|
|
До кое дереџе ја доведе Заев СДСМ |
Мили мои луѓе ми се слошува од овој Зајко- ептен ја фати онаа ,,пу - пу не важи или пес рекол пес одрекол, што си сакам тоа си праам“. Заев си купува време и сака некој од ЕУ да му гарантира дека ќе се прибере до власта, а не македонскиот народ на непосредни избори. Се докажа дека СОРОСОВАТА дружина ја води најголемата опозициска партија во Македонија, сериозно се за жалење. Сериозно, греота е лидерот на СДСМ, што ќе му кажaт од соросовата дружина тоа го кажува. Веќе и на врапчињата им е јасно дека не остана асолен човек кој може да дојде на чело на СДСМ. Луѓето кои се спремни на направат промени во партијата мора да се подзамислат и можеби најдобрата варијанта би била да позајмат некој од спротивниот политички табор или пак да увезат од странство за да СДСМ добие модерен лидер како што им доликува. На лидерот на СДСМ Зоран Заев веќе му е јасно дека по неуспехот со т.н. бомби да ја смени актуелната влада, нему му е разнишана лидерската позиција. Откако македонскиот народ ги разоткри неговите намери и почна да се потсмева за неговите гафови, тој започна и со опасни игри. Намислил човекот да спроведе „локална или регионална револуција“, а за таа цел цехот сакал да го плати со воведување на албанскиот јазик на целата територија на Македонија. Човек да не верува во она што го слуша од еден лидер на најголемата македонска опозициона партија. Но, очиглено дека човекот нема граници во својата глупост и за да ја постигне целта спремен е да оди до крај, дури и крв да падне. Тоа не верувам дека го посакуваат ниту неговите сопартијци, кои поради неговата бескрупулозност и бламажи се повеќе размислуваат за проветрување на партијата од смрадот кој челниците на СДСМ го оставија зад себе на „Бихачка“. По објавувањето на снимка дека лидерот на СДСМ бара мито во Струмица, тонењето на Заев е се поинтензивно. Ваков човек, кој лесно ја витка кичмата кога се работи за идентитетот и името, кој говори за федерализација и работи против интересите на сопствената држава, менува сопствени изјави многу често, во секој случај не може да остане на тронот на партијата. Исто така, јасно е дека ваквите ставови не се само на Заев, туку на целото раководство, бидејќи никој друг не се оградува. Единствено постојат некои лоши обиди да го оправдаат, но и тоа не им проаѓа. Но, покрај Заев, дополнително позицијата на раководството на СДСМ ја отежнува и Радмила Шеќеринска, зад чие име се појави „афера со плаќање на високи, веројатно фиктивни кирии од Дајнерс за закуп на сопствените станови“. И за овој скандал се молчи, така да „рибата смрди од главата.“ Неисполнувањето на ветеното од Заев дека набргу по отпочнувањето со “бомбите“, Владата на премиерот Никола Груевски ќе падне за три дена, како и сите овие скандали, го размрда членството. Ако дотагаш многумина си бараа раководни места и позиции, откако нивната партија ќе дојде на власт, сега прават комбинации кој ќе застане на тронот кога Заев ќе си замине. Меѓутоа, и на врапчињата им е јасно дека не остана асолен човек кој може да дојде на чело на најголемата опозициска партија. Се што беше добро и вредеше одамна се приклонија или во владејачката ВМРО ДПМНЕ или кај Стевче Јакимовски. Она што им остана се е со фелер и не може да им донесе сјајна иднина. За нов лидер се вртат имињата на Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Стево Пендаровски или недај боже Геровски од соросовата антимакедонска дружина. Пендаровски кој граѓаните ги споредува со овци има голем политички минус, Гордан Георгиев пак се шпекулира за нов лидер на Сорос, а Ивановски се смета за човек на Бранко Црвенковски, а Геровски? Недај боже, немам коментар. Другите во моментот се маргиналци во социјалдемократската кујна или си седат на страна и си гледаат сеир, или се плашат да не објави Заев и за нив некоја монтировка. Меѓутоа, никој од нив не знае како ќе реагира сеуште актуелниот лидер Зоран Заев, кој треба да го отплати долгот на Соросовата антимакедонска дружина. Можеби, за негов заменик ќе назначи етнички Албанец и СДСМ ќе ја направи двојазична или трета албанска партија каде ќе се говори и сите документи задолжително ќе се преведуваат на албански јазик. Сепак, во моментов изгледа дека нема асолен човек кој може да го замени Заев!? По најновата средба на лидерите на македонските партии со еврокомесарот Јоханес Хан, во која тој ни закажа предвремени парламентарни избори во април идната година, сигурно Заев е задоволен бидејќи во борбата да се дојде по секоја цена на власт, ја заврти водата на воденицата на оние кои сакаат да докажат дека Македонците немаат државотворен капацитет и дека треба да си го сменат името, односно да исчезнат. Може да се претпостави, со оглед на изјавата на Мендух Тачи, претседателот на ДПА, во која вели дека тој со Ахмети се договориле да му пренесат на Хан порака дека новото име на државата не смее да содржи никаков словенски префикс ни суфикс, дека токму тој работел на сценарио цела Македонија да се албанизира, па затоа Заев уште претходно на косовски медиум во преносна смисла ни најави дека македонските деца и во средините каде нема Албанци, треба да учат албански јазик уште од градинка. Без разлика што таму се договараше и е договорено, последиците на неразумната и глупа антимакедонска политика на лидерот на Зоран Заев македонскиот народ уште долго ќе ја чуствува. Но, исто така, без разлика што и да е договорено, македонскиот народ нема да дозволи промена на уставното име, идентитетот и јазикот. Не може секоја европска или домашна „шуша“ да ја гази вољата на народот и под разни уцени да ни наредува како ќе се викаме и како ќе живееме. Не може ниту Европа, ниту било кој друг да ни зборува за демократија, кога тие се првите што ги прекршуваат човековите права, не може и се додека идеологијата на ВМРО за самостојна Македонија е во срцата на огромен број родољуби. Во однос на демократијата и правата на етничките заедници во Македонија, во земјата ги има како никаде на друго место, како во ниту една друга држава. Единствено се во право ако зборуваат за правата на Македонците, зошто во сопствената земја на пример, во западна Македонија тие најмногу се загрозени. Затоа, редно е македонскиот народ да почне да работи на сопствените права, а сите други на кој не им се допаѓа на чело со Заев нека си заминат од земјата и нека ја остават Македонија на Македонците. Македонија вечна, АМИН! |