ЕУ и НАТО. Меѓутоа, по откажувањето на Бугарија од гасоводот „Јужен поток“ и најавата на рускиот претседател Владимир Путин на нов гасовод „Тутрски тек“ кој ќе минува преку Турција, Грција, Македонија и Србија, за потоа да продолжи кон централна Европа, земјата наеднаш се најде во центарот на нивното внимание. Македонија за САД и НАТО стана стратешки важна област, а за Москва пријателска земја преку која треба да минува заемно корисен гасовод. Односно, како што беше случајот со Украина по објавувањето за создавање на Евроазиската економска унија, така по објавувањето на „Турски тек“, Македонија се најде на линија на фронтот. Американскиот државен секретар Џон Кери во февруари оваа година ќе изјави дека меѓу низа европски земји и Македонија е на линија на огнот. Веднаш по објавувањето за изградба на гасоводот низ Македонија, небаре во неа ќе се постават интерконтинентални балистички ракети, а не гасовод, ќе се појават анализи дека "Русија сака да ја поткопа и онака тешката ситуација на Балканот, само за да и пркоси на Европа и да се одврати вниманието на ЕУ од Украина". Секако, дека приказната за Украина и Македонија е слична. Но, во геополитичките игри, за разлика од Украина која влезе во граѓанска војна, а Бугарија заради мир во куќа се откажа од проектот за изградба на руската нуклеарна централа "Белене" и "Јужен тек", македонскиот народ ја препозна вистината и не потклекна на убедувањата и притисоците за промена на власта. Поради ваквиот однос, од страна на оние кои „на Балканот му посакуваат добро“, преку Тирана, Приштина и други, почнаа да доаѓаат најразлични „пријателски“ пораки со убедувања и закани од типот македонската влада да "не си играат со оган", затоа што во спротивно може да исчезнат од политичката карта на Европа, судбината која лесно може да и се случи и на Украина. Во бројните пораки, не беше ниту најмалку случајна изјавата на албанскиот премиер Еди Рама во април годинава, кој сосема "случајно" му претходеше на терористичкиот напад во Македонија, во која се закани дека "обединување на Албанија и поранешната српска покраина Косово со мнозинско албанско население е неизбежно, било тоа да се случи преку членство во Европската унија или не." Откако и тоа не беше доволно тој потоа порача дека "ако Скопје не ги почитува правата на Охридскиот договор, со кој се гарантираат правата на албанското национално малцинство, ќе стави вето за влез на Македонија во НАТО." Албанскиот премиер никогаш не би се осмелил да каже таква заканувачка порака без да има добиено сигнал од своите ментори. На 20 мај, како што пренесува Ал Џезеира, на состанокот на регионалните министри за борба против тероризмот одржан во Тирана, на кој присуствуваа неколку министри за надворешни работи на европските земји, Рама кој се задржа на настаните во Куманово во својот говор ќе рече: За жал, во Куманово, зборовите "тероризам "и" албански" се користени заедно, во обид оваа етничка група да се означи како терористичка. Ова е неприфатливо, не само за нас туку и за македонската Влада. На таа држава мора да и биде јасно дека Албанците остануваат битен играч за постоење на државата. Меѓутоа, Рама притоа заборави дека во борбата со албанската терористичка група беа убиени и македонски полицајци од албанска националност и дека тешко е да се зборува за поделба на македонскиот и албанскиот народ, додека во македонскиот парламент Албанците учествуваат во владејачката коалиција, и не е јасно кои права на македонските Албанци се укинати? Дрскоста на премиерот на оваа земја може да се сфати само во контекс на продлабочување на јазот меѓу Македонците и етничките Албанци, по истото сценарио како во Украина. Слично на Рама, говори и косоварот Азем Власи кој за хрватскиот неделник „Глобус“, кој ќе изјави дека „ако Албанците не ги добијат своите права, Македонија би можела да исчезне.“ Тука е и заменик-премиерот на Косово, Хашим Тачи, кој бара од властите во Скопје "лицата уапсени за време на операцијата во Куманово се третираат во согласност со меѓународните стандарди." Траги-комични се овие провокации на албанските преставници. Но, тие го зборуваат она што мораат да го кажат само за да ја подгреат атмосферата, а тоа е само мал дел од една голема игра која се игра околу Македонија. За разлика од нивните закани за одмазда кон македонската влада, Москва досега се огласи неколку пати. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека "тој не може да го отргне чувството дека меѓу настаните во Куманово и опозициските протести против премиерот Никола Груевски има одредена поврзаност". Исто така, подоцна без било какви закани ќе каже: "како со настаните во Македонија грубо се управува од надвор и дека тоа ја загрижува Москва". Ако се разгледаат изјавите и направените анализи, може да се дојде до одредени заклучоци за тоа кој управува со настаните во Македонија. Имено, како што се гледа постои голем страв од пенетрација на Русија преку гасоводот кој треба да минува низ Турција, Грција, Македонија и Србија во ЕУ. Врвни стратези кои со месеци ги полнат медиумите со свои анализи и изјави за руската закана, чиј епицентар за дестабилизација го сместија во Македонија, која во овој момент е најслабата алка во регионот, се погрижија Европа да живее долго време во страв. Меѓутоа, Германија, Франција и многу други европски земји веќе се уморни од воените тапани. Во предвид мора да се има дека Европа која се соочува со грчкиот проблем, нема ништо против на соработка меѓу Москва и Атина, а германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд јавно изјавија дека тие нема да се спротивстават на нивната можна соработка. Всушност, соработката меѓу Русија и Грција во енергетскиот сектор теоретски би можел да се одвива на начинот на кој тоа е направено со Германија и рускиот гасовод "Северен тек". Сепак, бидејќи Грција не е и нема да биде во можност да ги отплати тековните долгови, можната изградба на "Турскиот тек" и соработка со Грција и Русија не може да се отфрлат последиците во воено-политичка смисла. За овие последици, поранешниот советник за национална безбедност во кабинетот на претседателот на САД, Џими Картер, Збигњев Бжежински, во март оваа година ќе изјави: "пријателството меѓу Москва и Атина би можела да ја парализира способноста на НАТО да одговори на руската агресија. Атина би можела да го искористи своето право на вето за да се спречи одговорот на алијансата ако Русија ги загрози балтичките земји, членки на НАТО". Инаку, НАТО е обврзана со принципот на едногласност, според членот 5, кој предвидува дека сите 28 земји-членки колективно мора да одговорат на нападот на една земја. Бжежински предупредува дека Алијансата “може да биде парализирана за некое време поради Грција, која е голем пријател на Русија и има право на вето". Оттука, јасно произлегува кој се спротивставува на соработката на Грција и Русија, и кој има цел да се запали пламенот на војната, дури и во Македонија, со што ќе го направи целиот план за изградба на центар за дистрибуција на гас на турско-грчката граница да го изгуби своето значење. Исто така со дестабилизација на Македонија, би се спречила не само грчко-руската соработка, туку и зајакнување на врските Москва со ЕУ, особено Германија и Франција. Џорџ Фридман, политички советник на Стејт департментот и основач на разузнувачкиот тинк-тенк "Стратфор", без ограничување изјавува "дека главен интерес на САД е да се обезбеди Германија и Русија да не се приближат еден до друг, затоа што само овие две земји заедно може да бидат закана за американската економска и воена надмоќ", а тоа приближување е можно благодарение на фактот дека токму од руската помош за Грција би можеле да имаат корист еврозоната и со самото тоа Германија. Тоа Џорџ Фридман отворено го гледа како закана за американските национални интереси. Исто така, рускиот гасовод "Турски тек" може да доведе до зајакнување на односите меѓу Атина и Анкара, која на крајот може да доведе до решение на кризата со Кипар, што пак повторно не се поклопува со Велика Британија, бидејќи на Кипар, кој е поделен веќе 40 години, ќе го наруши проектот на Лондон и гаранцијата за британското воено присуство на островот. Сето ова го отвара прашањето, како некој може да му верува на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој во разговор со премиерот Никола Груевски призна дека монтираните снимки од прислушување ги добива од "странски амбасади“, потоа како да му се верува на оној кој го бојкотира парламентот и на сила сака да дојде на власт, дури и по цена на крвопролевање. Тука се и некои албански лидери кои се заложници на однадвор потикната идеја за Голема Албанија и се спремни да поддржат етнички поделби и можни конфликти во Македонија, како НВО секторот кој најчесто спроведува проекти со средства од надвор чиј интерес е спротивен на македонските граѓани. Кога сето ова горе ќе се поврзе, тогаш треба да се знае до каде одредени групи се спремни да одат.
|