|
|
Трдаиционален планинарски марш „Васил Чакаларoв“ |
На 12 јули 2015 година во Битола по трет пат се одржа традиционланиот планински марш “ВАСИЛ ЧАКАЛАОРВ”, во организација на Македонското патриотско здружение Тодор Александров. Овај планинарски марш е традиција на здружението кое го органзира секоја година. Планинарскиот марш се одржа на релација од селото Лавци до планинскиот врв Неолица. Планинарскиот марш “ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ“ се организира во чест на костурскиот војвода Васил Чкаларов, кој е еден од најлегендарните македонски револуционери. Во виорот на Илинденското востание 1903 година заедно со кусторуските револуционери Лазар Поп Трајков, Пандо Кљашев и други, води големи борби против трускиот аскер и башибузук. Костурските востаници предводени од Чакаларв ги ослободиле Невеска и Клисура и формирале привремена власт која траела 23 дена. Во постилинденскиот период Чакаларов останува во редовите на ВМОРО и во 1908 година е избран за делегат на Ќустендилскиот конгрес, задно со Христо Матов и Тодор Александров. Во виорот на Втората Балканска војна Васил Чакаларов предводи костурска здружена чета како дел од Македонското Одринско Ополчение. Заедно со војводата Иван Попов, војуваат против грчките и српрки војски. Чакалаорв води тешки борби со грчката војска на 9 јули на плнаната Вичо. Во овие борби Васил Чакалров бил убиен на 10 јули 1913 година на местото наречено Лакото во близина на Бел Камен. Грчките војници му ја отсекле главата на Чакалаорв и како трофеј ја шетале низ костурските и лерниски села, извикувајќи: „Го нема Чакаларов ја нема Македонија“! Васил Чакаларов е еден од најдоследните револуционери од плејадата на ВМОРО кои лојално и пожртвувано му служи на македонската кауза во борбата за слобода на макединскиот народ. Вечна му слава! |