|
|
Политичкото вјерују на Македонците |
Македонскиот народот низ својата вековна борба за слобода доживеала секакви премрежија и настани и во себе содржела и различни погледи и идеологии во однос на решавањето на македонското прашање кое било поставено како дел од Источното прашање односно од Источната криза која се појавила како резултат на немирниот балкански дух и стиматизација на Османлиската империја која и во втората деценија на 19 век останала на исто ниво како во средниот век. Согледувајќи ги како пример востанијата на соседните балкански народи и македонскиот народ тргнал во бробата за слобода и рамноправност чија што крајна цел е привлечна за секој еден човек. Тргнувајќи од мислата на Сандаски дека: „Секој човек треба да се бори, робот за слобода, а слободниот за совршенство“, генерации и генерации македонски дејци своите животи ги положиле на олтарот на поробената татковина. Особено е интересен еден документ кој го носи насловот “Политичкото вјерују на Македонците”, а чиј автор е штипскиот војвода Владислав Славчо Ковачев македонски публицист, револуционер и режисер кој во една прилика изјавил: „Пет минути од деноноќието и` посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се` друго на светот“. Овој документ иако е само едно лично согледување во суштина може да се смета како неофицијална македонска национална програма. Документот е напишан на само неколку дена пред убиството на Ковачев во Софија во 1924 година во Горноџумајските настани кои што беа само резултат на смртта на Тодор Александров и обидот преку убиство да се разреши и најде убиецот односно нарачателот на убиството на Александров. Убиен е од страна на Мирчо Кикиритков во неговиот дом пред очите на неговите деца, а подоцна за време на иследувањето изјавил дека: „Наредбите од Организацијата ги сметам за крајно правилни“, а понатаму во записниците стои дека доколку знаел за смртта на Александров тој би ги убил и децата на Ковачев. Содржината на текстот “Политичкото вјерују на Македонците” ја пренесуваме во целост. “Ја сакам Македонија неизмерно и повеќе од се` друго на светот. Верувам постојано во нејзиното /македонско/ скорешно ослободување. Текстот кој и не е премногу обемен токму во таа своја форма ги содржи сусштинските заложби, барања, соништа и потреби на македонскиот народ. Реченици и зборови кои доколку и денес почесто би си ги повторувале и кажувале би имале барем малку поубаво секојдневие.
|