Среда, 08 Јули 2015   
Поранешна Европска Република Грција мора да ја крене рампата за Македонија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Народот на Грција на референдум му кажа „Охи“ на предлогот на ЕУ и ММФ, за сервисирање на долговите. Откако ги отфрлија предлозите на доверителите, по целовечерната прослава, граѓаните на Атина се во очекување како грчката влада ќе настапи во наредните денови во Брисел. Грчките медиуми оценуваат дека резултатите од референдумот не значат и излегување од еврозоната. Меѓутоа, словенечкиот угледен дневен весник Финанце, својата анализа ќе ја наслови „Збогум Грција“ и ќе ја илустрира со грчкото знаме на кое пишува „ФЕРОГ – Поранешна Европска Република Грција“ (Former European Republic of Greece), притоа алудирајќи на референцата ФИРОМ, која Грција и` ја наметна на Македонија.

Меѓутоа, според направените анализи, после грчкиот референдум, шансите Грција да излезе од еврозоната се околу 40 проценти. Аналитичарот на Џ. Рид од Дојче банка смета дека партнерите од еврозоната нема да попуштат и ќе дадат поволен пакет мерки. Но, затоа пак се очекува дека Грција ќе попушти и ќе остане во еврозоната, благодарејќи на рекапитализација на своите банки со европски пари, додека за своите фискални потреби ќе ги користи домашните извори на приход. И доколку власта ја изгуби поддршката можно е создавање на влада на национално единство која со кредиторите ќе постигне нов договор.

Сепак, за многумина во Европа излезот на Грција од еврозоната е прифатлив дури посакуван. Така, Германците и другите народи на ЕУ не би ја доживувале европската помош само како спас за Грците. Не случајно словенечкиот дневен весник ќе напише Адио Грција. Тие сметаат дека Грција ја искористува својата привилегована положба во ЕУ на сметка на другите членови, особено сиромашните, кои редовно си ги плаќаат своите долгови.    

Ваквото размислување укажува дека Европа почна да боледува од т.н. „југословенски синдром“. Во пранешната југословенска федерација постоеше мислење дека поедини народи живеат на сметка на другите. Сега во Европа се посочува дека Грците се тие кои живеат на туѓа сметка.

Дали ЕУ ќе ја доживее судбината на СФРЈ?

Иако беше познато дека Грција должи над 300 милијарди и дека не ќе може да ги врати кредитите, во ЕУ постоеше желба да му се помогне на грчкиот народ, но, само доколку се преземаа вистински реформи. Меѓутоа, грчкиот народ на референдумот се изјасни за политиката на Ципрас и му кажа не на мерките на „тројката“ (ММФ, ЕЦБ и ЕК). Ваквиот одговор на Грците во економска смисла беше самоубиство.

Српски аналитичари посочуваат дека сегашната должничка драма во Грција потсетува на ситуацијата пред распадот на Југославија. И едната и другата држава живееја и трошеа надвор од своите реални можности. Но, и тогаш и денес во резрешување на кризата се вклучени истите европски земји, што укажува и на една друга политичка димензија.

Така на пример, Украина заради судирот со Русија добива финансиска поддршка иако реално не е во состојба да ги врати кредитите. Од друга страна Грција која не е способна да ги сервисира своите долгови влегува во немилост на ЕУ заради својата непринципиелност и свртување кон Русија. Инаку, Владимир Путин во разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас веднаш по референдумот му изразил поддршка со цел да се надмине кризата.

Референдумот во Грција не ја изненади ЕУ и таа е спремна да се справува со последиците. Уште пред пет години било јасно дека Грција не ќе може да ги отплати долговите, Брисел подолго време се припрема за сите можни сценарија и работи внимателно заради можниот домино ефект кој би можел да ги зафати и другите европски „пациенти“, како што се Италија, Шпанија и Португалија. Оттука Брисел ќе се обиде внимателно да го отстрани болното тело на ЕУ со дозирана терапија.

Досегашните искуства со должничките кризи на некои европски земји успешно беа надминати. Меѓутоа, излегувањето на Грција од еврозоната лесно може да биде и излегување од Европската унија. Со оглед на можен излез и на Велика Британија, како и на Каталонија, постапките кои ќе следуваат од страна ЕУ, ќе бидат тактички за да не дојде не само во прашање еврото, туку и Европската унија.

Се смета дека Германија и Франција ќе се обидат да ја сочуваат ЕУ, но не по секоја цена. На средбата одржана наредниот ден по референдумот, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел изјавија дека вратата за враќање кон преговорите за долгот е отворена за Грција, но повикаа и за сериозни и јасни предлози од страна на Атина.

Излегувањето на Грција од еврозоната, а во краен случај и ЕУ, може да има широки импликации како во економијата така и на регионалната безбедност. Македонија мора да биде спремна за сите сценарија.

Македонија со години се наоѓа во чекалницата на ЕУ и НАТО и не може веќе да чека Грција да ја крене рампата. Време е Македонија да го добие тоа што го заслужува. Време е да стане членка на НАТО и да ја пополни безбедносната празнина на Балканот која ја создаде Грција. Меѓутоа, бидејќи во овој период тешко дека меѓу Македонија и Поранешна Европска Република Грција ќе дојде до разговори за решавање на спорот околу името, ЕУ и НАТО мораат да најдат начин Македонија без условување да стане нивна членка. Само така може да се отстрани безбедносниот вакум кој го создаде Грција и да се гарантира мирот на Балканот.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.