|
|
Зоки не сака избори |
Аболицираниот лидер на најголемата опозициска партија СДСМ, господинот Зоран Заев со неговите последни изјави и ултиматуми до владеачката гарнитура се чини како да живее на друга планета. Имено Зоран Заев алиас Бошко Буха сака да формира преодна влада за одржување според него чесни избори во април идната година само со чесни луѓе од ВМРО и ДУИ. Господине Заев, Вие во буквална смисла на зборот не можете да давате предлози за формирање на преодна односно техничка или каква било друга влада за да истата организира фер и демократски избори, од проста причина што вашата политичка програма доживува изборни катаклизми во девет изборни циклуси било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори. Господене Заев не можете да ја оспорувате победата на владеачкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ, од причини што на претходните изборни соочувања свој парав за регуларнос на истите ставија ваши членови номинирани лично од Вас, за перетседатели на ДИК, и тоа Борис Кондарко односно Никола Рилкоски. Најголема потврда дека во Македонија се фер и регуларни се позитивните извештаи од наблудувачите од ЕУ. Зоки во ниту една земја во светот се нема досега случено, губитникот толку многу да уценува, а истиот да е замешан во голем број на финансиски афери. Во ваа прилика само да ве потсетам дека лично Вие сте аболициран од Вашиот мецена Б.Ц. во 2008 година, за струмичкиот криминал наречен “глобал“, а најново потив Вас стои дело за барање на поткуп од преку 200 илјади евра за легализација на приватно земјиште од ваш сограѓанин. Те молам, почитувај го договорот од 2 јуни каде во присуство на еврокомесарот за прошиување Јоханес Хан, беше договорено во април 2016 година да се одржат нови предвремени парламенатарни избори во нашата земја. Зоки не го кочи процесот. Ако не си способен со својот тим од калибарот на Шекеринска, Шилегов, Пендароски и други поданици околу себе конечно да ја почуствуваш сласта околу тебе, остави победничката опција на чело со ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски да ги заврши започнатите проекти.Тоа е за доброто на секој граѓанин на Република Македонија. |