|
|
Неколку аспекти на проблемот со негирањето на името Македонија од јужниот сосед |
Периодот на 24 години независност на Република Македонија е обележан со таканеречениот проблем со името кој со години го блокира влезот на Македонија во Европската Унија и создава пред се` несигурност кај македонското население, потценувачко чувство затоа што во векот на демократија и новиот свет, една држава и еден народ се наоѓаат во заробеништво на една “демократска држава” која настојува да убеди еден народ дека не е тоа што со векови бил (а и самата дали е тоа што се преставува само по себе е интригантно прашање). Идентитетот на еден народ, името на нацијата никогаш не смее да биде причина за проблем, прво затоа што тоа е едно од основните права на човекот да биде тоа што сака и да се нарекува така како што сака, второ со самото негирање на една нација преку изманипулирани факти кои што воопшто не одговараат на вистинската историска наука (па и на сегашноста) де факто се провоцира и повикува на воен конфликт кога добро се знае дека војната никому не носи добро. Имено разрешувањето на овој проблем е невозможно се` додека владее недемократскиот дух и големо- националните и буржоарски интереси кај одредени политички елити во самата грчка држава. Всушност со самото негирање на македонското име, нација, јазик таа и` го потврдува нејзиниот вековен континуитет, бидејќи никој не негира нешто што не постои. Грчката држава како таква уште при нејзиното формирање по 1821 по грчкото востание во кое што непобитен историски факт е дека учествувале и дел од македонските револуционери кои подоцна ќе го кренат Негушкото востание е формирина со британски заем и поддршка за да можат востаниците да набават оружје и муниција, денес таа се претставува дека е самородна творба и не била поддржана од никој во нивната национална борба. Дури и првиот шеф на сеуште новоформираната и непризнаена Грција кој ја водел државата во периодот од 1828 до 1831 кога е и убиен во 1829 година предлага по распаѓањето на Османлиската Империја на Балканот да се формираат пет држави-монархии меѓу кои и Кралство Македонија (Македонија, Тракија, островите Имброс, Самос и Тасос). Дури и самото национално прашање на Грците, дали се Грци, Елини, Хелени или пак Ромеи било неколкупати поставувано во грчкиот парламент и затоа евидентен е фактот на менувањето на грчкиот идентиет неколку пати во текот на нејзиното постоење, додека пак во истиот тој периот од 1822 година па се` до ден денес македонскиот народ воопшто не се расправал внатрешно за својот идентитет, туку секогаш се воделе тешки расправии токму со соседите дека тие не се ни Бугари, ни Грци, ни Срби, туку просто Македонци. Клучот за нерешавањето на проблемот со името кој суштински и не постои е во тоа што на грчката држава и` е потребна плодната Солунска рамнина, бидејќи без неа доколку Грција би се вратила на своите оригинални граници од нејзиното формирање, тогаш грчкиот народ едноставно би прегладнел, бидејќи оригиналната територија на Грција е главно островска и еден мал незначителен крајбрежен дел кој и не може да издржи на својот грб еден цел народ. Преку долгогодишна пропаганда насилна и ненасилна се трудеше да го асимилира македонскиот народ, а колку успеа во тоа е знак прашалник, бидејќи таа и денес стравува и да го спомене зборот македонски и Македонци. Круна на сево ова беше и прекрстувањето на северните територии во 1988 година со името Македонија (а пред тоа беа просто нарекувани Северни териории) и со тоа се создаде еден проблем дали оваа Македонија во Вардарскиот дел е вистинската Македонија или пак онаа која што што се наоѓа во границите на Грција (прецртани на 10 август 1913). Во овој случај кога би сакале да го иронизираме целиот овој проблем би изгледало дека ние и нашиот јужен сосед се расправаме околу тоа кој да го поседува брендот Македонија, дали ние кои го поседуваме повеќе од еден милениум или пак нашиот јужен сосед кој пак го поседува неправилно и со војна освоено од 1913, а дури во 1988 година се реши да го патентира под името „Македонија“. Одговорот е едноставен колку што е и проблемот безсмислен, односно правото ни припаѓа на нас, бидејќи доволен е само еден поглед на историските карти и етнички и географски и на историските факти и податоци без никаква политичка позадина на расудувањето и тогаш ќе се доживее еурека, моментот дека сето ова е само една имбецилна работа предизвикана само поради некои си лични хирови на поединци во грчката елита. Срамно е во 21 век да се повампирува Мегали идеата и мислите на Трикупис кој во една прилика изјавил: „По една голема војна Македонија ќе биде или грчка или бугарска или српска“. Додека целиот свет вложува напори за мир во светот, за љубов и солидарност на народите евидентен е степенот на раздвоеност и нетолеранцијата на едни народи и нации спрема други, во пораст е етноцентризмот, а на повидок е повампирувањето на фашизмот и нацизмот, а тоа е предизвикано единствено од натрупување на проблемите и нивно неправилно решавање или пак воопшто се оставаат без решение. Човекот во своето постоење треба да се стреми да го достигне интелектуалниот врв, да ги освои врвовите на науката, да се труди прво својот живот да го унапреди, а потоа и животот на другите, а не да пролива реки од крв, трудејки се да го измие со таа крв и да го затрупа и покрие со муниција она што секогаш како шило излегува на површината, а тоа е вистината.
|