|
|
Ако сме географски поделени, имаме едно сонце и едно срце македонско |
Многу сита и решета за нас МАКЕДОНЦИТЕ, одкако паметам, само препишуваат а, и да препишуваат излегува дека фалсификуваат. Време е да и ставиме крај на голготата околу името, околу мистеријата за потеклото, околу генезата со Александар Македонски, Античките Mакедонци, Библиска Македонија или Славјаните кои се нарекувале Македонци, или ? Идентитетот е неотповиклив вкалкулиран печат за секој човек, се раѓаме со жигот на генезата, дајте го еднаш, да се видиме, да се преброиме. На народот веќе му е преку глава ова тргачење по истории, генези, по медиуми, по весници по енциклопедии. Дајте малку народски и логично да размислуваме, еве гласно резмислувам:
Ве молам да се прибереме, да се приземјиме, да си ги собереме браќата и сестрите по крв, по генеза и по татко и по мајка, и да си ја напишеме еднаш за секогаш ПРАВАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, Да најдеме други историчари, само не од тие кои целиот живот профитирале да не трујат за трските на некакви Словени. Ме гризе црвот од внатре, се секавам на зборовите на баба ми, Бог да ја прости, која ми кажуваше дека до Солун со магаре патувале 8 дена и 9 ноќи, а на вториот ден се разболела од заморот и 42 дена не можела да се соземе од грозница. Назад по истиот пат се вратила по 4 месеци од поаѓањето. Си замислувам како од зад Карпатите Словените стигнале до Македонија? Колку мина успеале, здрави и живи да стигнат? Колку стока донеле? Како стоката го препливала Дунав? Како што пишуваат, луѓето кога пливале по Дунав, трските ги ставале во уста, каде ги ставале на стоката, во задникот? Кој бил војсководецот што ги водел, како се викал? Дали археолозите откриле некои ископини? АЈДЕ ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ВРЕМЕ Е И ДОСТА Е...Навистина се претера... НИ ТРЕБА ВИСТИНАТА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ... Дајте да ја пренесуваме вистината за Македонија и Македонците во семејствата, во училиштата, да ја пренесуваме кон светот, да сме единствени и со ист став за нашето потекло, ни требаат содржини кои обединуваат, нашите Архиви и полици да ги наполниме со ВИСТИНИ.... Потребно ни е како леб насушен обединување на големиот македонски дух и она што секој народ го одржува во целост, единството на битието....Ме срдат и плуканиците по се што е македонско. ДОСТА Е! АКО СМЕ ГЕОГРАФСКИ ПОДЕЛЕНИ, ИМАМЕ ЕДНО СОНЦЕ И ЕДНО СРЦЕ МАКЕДОНСКО, КАРАНОВО, ФИЛИПОВО, АЛЕКСАНДРОВО,...
|