|
|
Зошто не паѓа рејтингот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Е ЗОШТО ДЕ!? |
Свекрва Зоран Заев се прашува: Зошто не паѓа рејтингот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев во емисијата „360 степени“ на Алсат-М признава дека премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДППМНЕ се со поголема поддршка меѓу граѓаните. Покажувајќи зачуденост тој меѓу другото вели: „Груевски опстојува на анкетите високо. Да веќе сме исто, приближени, но прашањето е зошто не паѓаат“. Е ЗОШТО ДЕ!? – ќе рече Тодор Петров, претсдеателот на Светскиот Македонски Конгрес. Изгледа на сите им е јасно, освен на зачудениот Зоран Заев. Но, ако некој не знае зошто тој и неговата СДСМ политички тонат, а Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се со се` поголема поддршка, тогаш ние ќе одговориме. Лидерот на СДСМ Зоран Заев со своите гафови претставува политички кловн кој ѝ нанесува непоправлива штета на земјата. Постојаното негово кукање дека нема правда, демократија и човекови слободи, потоа повикување кон поголемите да се замешаат и за да го разрешат конфликтот со поголемиот и поискусниот брат, како и прифаќањето па одбивањето на понуденото, но и постојаните закани дека кога ќе порасне ќе видат сите оние кои него не го поддржуваат, во многу нешто потсеќа на едно разгалено хистерично детиште на кого му е ускратена цицката. Сакам сладолед, е сега не сакам сладолед!? Сакам избори, е сега не сакам избори!? Сега сакам да седам на премиерската столица или ќе пук(н)ам...! Токму вака делува политичкиот кловн и лидер на СДСМ Зоран Заев. Изгледа како безобразно детиште кое од ништо не е задоволно и сега сака со своите недораснати другарчиња да влезе во владата за да си игра држава. Да не е трагично, би било смешно! Неговото постојано плачање дека сака во Влада се слуша на сите страни. Ги разбуди Тирана, Приштина, Атина, Софија и Белград, но ги иритира и Брисел, Берлин, Москва, Вашингтон, па дури и борците на ИСИЛ. Чичко Сорос за да го смири му даде за задача на Фрчимир, Миле, Пендар, Орде, Ѓузел и на сите други СДСМ-овчиња кои ги згрижуваше кога се симнуваа од министерските и други фотељи, како и на сите невладини организации кои се закачиле за неговата цицка и никако да ја испуштат, да направат се` за да престане да плаче. Дури ако треба и Пандорината кутија да ја отворат само Заев да влезе во власта и да престане да му плаче и да му го ремети мирот. Можеби така и ќе ќари уште нешто на Балканот. За случајот разбрале и поранешните „борци за човекови права“. Слушнале дека сака да си игра со т.н. „бомби“, па решиле како на свадба да припукаат малку во Куманово. Несвесен дека некој скапо го плати овој чин, политичкиот кловн се сликаше со нивните и свои поддржувачи. Но, тоа ни малку не го развесели Брисел, кој знае дека игрите на Заев можат скапо да ја чинат. Мечката лесно може да заигра и во нивниот двор. Затоа големиот чичко од ЕУ дојде во Скопје да праша што сака Заев за да престане да плаче. Потоа се договорија со него и поголемиот брат, како и другите двајца побратими дека ќе играат фер. Ги договорија за правилата на играта и го напишаа на парче хартија на која си го ставија името. Се „заколнаа“ дека ќе има избори во април идната година, кога Заев и неговите другарчиња ќе пораснат. Но, за беља, Заев бргу заборави што договори со големит чичко или пак сфати дека тој и неговите другарчиња за една година не ќе можат толку да пораснат за да можат да седнат во фотељите на Владата. Инает го фати. Недела дена потоа на покана на големиот европски чичко Заев повторно се премисли и почна да плаче. Заедно со него почнаа да плачат и неговите другарчиња. Но, да ја сфатиме работата серизно. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници не сакаат избори, барем не се` додека нема да бидат сигурни дека нема да победат. Меѓутоа, бидејќи се свесни дека ја немаат подршката на мнозинството од избирачкото тело и дека по пат на избори нема да дојдат на власт уште многу, многу години, тие се обидуваат преку дестабилизација на земјата да ја постигнат целта. Односно тие се надеваат дека политичката и безбедносната дестабилизација на земјата ќе ги наруши нормалните текови на економијата, ќе се намалат инвестициите, ќе се успори нејзиниот раст и вработувањата, пад на стандардот што потоа би им овозможило повторно со нереални ветувања да го привлечат народот кон себе. Меѓутоа, токму ваквиот начин на размислување на Заев и неговите соработници, покажува дека си имаме работа со незрели и недораснати политичари кои за сопствените интереси се коцкаат со иднината на сопствениот народ и држава. Повеќе пати е истакнато дека Заев, кој е познат по своите гафови (ќе јадeме живи луѓе и кога ќе дојдеме на власт ќе ги смениме сите, од чистачка до министер) не заслужува да биде лидер на најголемата опозициска партија. Дури и кога ќе помислиме дека нешто се менува во неговото однесување, дека сфатил дека претерал, тој повторно ќе не` изненади. Тоа го покажа во Скопје, но, и во Брисел. По договорот во Скопје, час говореше дека нема да патува, па замина во Брисел. Таму пак, по повеќе од дванаесет часа преговори, човекот пред еврокомесарот го прекрши тоа што прифатил во Скопје. Изворите од Брисел говорат дека само еден бил виновникот за пропаднатите преговори. Кој друг ако не Заев? Не прифаќање на техничка влада три - четири месеци пред избори, која би ги спровела изборите, потоа прочистување на Избирачкиот список и измени во Изборниот законик, зголемен мониторинг, само ги потврдуваат констатациите дека СДСМ блефира кога бара предвремени избори, а нивниот лидер Зоран Заев си поигрува со европолитичарите. Оттука, не треба никој да биде зачуден што социјалдемкратите ја немаат нивната поддршка. Свесни дека народот не е со нив, дека Европа не ги поддржува, социјалдемократите се` повеќе играат на загрозување на меѓуетничките едноси, надевајќи се дека радикализацијата ќе ги внесе во некаква техничка влада. Тоа им е последниот адут, иако оваа карта не е многу сигурна. Настаните во Куманово, покажаа сплотеност на народот и осуда против сите кои сакаат да го нарушат мирот и соживотот меѓу Македонците и Албанците. Затоа, спротивно на нациналните интереси, за сите оние кои сонуваат за Голема Албанија, Заев на Албанците им понуди двојазичност на целата територија на земјата што значи нејзина федерализација и поделба. Во време кога може да се изгуби препораката за ЕУ и кога џихадистите повикуваат на создавање на Балкански калифат, кој би ги опфаќал земјите од поранешната Отоманска империја, ваквата политика на СДСМ е погубна. Инаку, само во Босна и Херцеговина има 3.000 регистрирани исламисти, спремни да тргнат во акција. На целиот Балкан ги има три пати повеќе или околу 10.000 џихадисти. Со бранот на бегалци и со регрутирање на нови членови овој број постојано се зголемува. Замислете овој број да тргне во акција и да започне со убивање на неверниците во Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, Македонија, како што се најавува во последно време. Точно е дека ова не е ни 2001 година, ниту пак македонските безбедносни сили се истите. Но, додека ние се занимаваме со Заев и неговите бомби, додека се делиме меѓу себе, многу лесно е овие успиени групи да почнат да дејствуват. Во овие моменти заради однесувањето на Зоран Заев и соросовата компанија, Македонија се наоѓа пред сериозни предизвици и е потребно целосно единство, сплотеност и соработка на целиот народ со безбедносните структури за да се создаде резистентност на целото општество. Така можат да се елиминираат или намалат на минимум безбедносните закани. А од голема помош би било ако Заев престане да изигрува кловн на политичката сцена и да го дели народот. Се` додека Заев не го смени неговото однесување кое е штетно за државата, Зоран Заев ќе се прашува: Зошто не паѓа рејтингот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Е ЗОШТО ДЕ?! |